- Член од
- 8 август 2008
- Мислења
- 73
- Поени од реакции
- 5
30 април 2009
Група професори на одделот за политички науки на атинскиот универзитет „Пантеион“ се наоѓаат на удар на грчките националистички кругови затоа што прифатиле докторска теза што во насловот го содржела терминот „Република Македонија“.
Прстот на десничарските кругови е вперен во професорот по меѓународни односи на овој универзитет Алексис Ираклидис, познат по тоа што преку грчките медиуми ја повика актуелната влада на Костас Караманлис да ги признае правата на македонското малцинство и да ги обесштети протераните Македонци за одземените имоти, а во разговорите со Македонија да прифати двојна формула за името.
Ваквите ставови Ираклидис неодамна уште еднаш ги повтори во емисија на грчката телевизија Алфа.
Ираклидис во емисијата рекол дека Грција треба да ја прифати двојната формула во преговорите за името и да го признае постоењето на 30-40 илјади „славомакедонци“, потврдуваат од Виножито.
- Доколку ова прашање се најде пред Европскиот суд за човекови права, на Грција ќе и биде наложено да плати отштета - рекол професорот на атинскиот универзитет.
Професорот на чија адреса секојдневно пристигнуваат жестоки критики од грчките националисти, во програмата на телевизијата Алфа оценил дека Грција мора да го прифати името „Нова Македонија“ или „Северна Македонија“. На прашањето дали се срами затоа што е Грк, Ираклидис одговорил потврдно. Поради ваквите ставови, Ираклидис на десничарскиот блог е наречен „срам на универзитетот ‘Пантеион’“.
Од Виножито велат оти Ираклидис и порано прифаќал докторати на кои стои терминот „Македонија“.
Изјавите на овој професор и претходно предизвикувале реакции кај јавноста во Грција. Тој за грчките печатени медиуми има истакнато дека Грција треба да престане да ја турка главата во песок и да тврди дека „славомакедонците“ не постојат. И тогаш на грчките власти им порача да прифатат сложено име што Скопје би го користело само за билатерална комуникација со Атина, а не и за меѓународна употреба.