Грчки професор на удар оти прифатил докторат со името „Република Македонија“

Член од
8 август 2008
Мислења
73
Поени од реакции
5
30 април 2009
Група професори на одделот за политички науки на атинскиот универзитет „Пантеион“ се наоѓаат на удар на грчките националистички кругови затоа што прифатиле докторска теза што во насловот го содржела терминот „Република Македонија“.

Прстот на десничарските кругови е вперен во професорот по меѓународни односи на овој универзитет Алексис Ираклидис, познат по тоа што преку грчките медиуми ја повика актуелната влада на Костас Караманлис да ги признае правата на македонското малцинство и да ги обесштети протераните Македонци за одземените имоти, а во разговорите со Македонија да прифати двојна формула за името.



Ваквите ставови Ираклидис неодамна уште еднаш ги повтори во емисија на грчката телевизија Алфа.

Ираклидис во емисијата рекол дека Грција треба да ја прифати двојната формула во преговорите за името и да го признае постоењето на 30-40 илјади „славомакедонци“, потврдуваат од Виножито.

- Доколку ова прашање се најде пред Европскиот суд за човекови права, на Грција ќе и биде наложено да плати отштета - рекол професорот на атинскиот универзитет.

Професорот на чија адреса секојдневно пристигнуваат жестоки критики од грчките националисти, во програмата на телевизијата Алфа оценил дека Грција мора да го прифати името „Нова Македонија“ или „Северна Македонија“. На прашањето дали се срами затоа што е Грк, Ираклидис одговорил потврдно. Поради ваквите ставови, Ираклидис на десничарскиот блог е наречен „срам на универзитетот ‘Пантеион’“.

Од Виножито велат оти Ираклидис и порано прифаќал докторати на кои стои терминот „Македонија“.

Изјавите на овој професор и претходно предизвикувале реакции кај јавноста во Грција. Тој за грчките печатени медиуми има истакнато дека Грција треба да престане да ја турка главата во песок и да тврди дека „славомакедонците“ не постојат. И тогаш на грчките власти им порача да прифатат сложено име што Скопје би го користело само за билатерална комуникација со Атина, а не и за меѓународна употреба.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
Професорот на чија адреса секојдневно пристигнуваат жестоки критики од грчките националисти, во програмата на телевизијата Алфа оценил дека Грција мора да го прифати името „Нова Македонија“ или „Северна Македонија“.
Нели овие имиња на нас не ни одговараат, а не на грците. Овие имиња се промовирани и од грчките поддржувачи овде, значи за грците овие имиња беа во ред. За нас беше кажано што одговара-Република Македонија.
Инаку за тоа што пишувало Република Македонија и тој тоа нормално го прифатил, тоа е океј, но имало уште неколку вакви типови низ грција, одеднаш ги има па ги снемува по медиумите. Чудновато.
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Мислам дека и од опозиционата СДСМ и нивните дегенерични исфабрикувани новинарски производи треба да го осудат професорот затоа што повторно ја враќа двојната формула во игра а тоа е против интересите на Р.Македонија за брз влез во НАТО и ЕУ.
 

delboy

кршач на огледала
Член од
23 декември 2007
Мислења
1.358
Поени од реакции
24
Зависи за која двојна формула се работи,ако е онаа да не се менува уставот(значи за нас да си бидеме Р.Македонија) а за остатокот Северна или Нова ,тогаш да и се плукнам на таквата двојна формула
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Ни овој професор не е ништо поарен од Дркојани, на него и на неколку други личности во грција им е доделена улогата на „амортизер’’..лека полека да ја припремаат јавноста во грција на неминовниот пораз во вештачкиот спор со нас.....
.....под услов да ние сами не ја заебеме работата.....што е единствениот начин да грците успејат во своите намери.....затоа само мирно без непотребни избрзувања, ќе легнат грциштата на брашно!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom