Грција влегува во политичка криза (Втор дел)

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Јасно ми е, но како ќе го отплатат долгот? Дали некој ќе дозволи да се формира влада која нема да ги почитува каматите на банкарите? Според сите лихварски примери, ова не би го дозволиле.

Тоа ми е мене цела поента, не дека не е правилно или дека не треба (или пак спротивно), но сепак околностите дали ќе го дозволат тоа...?

Да, ЕУ и ММФ се безмилосни лихвари и се ќе направат да дојде на власт проевропска влада.
Долгот ќе мора да се врати без разлика кој е на власт, разликата е во тоа што радикалите ќе го поништат новиот договор пред да стапи во сила, ќе ги замрзнат предходните и ќе ги ревидираат каматите пред да почнат со отплаќање.
Тоа би значело напуштање на еврозоната, реформи како оние во Германија, затварање на вратите за странски капитал, национализирање на големите фирми и сл. Накратко тоа е, ваљда ти е јасно.
Наредна е Шпанија.
 
Па самиот народ во Грција е против мерката за штедење,како што си пишува и таму.
Па нормално дека е против мерките за штедеше.Ти би сакал некој да ти скрати 13,14,15 плата или бенифициран стаж ако работиш како фризер???
 
Честитки до Ципрас и искрено се надевам дека ќе успее да формира влада.
KKE го признава правото за самоопределување на Македонецот уште од времето на Захаријадис, а Ципрас е нивно дете.
Дополнителна поддршка што оваа лева коалиција е против фашизмот на ЕУ.
syriza_logo_390.jpg
 
Јасно ми е, но како ќе го отплатат долгот? Дали некој ќе дозволи да се формира влада која нема да ги почитува каматите на банкарите? Според сите лихварски примери, ова не би го дозволиле.

Тоа ми е мене цела поента, не дека не е правилно или дека не треба (или пак спротивно), но сепак околностите дали ќе го дозволат тоа...?
Коj кажа,дека ке направат влада? Работата оди ком нови избори.
--- надополнето: 9 мај 2012 во 16:15 ---
Да, ЕУ и ММФ се безмилосни лихвари и се ќе направат да дојде на власт проевропска влада.
Долгот ќе мора да се врати без разлика кој е на власт, разликата е во тоа што радикалите ќе го поништат новиот договор пред да стапи во сила, ќе ги замрзнат предходните и ќе ги ревидираат каматите пред да почнат со отплаќање.
Тоа би значело напуштање на еврозоната, реформи како оние во Германија, затварање на вратите за странски капитал, национализирање на големите фирми и сл. Накратко тоа е, ваљда ти е јасно.
Наредна е Шпанија.
Извини,но државниот сектор во Грциja е преголем и големите компании са во грцки раце.
Ако напуштат еврозоната и вратат драхмата преку нок ке идат у ПМ.
Реформите во Грциja нема да са како тези во Германиja, а ке са децении на реформи. Кратене на државен сектор до минимум, приватизациja, девалвациja на валутата, административна реформа, социална реформа, пенсиска реформа, здравствена реформа и така натаму....
 
Да, ЕУ и ММФ се безмилосни лихвари и се ќе направат да дојде на власт проевропска влада.
Долгот ќе мора да се врати без разлика кој е на власт, разликата е во тоа што радикалите ќе го поништат новиот договор пред да стапи во сила, ќе ги замрзнат предходните и ќе ги ревидираат каматите пред да почнат со отплаќање.
Тоа би значело напуштање на еврозоната, реформи како оние во Германија, затварање на вратите за странски капитал, национализирање на големите фирми и сл. Накратко тоа е, ваљда ти е јасно.
Наредна е Шпанија.

Не се сложувам со се, но како и да е ќе биде интересно. Не за тоа да патам од некој комплекс дека гејлада ќе „пропадне“, туку како ќе се одлучат европјаните да играат за да си ја спасат еврозоната, да обезбедат иднина на унијата и други такви работи... дали ќе допуштат гејците сами да се извадат од таа ситуација, тоа ме интересира.
--- надополнето: 9 мај 2012 во 16:33 ---
Коj кажа,дека ке направат влада? Работата оди ком нови избори.
--- надополнето: 9 мај 2012 во 16:15 ---

ФМИ толку време си на Македонски форум сигурно ќе знаеш што значи реченицата. Не си ја сфаќај буквално како јас да кажав „готово формираат влада“... прати контекст. Значи не би го дозволиле, што значи не се формира влада... незнам што се буниш, гледам другите ме разбрале. Мислам дека научи дека на форумот ретко кој е така директен.
 
За да ја решат почитичката криза во земјата Грците гласале за екстремната десница и левица,едноставно брилијатно.Сега имаат нацисти и комунисти во парламентот притоа и двете страни би ја одвеле земјата во дебела изолација.Ова ќе биде интересно.

А сите што се палат тука на дигањето на левицата во Европа им препорачувам да си се преселат во Северна Кореја па нека живеаат во комунистричката утопија.
 
Честитки до Ципрас и искрено се надевам дека ќе успее да формира влада.
KKE го признава правото за самоопределување на Македонецот уште од времето на Захаријадис, а Ципрас е нивно дете.
Дополнителна поддршка што оваа лева коалиција е против фашизмот на ЕУ.
syriza_logo_390.jpg

Мало морген.
 
Ај да видиме и тоа чудо да се откажат од штедење, и дали ЕУ ќе го толерира тоа или ќе ги исклучи од монетарната унија и ЕУ воопшто!
 
Мало морген.
Да да, во писмо Захаријадис се обраќа кон македонските партизани кои помагале на Грците да се ослободат од ројализмот со “Македонци, браќа“ и сл. Некој поупатен нека го постира писмото, јас никако да го најдам. Дел од документите во кои се гледа односот на грчките комунисти кон македонскиот народ во “Македонија под Грција“ има овде.
А сите што се палат тука на дигањето на левицата во Европа им препорачувам да си се преселат во Северна Кореја па нека живеаат во комунистричката утопија.
Под левица во Европа денес повеќе се подразбира социјал-демократијата, пред радикалната левица сочинета од комунистички партии и сл. И подобро тоа, отколку овој безвезален десничарски национализам кој не донел ништо добро на Балканот.
 
Изгледа утре ќе биде новиот ден Д за Европа, ако немаат пари да исплата грциве, биче срања.
 
На 15 мај им истекува еврообврзницата. Утре ќе им легнат на сметка неколку милијарди. Нема срања утре, ќе видиме на 15.
 
И Сираза се откажа
Уште едни избори ќе ги чинат многу пари, а и големи се шансите пак да не бидне ништо.
 
На 15 мај им истекува еврообврзницата. Утре ќе им легнат на сметка неколку милијарди. Нема срања утре, ќе видиме на 15.

Имаше најави денес, дека ако не се формира влада со цврсто политичко единство, Европа нема да ги ослободи парите наменети за спас.
 
ФМИ толку време си на Македонски форум сигурно ќе знаеш што значи реченицата. Не си ја сфаќај буквално како јас да кажав „готово формираат влада“... прати контекст. Значи не би го дозволиле, што значи не се формира влада... незнам што се буниш, гледам другите ме разбрале. Мислам дека научи дека на форумот ретко кој е така директен.
Jaс те разбрав, но не мислам дека некоj ке може да им сформира влада отнадвор след като на наредни нови избори радикалните леви имат многу поголема вероватност да печелат нови гласови, а не проевропските да печелат нови гласови.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom