Дали Интернетот ќе добие Нобелова награда

Дали Интернетот треба да добие Нобелова награда за мир?


  • Вкупно гласачи
    33
?

..........

Гостин
Дали Интернетот ќе добие Нобелова награда












Ако Интернетот навистина ја добие престижната Нобелова награда за мир, се поставува прашањето кој би можел да ја прими наградата - во име на Интернетот.

Номинирањето на Интернетот за кандидат за престижната Нобелова награда за мир во 2010 година, наиде на поделени мислења во светот - иако има и такви кои се „за“, уште повеќе се тие кои оваа номинација ја сметаат за апсурдна.

Интернетот е преценет и едноставно „не ја заслужува оваа награда“, бидејќи постојат „повредни технологии“. Околу пет милијарди луѓе воопшто не се приклучени на Интернет.

Можни кандидати за Нобелова награда за мир се и книгата, телеграфот, радиото, мобилниот телефон, фотокопир машината, пејсмејкерот, бидејќи тие имаа многу поголемо влијание врз општетствата.

Доделувањето на Нобеловате награда за мир на Интернетот може да ги наведе авторитативните режими да ја зголемат цензурата. Се уште не е откриен демократскиот потенцијал на Интернетот и за тоа се потребни од 20 до 30 години.

Не е примерно наградата да се доделува на нешто што е развиено од комерцијални причини. Давањето на Нобелова награда на Интернетот ќе гу увери светските лидери дека политичарите се на второ место, зад технологијата. Интернетот не смее да биде замена за политичките напори вложени во решавање на светски проблеми.

Минатата година, комитетот за Нобеловата награда беше жестоко критикуван поради (преуранетата) доделувања на наградата за мир, на штотуку именуваниот американски претседател Барак Обама, па сега како единствен логичен чекор е номинација на некој мртов објект кој сите не засега, а тоа е Интернетот.

Инаку, уредникот на италијанскиот весник „Вајард магазин“ Рикардо Луна, кој го номинираше Интернетот за Нобелова награда за мир, во образложението истакнува дека „Интернетот може да се нарече вистинско оружје за масовна конструкција, со кое би можеле да ја искорениме омразата и конфликтите и да пропагираме мир и демократија“.

- Настаните во Иран по последните избори, кога Интернетот ширеше информации кои во спротивно би биле цензурирани, само е еден од показателите како Интернетот може да стане оружје на глобалната надеж, истакна Луна.

Неколку прашања се наметнуваат сами од себе: ако навистина победи Интернетот, кој ќе ја прими наградата? Марк Цукерберг, тастатурата или тој ќе го покаже својот вистински облик и ќе се материјализира извикувајќи „ЈАС СУМ ИНТЕРНЕТ!“.

Интернетот нема да заплаче ако не ја добие наградата, бидејќи тој и не знае што е тоа мир, а некој ќе се запраша: „Сигурно јас ќе ја добиев Нобеловата награда за мир, да не ми беше противник Интернетот“.

Дали ова е прв чекор кон тоа машината наречена Матрикс да преземе се?

Да се даде Нобелова награда за мир на Интернетот, во кое сите се чувствуваат вклучени е демократски, интересно, заслужно и револуционерено. Меѓутоа, што ќе се случи ако Интернетот ЗА СЕБЕ ќе прочита дека е добитник на наградата и стане самосвесен. Тогаш машините ќе дојдат на власт, човештвото ќе се претвори во соголена батерија и сите надежи на една планета ќе останат во неспособните раце на Кијану Ривс и безбројните интерпретации.....

Jaс мислам дека треба да добие нобелова награда, за мир:vozbud:
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
A internetot kako mozno oruzje za terorizam!? Brza komunikacija megju teroristite, bezgotovinsko finansiranje na nelegalni aktivnosti!? Detska pornografija?
Itn?

Jas mislam deka nominacijata e glupost!
 
?

..........

Гостин
Па награда за мир, само во таа категорија, а и онака ке му ја доделат на некој корумпиран политичар.
А за детски порнографии, терористи, има други категории:star:
 
Член од
21 декември 2008
Мислења
550
Поени од реакции
22
Глупости! Како ке му доделат Нобелова награда кога нема кој да ја прими наградата??:nesum:
 

devojka111

i'm real
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.937
Поени од реакции
148
Хаха, тешки глупости, исто како сега Оскар за најдобра машка улога да добие некое од тие леталата во АВАТАР?!:wink::toe:
 

Песимист

Добро информиран оптимист
Член од
11 ноември 2008
Мислења
1.676
Поени од реакции
181
Серизоно би била голема глупост ....Како прво на кој ке му ја врачат наградата ..како второ и погоре спомнато има уште мнгоу голем процент на луге шо не користат интернет ..мене ми се доволни овие 2 за да гласам за НЕ.
 
П

Паган-др

Гостин
Идиотска ствар. Нема цел свет интернет, а и кој ќе ја понесе честа да ја земе нобеловата награда? Да не е тој што бил најмногу време онлајн.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.427
Поени од реакции
5.107
Не е можно интернетот да добие Нобелова награда, затоа што Нобеловата награда се доделува само на живи луѓе.
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.653
Поени од реакции
34.082
A интернетот не беше примарно воен проект?
А добива награда за мир?
I am just saying..
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.427
Поени од реакции
5.107
A интернетот не беше примарно воен проект?
А добива награда за мир?
I am just saying..
Без разлика, на многумина што испраќале војски им биле дадени награди за мир. Но тука проблемот е што Нобелова награда се доделува само на живи луѓе. Инаку ако се даваше Нобелова награда и на мртви досега Ајнштајн и Тесла требаше да имаат по 5-6 такви.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom