Гумени чизми

  • Креатор на темата Креатор на темата rossonerka
  • Време на започнување Време на започнување

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Ахам, апсолутно хит се од лани во странство а почнуваат да се шират и накај нас. Ај што забегуваат странциве по гумениве (рибарски, чизми за на фарма како и да ги речам уште) ама гледам и хрвативе на форум сите ги посакуваат, а и видов неколку и кај нас ги носат низ Скопјево.
Мене не ми е јасно што убавина гледаат во таа гумена чизма. Ама знаеш често ако нешто е мода па и било какво да е нека се носи, модерно е најбитно!

Така да девојки и момци секако, би носеле ли гумени чизми? Што ве привлекува или одвлекува од нив :tv:

img-thing
img-thing

img-thing
img-thing

img-thing
img-thing


60299_ou_l.jpg
60300_ou_l.jpg
78823_ou_l.jpg
 
Не би носел, а ме одвлекува фактот што се гумени. -.-
т.е. да, би носел, на зимување за у снег
ич не ми се сфиѓаат
 
Татко ми ко мал у село имал вакви жолти со пајчиња од напред. Пред многу години тоа. Денес, јок.
 
Ме одвлекува се околу нив. Од материјалот до изгледот, па и до филингот иако не сум пробала, можам да претпоставам.
Мислам дека thumbs down икончето кажува се за темава.
Знам дека во Лондон ПРЕмногу ги носат. Ок, се оправдува до некаде.. кај нив 90% од времето е врнежливо. Ете и тетка ми ја гледам, кога дојде кај нас ги носеше и уште кога ги видов за прв пат ми станаа одбивни.
Не би ги носела во ниеден случај. Па колку сака нека се модерни.. кај нас па толку се напињаат со тоа "трендовите" што изгубиле осет за добро и лошо парче.
Порадо би си купила некоја квалитетна патика или чизми, Тимберленд рецимо за врнежливи денови.. отколку да се замислам како шетам со овие.
Уствари не знам ни со која облека би ми биле складни, ниту пак за која пригода.
 
Цел свет да ги носит во Македонија немат да се носат. Зш кај нас вакви носат само сељаците(без никаква осуда и навреда кон луѓето што живеат и работат во село ама ако прашаш кого било така ќе ги нарече) и работниците.:smir: (мое мислење)
 
Искрено, корисни се за во зима ептен ама како што кажа Димитар ^ ги носат кај нас работниците такви и никој не се осудуваше да носи такви в град.Ама штом е мода и светот го одобри тоа и го претставува како моден тренд за некој месец ке ги имаат пола скопјани....исто и по цела македонија....баш ме интересираат цените кои ке бидат :pos::pos::pos:
 
Цел свет да ги носит во Македонија немат да се носат.
Чекај почеток на есента е, а денес само видов 2 девојки што ги носеа. Така да не викај 2 пати и не се изненадувај ако девојкати се избаци пред тебе со вакви чизми :icon_lol:
Ќе се носат и тоа како и кај нас.
Има вакви чизми што се и по 400 евра :))))
Почнаа и познатите да ги носат и манекенките, стрит фешн е преплавен со вакви чизми, видов и во наши популарни продавници се продаваат.

Сељачко несељачко се носат и ќе се носат се повеќе.

001965100.jpg


Wellies%20photo%202.jpg
 
Сите велат дека нема да ги носат и на крај ко ќе почнат да се продаваат полека полека ќе почнат да купуваат сите. Јас би носела, доколку има во мојта околина :)
 
Одвратни ми се, никогаш не би ги носела. Ниту пак мојот стил на облекување дозволува такви обувки. :)
 
Никакви ми се. Ептен глупо изгледаат. Ме асоцираат на рибарските чизми на татко ми....Не би знаела ни како да ги искомбинирам. Наскоро секоја втора девојка ке ги носи, али само затоа што другите ги носат, па да не заостанува, а не зашто и се свиѓаат. Како и да е, ја не би купила. Ако се премислам, тато ке си бара нови :pos: Оу, абе немаат цветчиња...:uvo:
 
Гумата не и дава да диши на кожата така да тешко на стапалата.... ќе да не се токму луѓево што носат гумени чизми поради мода

п.с
за на риби или како ХТЗ опрема во ред ама за се друго :ija: :pov:
 
Имаше еден период лани кога можеше да се плива по улиците од стопен снег особено додека да стигнеш кај мене на факултет, тогаш сонував за вакви чизми. Ако и годинава е така не ми бегаат чизмиве. Не е се до мода
 
Имаше еден период лани кога можеше да се плива по улиците од стопен снег особено додека да стигнеш кај мене на факултет, тогаш сонував за вакви чизми. Ако и годинава е така не ми бегаат чизмиве. Не е се до мода
Некогаш и возачката е од голема помош :)

Да се надоврзам на темава... Единствена маана на чизмите им е што не се за долго стоење во место. Пример, ако се движиш од точка А до точка Б се добри. Но, ако треба од точка Б до точка Ц да се оди, а во точка Б треба да стоиш 2-3 часа (работа, библиотека, факс.... сеедно) поради висината ногата и не е баш слободна.

Сума сумарум, сум носел, не се нешто посебно, нема да носам во наредна прилика освен ако нема потреба да копам канал. За таму се родени.

п.с. некој спомна рибарски чизми погоре... Тие се веќе друг модел. Дома шо ги имам се како пантолони, можиш слободно до метар и пол да влезиш во вода :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom