хм ... на кого мислиш и како ... не ми е јасно?
Да не ти солам премногу памет ама еве накратко да ти појаснам...
Веќе некое време нашиот Амбасадор тука во САД негува контакти со Македонската Патриотическа Организација (МПО) .Нивното седиште е во Индијана,и они се декларираат како Македонски Бугари или кратко Македонци,со што маваат во коренот на нашиот идентитет.Инаку оваа организација е далеку помоќна од УМД+СМК заедно.Скоро сите Бугарски Цркви се од нив финансирани.Иако,ако прогуглаш на интернет нема да најдеш информации оти Бугарската Црква не ги архивира нив како финансиери со реални бројки,треба да ми веруваш.Формирана е во 20тите години и како таква во неа членуваат стари имигрантски фамилии родум етничка Македонија.Тие фамилии држат сенатори и функции.
Е сега,овие “портокаловиве“ од ВМРО,инаку финансирани од Партијата на Меркел,дали се трудат да не бугаризираат на фин начин,или едноставно Груевски го користи гневот на МПО кон Грците останува времето да покаже.
УМД и СМК не стојат баш најдобро,а дури и да стојат се мал залак за грчката Дијапора која брои преку 7 милиони Грци главно во Америка и Австралија.Можеби тоа е главната причина оти беше одржана и средба во нашата Амбасада каде нашиве и “другиве“ од МПО седнаа и се промуабетија за спорот,интеграциите,Обама и турската помош.
МПО инаку има условно речено подарено Црква во Канада (Мисисага или Виндзор не сум најсигурен) на МПЦ,и таа и ден денешен има Македонски свештеници.Тоа ми е малку чудно,макар да овие од МПО имаат многу емотивен поглед кон Македонија.
Сума-сумарум,РАДКО е нешто слично со Суисајд Месија.Неговата улога е да го потпали гневот на Македонците кон бугарофилскиве појави на нашето поднебје и како таква таа Партија повеќе ни оди нам во прилог.Мислам,каква тоа закана би било мало членство и несоодветен водач?
Тодор Петров од друга страна успева да ја држи СМК контролирана од надворешни Македонци,што до некаде е и паметно.Ако му дадеш на Никола да ја контролира Македонија,МПЦ,УМД и СМК он ќе биде новиот Фирер.Има многу моќни пријатели и затоа Никола не му се намеркал како што он знае и умее,инаку до сега ќе маваше и он шамарници по паркинзи и ќе беше затворан заради криминал со станови и кредити.