Грција се антиквизираше со Европски пари

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
635


Музеј посветен на Александар Македонски и финансиран со европски пари е отворен деновиве на археолошкиот локалитет Пела - престолнина на античкото кралство Македонија и родно место на Александар Македонски.

Европската Унија и одобрила на Грција 14 милиони евра за изградба на музејот.

Тоа што Грција со пари од европските фондови изгради музеј во Пела, во кој повторно се истакнува грчката припадност на Александар Велики, е уште еден доказ за двојниот аршин на Европа, велат познавачите.

- На Грците очигледно не им се забележува тоа што нам жестоко ни се префрла. Всушност, нам и не ни треба Европа да нé прекори, ние самите себеси ќе си ги извадиме очите префрлајќи си за таа т.н. антиквизација - вели Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културното наследство.

Грција со децении работи на брендирање на сопствениот ексклузивитет врз севкупното античко наследство и нејзината сегашна позиција е резултат на таа повеќедецениска работа.

- Европа не и префрлаше на Грција што својата северна провинција, долги години позната како Северна Грција, наеднаш ја нарече Македонија, не и забележа кога го градеше споменикот на Филип во Солун, ниту пак што сите гранични приоди ги означи со антички симболи. Не се сеќавам дека Европа имаше приговор кога аеродромот во Солун го доби името „Македонија“. Сетете се сега на приговорите упатени кон Македонија за археолошките истражувања, за изградбата на споменикот на Александар и за именувањето на автопатот и на аеродромот со неговото име - вели Кузман.

Слично на видеото што Владата го објави за проектот „Скопје 2014“, во чии рамки е предвиден и споменикот на Александар Македонски на плоштадот „Македонија“, и Грција изработи видеопрезентација за музејот, во кој првиот визуелен контакт со гледачите го воспоставува бистата на војсководецот. Во видеото се објаснува дека музејот е лоциран во Пела, „највозвишениот град на Македонија“.

- Работа на политиката е кога и каков музеј отвора - категоричен е проф. Драги Митревски, кој не е изненаден од зголемената активност на Грција на овој план.

Музејот во Пела, престолнината на античкото кралство Македонија и родно место на Александар Македонски, отворен официјално завчера, е изграден на самиот локалитет и уште еднаш го потврдува приоритетот што Грција му го придава на античкото наследство, иако лондонски „Гардијан“ неодамна објави дека грчкото античко наследство станува жртва на тешката економска криза што ја зафати земјата.

„Академијата и родното место на Александар Велики се меѓу најзначајните историски обележја што се запуштени“, објави „Гардијан“.

Доста запуштениот регион на Пела со музејот на Александар добива нов импулс во културниот туризам, од кој Грција со децении добро живее. Тоа што во услови на голема финансиска криза земјата отвора нов музејски објект, според познавачите, зборува за неотстапувањето од цврстите позиции за сегрчкиот ексклузивитет врз античкото наследство (кој, меѓу другото, се користи и како аргумент, во спорот со името).

- Благодарение на нашата неусогласеност и отсуството на чувството за државотворност, Грција повторно добива и пари од Европа и поени на меѓународен план - коментира Кузман.

Новата зграда на музејот за кој грчките власти сметаат дека треба да има важна улога во промоција на македонската историја и култура има површина од 6.000 квадратни метри и три нивоа.

Атина, која се разбесни поради огромниот споменик на Александар Македонски што ќе биде поставен на скопскиот плоштад, успеа да го изгради музејот во Пела само за три години. Новиот археолошки музеј во Скопје, пак, кој се гради на кејот на Вардар, пред објектот на Македонската опера и балет, треба да биде завршен во 2011 година.




Во Македонија во старите времиња
Ја запознав и разговарав
со мајка му на Александар
О Македонијо, преубава
зошто плачеш и се топиш како свеќа
Имам син единец, кој замина на Исток
Го чекаат опасности, разделби и
бескрајни страдања
Во Македонија на старите времиња
Ја запознав мајка му Александар
на месечината бараше вештерки
и на сон и доаѓаа Елините

*текст на песната во видеопрезентацијата
на музејот која може да се види на
неговата веб-страница
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Това се вика нова "студена воjна",но со градби :wink:
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
ММЕ овие нашиве “модерни“ “Македонци“ кои примија доста донации од Грција никаде не спомнуваат овакви податоци кога ја напаѓаат божемната антиквизација на Македонија.
 
Член од
30 август 2008
Мислења
2.232
Поени од реакции
286
Po glupi od grcite nema,se uste ziveat so minatoto:tapp:
 
Член од
13 декември 2009
Мислења
1.307
Поени од реакции
647
Кај е А1 , Билјана Секуловска и Велија да одат со Сорос под рака и да зборат за антиквизацијата на Грција? И тоа да не заборавиме Грција има долг од 300 милијарди евра.
 
Член од
9 февруари 2010
Мислења
300
Поени од реакции
11


Музеј посветен на Александар Македонски и финансиран со европски пари е отворен деновиве на археолошкиот локалитет Пела - престолнина на античкото кралство Македонија и родно место на Александар Македонски.

Европската Унија и одобрила на Грција 14 милиони евра за изградба на музејот.

Тоа што Грција со пари од европските фондови изгради музеј во Пела, во кој повторно се истакнува грчката припадност на Александар Велики, е уште еден доказ за двојниот аршин на Европа, велат познавачите.

- На Грците очигледно не им се забележува тоа што нам жестоко ни се префрла. Всушност, нам и не ни треба Европа да нé прекори, ние самите себеси ќе си ги извадиме очите префрлајќи си за таа т.н. антиквизација - вели Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културното наследство.

Грција со децении работи на брендирање на сопствениот ексклузивитет врз севкупното античко наследство и нејзината сегашна позиција е резултат на таа повеќедецениска работа.

- Европа не и префрлаше на Грција што својата северна провинција, долги години позната како Северна Грција, наеднаш ја нарече Македонија, не и забележа кога го градеше споменикот на Филип во Солун, ниту пак што сите гранични приоди ги означи со антички симболи. Не се сеќавам дека Европа имаше приговор кога аеродромот во Солун го доби името „Македонија“. Сетете се сега на приговорите упатени кон Македонија за археолошките истражувања, за изградбата на споменикот на Александар и за именувањето на автопатот и на аеродромот со неговото име - вели Кузман.

Слично на видеото што Владата го објави за проектот „Скопје 2014“, во чии рамки е предвиден и споменикот на Александар Македонски на плоштадот „Македонија“, и Грција изработи видеопрезентација за музејот, во кој првиот визуелен контакт со гледачите го воспоставува бистата на војсководецот. Во видеото се објаснува дека музејот е лоциран во Пела, „највозвишениот град на Македонија“.

- Работа на политиката е кога и каков музеј отвора - категоричен е проф. Драги Митревски, кој не е изненаден од зголемената активност на Грција на овој план.

Музејот во Пела, престолнината на античкото кралство Македонија и родно место на Александар Македонски, отворен официјално завчера, е изграден на самиот локалитет и уште еднаш го потврдува приоритетот што Грција му го придава на античкото наследство, иако лондонски „Гардијан“ неодамна објави дека грчкото античко наследство станува жртва на тешката економска криза што ја зафати земјата.

„Академијата и родното место на Александар Велики се меѓу најзначајните историски обележја што се запуштени“, објави „Гардијан“.

Доста запуштениот регион на Пела со музејот на Александар добива нов импулс во културниот туризам, од кој Грција со децении добро живее. Тоа што во услови на голема финансиска криза земјата отвора нов музејски објект, според познавачите, зборува за неотстапувањето од цврстите позиции за сегрчкиот ексклузивитет врз античкото наследство (кој, меѓу другото, се користи и како аргумент, во спорот со името).

- Благодарение на нашата неусогласеност и отсуството на чувството за државотворност, Грција повторно добива и пари од Европа и поени на меѓународен план - коментира Кузман.

Новата зграда на музејот за кој грчките власти сметаат дека треба да има важна улога во промоција на македонската историја и култура има површина од 6.000 квадратни метри и три нивоа.

Атина, која се разбесни поради огромниот споменик на Александар Македонски што ќе биде поставен на скопскиот плоштад, успеа да го изгради музејот во Пела само за три години. Новиот археолошки музеј во Скопје, пак, кој се гради на кејот на Вардар, пред објектот на Македонската опера и балет, треба да биде завршен во 2011 година.




Во Македонија во старите времиња
Ја запознав и разговарав
со мајка му на Александар
О Македонијо, преубава
зошто плачеш и се топиш како свеќа
Имам син единец, кој замина на Исток
Го чекаат опасности, разделби и
бескрајни страдања
Во Македонија на старите времиња
Ја запознав мајка му Александар
на месечината бараше вештерки
и на сон и доаѓаа Елините

*текст на песната во видеопрезентацијата
на музејот која може да се види на
неговата веб-страница

Па што се чудете бре,Александар е ГРК,тие ако не градат споменици кој ќе гради.
Е сега од европски пари што било чудо големо
 
M

Mario Gómez

Гостин
Појќе теми за Грција има отколку за Македонија на форумов.:kesa:
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
Сето ова ќе им го плеснеме во лице и нив и на ЕУ , не берете гајле. Ако се паметни нашите политичари де. Двојните аршини на Европа, а и начинот на водење политика од страна на грција од само во наша полза. Треба луѓе кои на тоа ќе му дадат значење, кои ќе знаат паметно и во прав момент да го искористат.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom