Според податоците, во 2004 година првпат е забележана помала стапка на раѓање и кај албанското население. Тогаш, родилките-Албанки учествувале со 31,6 отсто во вкупниот број родилки, а што е за 5,1 отсто помалку во споредба со 2000 година. Пред шест години, 48,4 отсто од бебињата биле родени од мајки што се изјасниле како Македонки, а 36,7 отсто како Албанки.
Болдираниве проценти се важни да се коментираат.
Ако во 2000та македонците учествувале со само 48,4% од родените , тогаш во 2023-2030та македонците имаат толку жени во диспозиција кои би родиле деца.
Помалку жени = помалку деца.
Затоа тек очекувај пад на наталитетот кај македонците.
А иако наталитетот е веќе речиси 20 години кај македонците низок , тој сепак до 2007ма одеше само надолу и надолу , после благо покачување последните години , во 2011та повторно пад , во 2012та исто така во првите 3 месеца се забележува пад.
Тие 36,7% родени деца албанци, и континуирано изнад 30% цело време ... е потврда дела албанците секако дека се над 25%.
Со тоа паѓаат у вода тврдењата дека албанците се под 20%.
Ако во родени деца се над 30% , кај основците исто така ... онда што очекуваш .
Јас ти ги кратам маките , не се работи за тоа дека македонците ќе станат малцинство , ќе биде вака отприлика како што е сега, со овие проценти.
Ни кај македонците не е најдобро во училиштата (иако кај македонците одамна е поминат овој процес во кој минуваат албанците)
Битола старее, училиштата полупразни
Во тековната учебна година се запишале 289 основци помалку
Ако во 1994 се родиле 1.432 новороденчиња, 10 години подоцна се регистрирани само 800.
Градот врие како во кошница од стари моми и ергени од над 30, па до 50 години. Статистиката покажува дека во 1998 година само во градот се евидентирани повеќе од 3.000 неоженети и неомажени битолчани.
Могила, Новаци, Буково, Цапари, Долно Оризари и други има 30 до 70 стари ергени и моми во секое од нив.
Токму желбата за поубав живот и "посигурна° иднина резултира со миграции на над 13.000 битолчани во белиот свет
Министерството за образование се уште ги толерира ваквите училишта и ги финансира дури и оние паралелки со 5-6 ученици
http://star.utrinski.com.mk/?pBroj=2073&stID=68117&pR=3
Петстотини демирхисарски ергени ја минуваат младоста во опустошените села
Во општината која опфаќа 42 села и градот Демир Хисар има над 500 беќари со наполнети 45-50 години
Најдраматична е сликата во селото Слепче. Од 800 жители, над 70 се ергени. Бројката по ништо не се разликува и во Единаковци, Журче и Сапотница.
http://star.utrinski.com.mk/?pBroj=2178&stID=76445&pR=26
Што ќе ти е еден 40 годишен ерген во запустено село ... болје да идат по западниот свет да видат живот кутрите , него ли само да прават бројка тука.
Еве ти работа во Европа , пари , куќа во град , и одма ти се лепат жени , ќе створиш семејство.
А не вака : Ќе седам тука вака ќе умрам бавно , нема да створам семејство заради немање услови и заради тоа што не ми иде никоја во село.
Што мислиш ти , што е подобро , 40 годишен ерген кој умира секој ден по малку или 40 годишен печалбар кој има семејство со деца , изградил куќа во родниот крај , помага на роднини.
Е сега што ќе кажеш на овие бројки :
Во 2010та (зборуваме за година со подобрен наталитет во споредба со 2007ма) :
Во Битола се родија 785 македонци , а умреа 1071 = минус 300.
Демир Хисар 57 - 145 = - 88 (1% од населението)
Прилеп 634 - 844 = - 210
Ресен 94 - 190 = - 96
Ти од почеток си во минус бе друже , без ниеден да се исели , а камо ли уште да се иселат.
Ако секој ден се иселуваат по 10 албанци од Македонија , сепак албанците ќе бидат во раст.
Додај го тука и падот на македонците , па за да бидат албанците во минус , треба секоја година по едно село како Арачиново да се исели, да исчезне , за да конечно ти речеш : Е сега албанците ги снемува.
Мислиш дека секоја година се иселува по едно Арачиново ?