Губење на семејното презиме

Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Епа сеа да претпоставиме: син ти се вика Златко Петровски - Шундовски, се жени со сопруга која сака да го задржи и нејзиното презиме.

Таа ќе се вика Ноне Неделковска Петровска Шундовска !? :eek:

Задржување моминско презиме е океј, па аааајде и давање на две презимиња на женско дете. Али за машко ми е глупо мене. Сепак личен избор...
Па како што кажав, сопругата негова може што сака да прави, не е мој проблем, може да го носи само презимето на мојот сопруг, односно нејзиниот свекор, по тој редослед ќе биде Ноне Неделковска Петровска :) Ќерка ми кога би се мажела, исто така може да го отфрли моето презиме и да го задржи само татковото. Но до нивни 18 години, сакам да го носат и моето, а што ќе прават понатаму, не би им се мешала :)
--- надополнето: 1 февруари 2012 во 19:58 ---
Моооре еманципација еј.
Научи ги и децата така. И после ќерка ти коа ќе се мажи децата нека ги имаат нејзините две + на мажот. И за едно 10 години личната карта ќе биде подебела од 1000 зошто 1000 затоа.
Како сака ќерка ми - така и ќе прави. Не би и кажувала јас како ,,треба,,. Како и е ќеиф - така :)
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
Како сака ќерка ми - така и ќе прави. Не би и кажувала јас како ,,треба,,. Како и е ќеиф - така :)
Eдноставно не ми се сфиѓа твојава идеја а причини не ми се изјаснуваат.
Твој личен избор е, и се надевам дека ќе си најдеш и дечко шо размислува така.
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.169
Поени од реакции
34.281
Децата можат да го носат моето, татковото, двете или ново измислено презиме. Нема ограничувања од аспект на законот.
--- надополнето: 1 февруари 2012 во 19:45 ---
Мајка ми не го носела ни татковото, ни мајчиното - добила измислено презиме од баба ми и дедо ми :)
Од аспект на законот нема. Иако, сеуште не сум сретнал ниту едно дете (Македонче) со две презимиња.
Ваљда и тие тврдокорните како тебе на крај сфаќаат каква глупост е тоа и колку ќе му го искомпликуваат животот на детето со две презимиња само поради некаква „гордост“, па сепак се одлучуваат на традиционалниот начин на одбирање на презиме. На таткото. Али, хеј, баш би било интересно да му дадеш две презимиња на детето, па потоа тоа да стапи во брак со друга личност со две презимиња, па тие да имаат дете со две презимиња.

Тогаш би дошло како Александра Стојковска Милевска и Петар Ивановски Милевски, со синот Иван Стојковски Ивановски Милевски.
А замисли па уште тој ако се најде со уште некоја хард-кор девојчица како тебе со 6 презимиња?

Муабетов: Роналдо де Азис Мореира - Роналдињо.

Не се глупирајте. Преземањето на презимето од сопругот воопшто не значи дека семејството или семејната лоза „ќе ви изумре“. Вие формирате ново семејство. Ако не сакате да го носите презимето на сопругот, не ми е јасно зошто воопшто би започнале брак со него. На крајот на краиштата, не ми е јасно како толку многу се загриживте за „семејните обичаи“ и опасноста од „изумирање на семејството“, а вие воопшто не сакате да ги почитувате обичаите на вашето семејство. Или и ти од раѓање си со две презимиња?
 
Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
Па како што кажав, сопругата негова може што сака да прави, не е мој проблем, може да го носи само презимето на мојот сопруг, односно нејзиниот свекор, по тој редослед ќе биде Ноне Неделковска Петровска :) Ќерка ми кога би се мажела, исто така може да го отфрли моето презиме и да го задржи само татковото. Но до нивни 18 години, сакам да го носат и моето, а што ќе прават понатаму, не би им се мешала :)
Значи пак испаѓа дека твоето презиме ќе го нема. Ако ќерка ти го отфрли твоето презиме коа ќе се мажи значи презимето ти иде јабана. А уствари не сфаќам што е битно тоа презиме и така само на лична карта, пасош и за на сметки го користите...
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Chico Felipe Cayetano Lopez Martinez y Gonzales или скратено само Чико :pos::pos::pos::pos::pos:.
 
David^^

Ристовски
Член од
9 декември 2011
Мислења
165
Поени од реакции
42
а шо има везе презимето? презиме како презиме -.-
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.169
Поени од реакции
34.281
Значи пак испаѓа дека твоето презиме ќе го нема. Ако ќерка ти го отфрли твоето презиме коа ќе се мажи значи презимето ти иде јабана. А уствари не сфаќам што е битно тоа презиме и така само на лична карта, пасош и за на сметки го користите...
Ама човече, до 18 години ќе го носи нејзиното презиме еј! Уау.
Не знам зошто мислиш дека децата ќе те ценат по презимето, а не по тоа дали си добар или лош родител. Ако се оптеретуваш со вакви глупости уште сега, тешко на децата...
 
Субјективно значење - семејна лоза :)
Инаку, јас го поддржувам правото на избор за се - така и за носење на презимето. Ништо не ти гарантира тебе дека син ти ќе го даде твоето презиме на своите деца - можеби ќе го земе на неговата сопруга. Не е целта да мислиме што ќе направат нашите деца со нивното потомство, туку ние со нашето. Кога ќе станат полнолетни, ќе имаат право на избор, не само за презимето, туку и за многу други работи (пред се идеолошки) кои би сакала да им ги пренесам.
 
Член од
26 јануари 2012
Мислења
172
Поени од реакции
430
Мене воопшто не би ми сметало да го земам презимето на маж ми.
Напротив, така некогаш било, така нека остане.
Следствено со тоа, и децата мои ќе си го носат татковското презиме.

Да сум позната личност, па да ме познаваат сите по тоа презиме, ај некако ќе разберам,ама вака, не.

Не се работи за т.н. гордост или изумирање на семејна лоза.
Тоа ми е веќе помодарство. Да е така, сите презимиња во минатото што "изумреле" останале и запамтени. Барем тие што требало да останат.

И што ако си ги знаеме презимињата на бабите и дедовците, на прабабите и прадедовците, кога поим немам за чукун дедо ми. Ниту баба ми, ниту дедо ми не знаеле да ми кажат. Па од кај потекнувам јас?!
Само знам дека од некој пра ли дедо името, го скратиле и настанало моето презиме. (т.е. татковото)

Сега само го продолжуваме :)

Али еј, право на избор, кој како си милува. :) :pipi:
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Од аспект на законот нема. Иако, сеуште не сум сретнал ниту едно дете (Македонче) со две презимиња.
Ваљда и тие тврдокорните како тебе на крај сфаќаат каква глупост е тоа и колку ќе му го искомпликуваат животот на детето со две презимиња само поради некаква „гордост“, па сепак се одлучуваат на традиционалниот начин на одбирање на презиме. На таткото. Али, хеј, баш би било интересно да му дадеш две презимиња на детето, па потоа тоа да стапи во брак со друга личност со две презимиња, па тие да имаат дете со две презимиња.

Тогаш би дошло како Александра Стојковска Милевска и Петар Ивановски Милевски, со синот Иван Стојковски Ивановски Милевски.
А замисли па уште тој ако се најде со уште некоја хард-кор девојчица како тебе со 6 презимиња?

Муабетов: Роналдо де Азис Мореира - Роналдињо.

Не се глупирајте. Преземањето на презимето од сопругот воопшто не значи дека семејството или семејната лоза „ќе ви изумре“. Вие формирате ново семејство. Ако не сакате да го носите презимето на сопругот, не ми е јасно зошто воопшто би започнале брак со него. На крајот на краиштата, не ми е јасно како толку многу се загриживте за „семејните обичаи“ и опасноста од „изумирање на семејството“, а вие воопшто не сакате да ги почитувате обичаите на вашето семејство. Или и ти од раѓање си со две презимиња?
Не би да одговарам на цел пост - но јас и ,,таквите како мене,, живееме во демократска земја каде што законот е пред ,,традицијата,,. Бирам кои традиции ќе ги почитувам, а кои ќе ги отфрлам.
Не е поентата во тоа дека лозата ќе ми изумре, но јас не би живеела во патријархално семејство, или на нешто што личи на такво. Самото носење на презимето на таткото, како презиме на семејството, е знак ,,кој е глава на куќата,,. Ако е сеедно и глупаво, би било фино вие мажите да почнете да ги земате презимињата на жените, и да се дава на децата презимето на мајката. Зошто не го правите тоа? Зошто ,,се знае како треба да биде,,?

Искрено, тоа е најголемата глупост која можам да ја слушнам, дека ,,така треба да биде,, нешто. Така е како што јас сакам, и треба да биде како што мене (и на тие со мене) им е убаво. Никако поинаку.
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
Правете машки деца и немајте гајле.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Eдноставно не ми се сфиѓа твојава идеја а причини не ми се изјаснуваат.
Твој личен избор е, и се надевам дека ќе си најдеш и дечко шо размислува така.
Па не може сите да сакаме или да размислуваме исто :) Моите другарки кои веќе стапија во брак, сите го земаа презимето на сопругот, само една двете. Јас немам никаков проблем со тоа, нивен личен избор.
А дечкото - најден е ;)
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Ама човече, до 18 години ќе го носи нејзиното презиме еј! Уау.
Не знам зошто мислиш дека децата ќе те ценат по презимето, а не по тоа дали си добар или лош родител. Ако се оптеретуваш со вакви глупости уште сега, тешко на децата...
Воопшто не се оптеретувам со тоа :) Не е нешто кое го дискутирам и објаснувам - и баш повеќе ме интересира како ќе ги воспитувам децата, но од друга страна, ,,воспитувањето,, го студирам, а моите лични вредности како жена, ги пренесувам и на мојата помала сестра, а се надевам и на моите идни деца.

Презимето мое е уникатно, и во РМ нема друга фамилија со моето презиме. Да се презивав Стојановска, па можеби и немаше да се замарам. Но во овој случај, презимето ми е доста важно.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom