13.06.2009, 18:23
ДЕДОТО НА КАРМАНЛИС ПРЕД 30 ГОДИНИ СЕ ОБВРЗАЛ ДА ГО ПОЧИТУВА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК И ИМЕ
ГРЦИЈА ВО 1977 ГОДИНА ГО ПРИФАТИЛА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК И ПИСМО
Дедото на Караманлис уште во 1977-та го прифатил Македонскиот јазик и писмо, кое денеска грчките власти на чело со неговиот внук, тврдокорно го доведуваат во прашање.
Пред 32 години во Атина, ООН, чија членка во тоа време е Грција, усвојува резолуција за меѓународно стандардизирање на географските имиња.
За да се стандардизираат топонимите било потребно да се изврши единствена латинска транскрипција на постојните писма.
Во делот од резолуцијата кој се однесува на Југославија во чиј состав тогаш беше Македонија, ОН јасно наведуваат дека на југословенска територија се користат 2 кирилски писма, едното е српско–хрватското, а второто македонското.
Во колоната е наведена македонската кирилска азбука, а до неа нејзината латинска транскрипција - Народ кој има свое писмо има и свој јазик.
Со ова се докажува дека ООН, кои во моментов се посредници во спорот со името, пред 30 години немале никаква дилема за постоењето на Македонскиот јазик кој сега Грција го негира.
За да иронијата биде уште поголема, свој потпис на резолуциите кои произлегоа од двете конференции во 77-та, а потоа и во 82-та, ставила и официјална Атина.
Во тоа време на чело на грчката влада е Константинос Караманлис, инаку дедо на актуелниот премиер – Костас Караманлис, кој воедно е и прв лидер на Нова демократија кој доаѓа на власт во Грција.
Овој документ е уште еден доказ дека тогашните грчки власти меѓународно се обврзале да го почитуваат Македонскиот јазик и име.
http://www.sitel.com.mk/default-mk.asp?ItemID=D791DEB5CC70EE46A6A026DF230AC4B6
:back: