Дали Исус Христос ќе дојде по втор пат?

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.223
Поени од реакции
12.212
Спремете се за Антихристот, наскоро ќе го објават, ѕвездата на Јаков што го објавила христовото раѓање, сега свети после 2000 години, пред да дојде Исус Христос да им суди на сите, големиот суд Божји.
Истиот ќе биде претставен како Месија, бидејќи Јудејците се слепци и не го признаваат Исус Христос.
Бидете будни, турбуленциите се почнати, ќе биде тешко време, особено повеќе ако луѓето не се обратат на Бога - на Исус Христос.
Темата е за Христос кога ќе дојде и дали ќе дојде и дали постоел и дали е реалност или само верување...
Тоа со антихристи и постојано барање сите (не знам која е потребата) да се бара сите да се христијани бидејќи ете кај сите ќе страдаат - нема смисла.

Како што рече некој претходно секоја генерација на христијани има свои фанатици кои чекаат некакво доаѓање и оправање на светот туку така... од облаци бидејќи така пишува во света книга во која мноштвото и не верува ниту пак ја разбира...
Дури и не прифаќа делови од истата дека се еврејски учења и сето друго е калемење и свое мнение за едно туѓо верување кое е активно и те како и денес...

Дали ќе дојде Христос како што имал визии Јован? Не. Нема.
Дали е целата таа приказна симболи? Да. Е.

Ќе чекаме или ќе работиме врз и за себе си за да имаме подобро човештво?
Вас ве прашувам христијани :) Доста чекавте, дајте работа...
Христос ако дојде мене побрзо ќе ме прими десно од него отколку баграта што ја знам што не може глава да крени од гревови христијанки и зло!
 
Член од
9 јануари 2021
Мислења
989
Поени од реакции
1.017
Христос ќе дојде, кој го знае, знае веќе дека се подготвува неговото доаѓање заедно со ангелите и сите светии овде на земјата
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.223
Поени од реакции
12.212
Христос ќе дојде, кој го знае, знае веќе дека се подготвува неговото доаѓање заедно со ангелите и сите светии овде на земјата
Што се случи првиот пат, па сега се проповеда за второ доаѓање кое мора да го засегне секој човек, иако не верува во христијанската света книга?
Малку се евреите и нивната есклузивност?

И зошто поединци ревносно и во паника го прават ова а не официјална црква? МПЦ, СПЦ, ГПЦ и другите ПЦ?
 
Член од
9 јануари 2021
Мислења
989
Поени од реакции
1.017
Што се случи првиот пат, па сега се проповеда за второ доаѓање кое мора да го засегне секој човек, иако не верува во христијанската света книга?
Малку се евреите и нивната есклузивност?

И зошто поединци ревносно и во паника го прават ова а не официјална црква? МПЦ, СПЦ, ГПЦ и другите ПЦ?
Го има предвидено тоа самиот Исус Христос, ги има претскажано последните години како ќе бидат, дека ќе биде се потешко, дека такви војни не се виделе во историјата и на крајот ќе има атомска бомба и запалување на целата земја и тогаш Исус Христос со неговите ангели, светители и цела негова армија ќе дојди како Господ Бог да им суди на сите и на живите и на мртвите и неговото царство нема да има крај.
Читај Свето писмо, крсти се ако сакаш, пости, моли се, причестувај се, почни да му веруваш нему, верувај дека вреди.
Исус Христос е единствениот пат до рајот, другото е се лага, превара, пишано е за другите учења дека се лажни со лажни пророци кои ги опишува Исус како волци во овчка кожа.
Јас брате те сакам и те почитувам и те повикувам да ни се придружиш, иди посети утре литургија по повод Покровот на пресвета Богородица Така почни од негде, па читај Свето писмо, читај псалми, исповедај му се на Господа зашто е добар и зашто е вечна милоста негова за сите нас.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.223
Поени од реакции
12.212
Ништо од ова нема во христијанската света книга. Ниту атомски бомби, ниту палење на целата земја (ако мислиш на планетата Земја).
Исто така Исус не запишал ништо, и како може да предвидува кога Исус според христијанството не е пророк (во исламот Е пророк)... За тебе Исус е бог ништо повеќе ништо помалку, тој ЗНАЕ кога не предвидува. Како е неговата волја така, ти и другите христијани небитни! Но тоа е друга тема за муабет.
Визиите на Јован се друга сказна, поврзана со стари пракси кои ги знаел господинот, ама не зборувал за нив, бидејќи во тоа време за тоа знаеле само иницијанти, исто како и денес...
Некако како да си ги измешал многу работите и овие работи те занесуваат малку така...

Сето тоа што ми го зборуваш да го правам, би го правел само ако ми е волја инаку, нема смисла.

Ова сега ти проповедаш во што веруваш, а не кажуваш зошто воопшто така веруваш дека Исус ќе дојде втор пат? Тоа ти дава мир и ти е добро внатре, во самиот себе? Бидејќи така пишува во светата книга и ти не смееш да прашуваш за тоа дали е реалност, вистина, дали воопшто и бил прв пат и што со тоа што бил?
За распнување, не бил ниту прв ниту последен Исус... дека исполнил пророштва, евреите велат ништо не исполнил, обично секташко толкување на еврејскиот закон...
А евреите се создавачи на Законот од кој што изникнуваат и исламот и христијанството на почетокот како секти...

Јас те прашувам зошто официјалните цркви и нивните свештеници не се олку ревносни околу тоа дека ете кај не дошол Исус и ете крај на светот е продавајте се што имате свое и не ги напуштајте манастирите и црквите? Зошто се размножувате и носете смрт на Земјата ако крајот е тука, ете го кај не стигнал? Зошто деца кои ќе страдаат и ќе бидат во грев?

Немаш одговор нели?

Ти како мирјанин имаш визии па зборуваш вака или во сета лудост мислиш дека некој што не е дел од христијанската црква ќе замине на литургија? Дека ќе се моли... тоа што за тебе е врвот за друг може да е само основата сместена на оваа проста планета која се тркала низ вечноста!

П.С. Читам псалми, читам евреи, читам и Тора и вашите свети книги, туку вие христијаните дали читате нешто друго освен вашето и постојано се сметате за „избрани и најдобри“ и ги разбирате мистериите на човештвото па вака упорно постојано само вашето е најдобро? :)
 
Последно уредено:

Одговорот го имаш. Овие денови се предвидени, дури и ти си предвиден.
На Свештениците им е дозволено тоа што треба да го кажат, нив им е тоа дадено во нивните свети книги, самите тие се трудат да останат во врска со живиот Бог, тие ќе ти кажат тоа што треба да го знаат, како што проповедниците проповедале за Бога и што кажал Исус Христос.
Христос воскресе, дојде живиот Бог меѓу луѓето за да направи чуда и да ги избави луѓето од гревовите и од смртта. Со самото причестување со припрема, ние се лишуваме од гревовите и гледаме ако сториме грев, да се покаеме и да ни биде непријатно и треба исповед.
Децата ќе страдаат, особено оние деца кои што одат по лоши патишта, тие се изгубени, децата сега прават поголеми гревови и од родителите нивни што правеле, ако родителите не се покаеле, ќе сносат одговорност децата. Детето ако оди во црква, пополека Бог ќе го повика кон себе и преку сила Божја и волја ќе го избави.
- Исус Христос - единствен пат
- Исус Христос - единствена надеж
- Исус Христос - единствен Бог, другото се е лага огромна
- Исус Христос - може да ти подари живот, мене ме оживеа оваа година, ќе умрев пред пола година од тешка пневмонија. Благодарение на него живеам, благодарение и на неговата пречиста преблагословена мајка дева Марија. Се причестив благодарение на него и осетувам мир.
Најмногу ме сака Исус Христос, верувај покрај сите тешки работи што ги поминав во животот, тој секогаш беше со мене, ме рануваше за да се свестам каде грешам и да се исправам.
Премногу сакам да се придружите сите вие кои што одите на друг пат, дојдете кај Христос, верувај дека многу повеќе ќе бидеш сакан и мирот ќе биде со тебе цело време, а не многу кратко.
Патот кон Бога е тежок, но на крајот ако го примиме Бог во нас и тој ќе не прими нас во неговото царство каде што ќе биде исполнето со вечна литургија и ангелски песни.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.223
Поени од реакции
12.212
- Исус Христос - може да ти подари живот, мене ме оживеа оваа година, ќе умрев пред пола година од тешка пневмонија. Благодарение на него живеам, благодарение и на неговата пречиста преблагословена мајка дева Марија. Се причестив благодарение на него и осетувам мир.
Најмногу ме сака Исус Христос, верувај покрај сите тешки работи што ги поминав во животот, тој секогаш беше со мене, ме рануваше за да се свестам каде грешам и да се исправам.
Како што реков, тоа што тебе ти е убаво да веруваш во Исус и да не се заморуваш со работите и другите, е во ред. Ништо не е предвидено... разбери дека твоето верување не е реалност за другите. Дури со тек на време и за тебе нема да биде реалност, кога од предвидените денови кога ќе доаѓа Исус нема ништо, а ти си 78 години старец и уживаш во последните години од твојот земски живот и веруваш дека иако не дошол, Исус те чека после смртта...
Уживај на Земјата... меѓу луѓето, и различноста што ти се нуди - тоа е мудроста.

Другото... вака кога те читам, немам желба да дискутирам за второто доаѓање на Исус ниту дали имало прво доаѓање, ниту за Рим и распнувањето бунтовници... не е лага ништо од „другото“. Другото сме сите ние, човештвото... внимавај да не го колнеш вистинскиот бог во кој други нашле исто како тебе надеж. Не може твојот живот да е највреден и твојот идеал, а другите да се ... лага и зло! Полека со тој христијански начин на зборување за другите, бидејќи и мене ми е многу лесно да зборувам како тебе...

Реков веќе: второ доаѓање на Исус нема. Немало ниту прво. Ниту бришење гревови, бидејќи да имало, немаше сега да се проповеда и да се создаваат философии и разни сценарија да се повторува за Исус... сето тоа е еврејски мистицизам и таму се бараат нештата. Од историска гледна точка, добро е да се студира христијанството и нивните книги и дејствувања низ вековите низ човештвото.

Штом си добар и надминуваш, има надеж :) Но твотој духовен пат не може да велиш дека е добар и за мене или за некој друг. Бидејќи, не е... сме биле на тој пат. За некои е ќорсокак, и не постои верник или свештеник што може да направи било што во однос на тоа, освен можеби ако почнат да шират зло и да зборуваат злобно за другите, па мирјаните да ги земат работите во свои раце и да си ги убиваат браќата и да „чекаат второ доаѓање“ кое ќе ги спаси од нив самите!
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.232
Поени од реакции
30.460
За распнување, не бил ниту прв ниту последен Исус... дека исполнил пророштва, евреите велат ништо не исполнил, обично секташко толкување на еврејскиот закон...
Zatoa sto ne im predavaat za site prorostva na prorocite vo sinagogite. Da ne gi zbunat :D
A ima i evrei koi veruvaat deka Isus e mesijata, od koga ke procitaat se.
 
Византиецот

Codename Duchess
Член од
14 март 2021
Мислења
2.826
Поени од реакции
6.429
Чекај чекај? Уште го чекаат Евреите да дојде месијата? Сигурни се дека ќе дојде некој со поголем импакт од ова?
Тој дојде, со векој бладаа дека ќе дојдел, но тие такви отсекогаш заслепени по моќ и доминација го пропуштија, греота.

Член од
9 јануари 2021
Мислења
989
Поени од реакции
1.017
,Исус те чека после смртта...
Реков веќе: второ доаѓање на Исус нема. Немало ниту прво. Ниту бришење гревови, бидејќи да имало, немаше сега да се проповеда и да се создаваат философии и разни сценарија да се повторува за Исус... сето тоа е еврејски мистицизам и таму се бараат нештата. Од историска гледна точка, добро е да се студира христијанството и нивните книги и дејствувања низ вековите низ човештвото.
Второто христово доаѓање е наскоро, ќе биде тешко време, се подготвува трета светска Војна, ураганите во Америка се дел од последните времиња, немирите кои се случуваат во светот, омразата кон христијанството е голема и т.н. овие работи се пишани во Библијата пред да дојде Исус Христос.
Бришењето на гревовите има! Преку крвта Христова може да се избришат, со исповед и со пост и молитва и со покајание, можеш да се покаеш кога е касно, само да не биде прекасно. Можат сите да се спасат, само верата дека Исус Христос може да не спаси да не бидеме во вечни маки - ќе не однесе во Рајот.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.223
Поени од реакции
12.212
Чекај чекај? Уште го чекаат Евреите да дојде месијата? Сигурни се дека ќе дојде некој со поголем импакт од ова?
Тој дојде, со векој бладаа дека ќе дојдел, но тие такви отсекогаш заслепени по моќ и доминација го пропуштија, греота.
Според еврејските учења и догми, од кои и потекнуваат и христијанство и ислам - Месијата не е дојден.
Нивна е идејата за Месија, за спасител за помазан крал кој што ќе биде и свештеник поврзан со највисокото, но и крал кој што ќе е врзан со Израел и земјата.
Таков немаат, Евреите не живеат во мир... а и кога ќе дојде, доаѓа апокалипса изгледа :)

Затоа прашувам јас дали месијата дошол воопшто на Земјата барем еднаш и човештвото да е ок, здраво и силно или христијанството има нешто и друго од други учења... треба проучување... истражување, а не на форум исповедување на верата, символот итн итн... не ни е битно нам тоа, такви работи во храм и кај свештеник...
Автоматски споено мислење:

Zatoa sto ne im predavaat za site prorostva na prorocite vo sinagogite. Da ne gi zbunat :D
A ima i evrei koi veruvaat deka Isus e mesijata, od koga ke procitaat se.
Меѓу народот има сешто - и тоа е добро. Тоа го поддржуваме :)
Автоматски споено мислење:

Второто христово доаѓање е наскоро, ќе биде тешко време, се подготвува трета светска Војна, ураганите во Америка се дел од последните времиња, немирите кои се случуваат во светот, омразата кон христијанството е голема и т.н. овие работи се пишани во Библијата пред да дојде Исус Христос.
Бришењето на гревовите има! Преку крвта Христова може да се избришат, со исповед и со пост и молитва и со покајание, можеш да се покаеш кога е касно, само да не биде прекасно. Можат сите да се спасат, само верата дека Исус Христос може да не спаси да не бидеме во вечни маки - ќе не однесе во Рајот.
Туѓата крв не е патеката за искупување! Тоа е црна магија! Патот на кукавици!
Истото го направија и евреите со нивните јагниња и крв околу вратите за да си ги спасат првородените! А со тоа си навлекоа клетва, а тие ја извртоа приказната во нивна полза, не напоменувајќи што прават!
Ако сакаш искупување на некакви гревови, само преку тебе и никако на друг начин! Со работа, а не со молитви и не правење ништо во однос на тоа...

Ги разбирам јас оправдувањата за месија и прво и второ доаѓање, но не се валидни... но бидејќи се верување, дел од религија, многу демек сте осетливи па не можеме да зборуваме отворено и да истражуваме, така ни велат :)
Можело да се настрада... и гледаме дека се страда.
 
Последно уредено:

Византиецот

Codename Duchess
Член од
14 март 2021
Мислења
2.826
Поени од реакции
6.429
Затоа прашувам јас дали месијата дошол воопшто на Земјата барем еднаш и човештвото да е ок, здраво и силно или христијанството има нешто и друго од други учења... треба проучување... истражување, а не на форум исповедување на верата, символот итн итн... не ни е битно нам тоа, такви работи во храм и кај свештеник...

Па ако се водиме навистина по неговите учења, тогаш ќе сме здрави и силни и напредни. Со гнев и угнетување на други никогаш нема да постигниме успех. Ама со почит и разберање се оди напред, не назад. Не е некоја голема филозофија за протегање на мозочни гимнастики. Спонтан и искрен човек бил, не високо образован.
Но да се биде така спонтан и искрен е ретко кај луѓето во глобала. Сите проповедаме едно, а правиме друго. Личниот бенефит ни е секогаш на прво место. Тоа е она што го прави него посебен.

И ајде да сме реални, фактот што повеќе немало робови и борби со гладијатори е само посебе вселенски напредок. Луѓето во рана Византија меѓу себе се викале браќа и сестри. А тоа е астрономска разлика во споредба со државното уредување кое го оставиле зад себе.
 
Член од
9 јануари 2021
Мислења
989
Поени од реакции
1.017
Според еврејските учења и догми, од кои и потекнуваат и христијанство и ислам - Месијата не е дојден.
Нивна е идејата за Месија, за спасител за помазан крал кој што ќе биде и свештеник поврзан со највисокото, но и крал кој што ќе е врзан со Израел и земјата.
Таков немаат, Евреите не живеат во мир... а и кога ќе дојде, доаѓа апокалипса изгледа :)

Затоа прашувам јас дали месијата дошол воопшто на Земјата барем еднаш и човештвото да е ок, здраво и силно или христијанството има нешто и друго од други учења... треба проучување... истражување, а не на форум исповедување на верата, символот итн итн... не ни е битно нам тоа, такви работи во храм и кај свештеник...
Автоматски споено мислење:

Меѓу народот има сешто - и тоа е добро. Тоа го поддржуваме :)
Автоматски споено мислење:

Туѓата крв не е патеката за искупување! Тоа е црна магија! Патот на кукавици!
Истото го направија и евреите со нивните јагниња и крв околу вратите за да си ги спасат првородените! А со тоа си навлекоа клетва, а тие ја извртоа приказната во нивна полза, не напоменувајќи што прават!
Ако сакаш искупување на некакви гревови, само преку тебе и никако на друг начин! Со работа, а не со молитви и не правење ништо во однос на тоа...

Ги разбирам јас оправдувањата за месија и прво и второ доаѓање, но не се валидни... но бидејќи се верување, дел од религија, многу демек сте осетливи па не можеме да зборуваме отворено и да истражуваме, така ни велат :)
Можело да се настрада... и гледаме дека се страда.
Крвта Христова е чиста, најчиста, невина како мало јагне. Убаво е се направено спрема Бога, совршено, христово распнување бил на празникот Пасха, тогаш крвта ја ваделе и место, а коските од јагнето не ги кршеле.
Само Исус Христос е безгрешен, ги почитувал сите заповеди божји, неговата крв може да не избави.
Така денеска сме сите живи и со истата сила со која Христос воскресе живее во нас луѓето.
Јас верувам дека Христос ќе ме спаси, јас сум дете запазено уште во утробата на мајката своја и во текот на сите денови во мојот живот. Господ не сака најмногу, треба него да му вратиме исто до љубов.
Крвта Христова е победник на злите духови и крвта Христова може да не спаси, ова е најголемата вистина која може да се открие на секој, а порано ретко беше да се открие најголемата вистина за крвта Христова.
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.232
Поени од реакции
30.460
Чекај чекај? Уште го чекаат Евреите да дојде месијата? Сигурни се дека ќе дојде некој со поголем импакт од ова?
Тој дојде, со векој бладаа дека ќе дојдел, но тие такви отсекогаш заслепени по моќ и доминација го пропуштија, греота.

2t6p4cpggq291.jpg
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
Патот кон Бога е тежок, но на крајот ако го примиме Бог во нас и тој ќе не прими нас во неговото царство каде што ќе биде исполнето со вечна литургија и ангелски песни.
Можат сите да се спасат, само верата дека Исус Христос може да не спаси да не бидеме во вечни маки - ќе не однесе во Рајот.
Неговото царство со литургии и ангелоски песни = рајот?

Се вели дека ништо нечисто нема да влезе во божјото царство, а во рајот е лукавата змија, така да тие две места се различни.
Сигурно си се збунил во изразување, така?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom