Губење на семејното презиме

  • Креатор на темата Креатор на темата STEALTH
  • Време на започнување Време на започнување

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.722
Поени од реакции
14.789
Не знаев како да ја крстам и каде да ја почнам оваа тема (а не знам ни дали до сега има слична). Имено, низ глава ми се провеа едно интересно размислување - доколку во едно семејство има брат и сестра, братот натака во животот роди две ќерки, а сестра му се мажи и го земе презимето на мажот, се губи цело фамилијарно презиме. На еден начин се брише цела фамилијарна историја... Малку е чудно, ама... :)
 
Или фино лепо Домазет дома, некој крап 120 кила кој ти седи во стан и да земи твое презиме, така ќе имаш не само историја туку и иднина до 101 и назад :D
 
Колку знам воопшто немора да го менуваш презимето. Се е принцип на договор, Ако така се сложите со партнерот, ондак така нека биде. Утре ако се сложите детето да го носи тоа презиме - повторно ваша работа. Што има да ве интересира што мислат другите за тоа. Ако ви е вас убаво ондак воопшто не се замарај.
 
Од тие причини моите деца покрај татковото, ќе го носат и моето презиме :)
 
Епа машкиот член од семејството го проширува презимето кога се жени, сепак на жената може да и остане моминското односно фамилијарното презиме али ретко кој го прави тоа...Сепак ако има машко член во семејството тогаш презимето нема да исчезне, бидејќи тој кога ќе зима жена ќе се презива како него и така презимето нема да се изгуби.
 
Од тие причини моите деца покрај татковото, ќе го носат и моето презиме :)
Твоите деца можат да го носат само татковото. Ти можеш да го носиш твоето и на маж ти, ама децата не.
Баш поради тоа, не е малку глупо да се задржува и моминското презиме, кога сепак на крај децата ќе го носат татковото?
 
Децата можат да го носат моето, татковото, двете или ново измислено презиме. Нема ограничувања од аспект на законот.
--- надополнето: 1 февруари 2012 во 19:45 ---
Мајка ми не го носела ни татковото, ни мајчиното - добила измислено презиме од баба ми и дедо ми :)
 
Сепак ако има машко член во семејството тогаш презимето нема да исчезне, бидејќи тој кога ќе зима жена ќе се презива како него и така презимето нема да се изгуби.

Да, но тоа машко може да има две ќерки кои понатаму си го земаат на сопругот:)
 
Децата можат да го носат моето, татковото, двете или ново измислено презиме. Нема ограничувања од аспект на законот.
--- надополнето: 1 февруари 2012 во 19:45 ---
Мајка ми не го носела ни татковото, ни мајчиното - добила измислено презиме од баба ми и дедо ми :)

И после кога ќе се омажи ќерка ти ќе се вика Петкана Јовановска Величковска Петковска?

Од увек ми било глупо ова задржување на презимињата, ама мода јбг.
 
Од тие причини моите деца покрај татковото, ќе го носат и моето презиме :)

Е и на машко дете би му дала две презимиња, не е малку глупо тоа !?

пр. Златко Петревски - Шундовски !?

:confused:
 
Е и на машко дете би му дала две презимиња, не е малку глупо тоа !?

пр. Златко Петревски - Шундовски !?

:confused:

Секако дека би му дала. Не сум јас помалку родител од неговиот татко. А неговата сопруга (во иднина) не мора да го носи и моето презиме, нека го земе само на свекор и :)
 
Секако дека би му дала. Не сум јас помалку родител од неговиот татко. А неговата сопруга (во иднина) не мора да го носи и моето презиме, нека го земе само на свекор и :)
Моооре еманципација еј.
Научи ги и децата така. И после ќерка ти коа ќе се мажи децата нека ги имаат нејзините две + на мажот. И за едно 10 години личната карта ќе биде подебела од 1000 зошто 1000 затоа.
 
Секако дека би му дала. Не сум јас помалку родител од неговиот татко. А неговата сопруга (во иднина) не мора да го носи и моето презиме, нека го земе само на свекор и :)

Епа сеа да претпоставиме: син ти се вика Златко Петровски - Шундовски, се жени со сопруга која сака да го задржи и нејзиното презиме.

Таа ќе се вика Ноне Неделковска Петровска Шундовска !? :eek:

Задржување моминско презиме е океј, па аааајде и давање на две презимиња на женско дете. Али за машко ми е глупо мене. Сепак личен избор...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom