B
Borg_Drone
Гостин
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=120947
Станало збор за прашањето за името на средбите на грчкиот премиер Папандреу во Вашингтон во неделава што изминува. Што било кажано и колкава важност му била дадена.
На оваа тема деновиве, медиумите интензивно шпекулираа, особено со фактот дека во официјалните изјави по средбите во Стејт Департментот и Белата Куќа прашањето конкретно не беше споменато.
Единствениот кој се осврна на името не беше политичар туку лице блиско до Бога, архиепископот на грчката црква во САД, Деметриос на приемот во Белата Куќа за грчкиот ден на независноста со барање до американскиот претседател Барак Обама
„Ја повторуваме нашата молба од минатогодишната прослава за ваша потребна интервенција за се уште отворените прашања за обединување на Кипар и соодветно име за Поранешната Југословенска Република Македонија“, изјави архиепископот Деметриос.
Ведран Андоновски, Глас на Америка на македонски јазик
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=120932Советот на Европа за заштита на малцинствата
Миле А. Ристески Коментари (7)13.03.2010 15:59
Резолуцијата за заштита на националните малцинства во Советот на Европа вчера ја изгласале сите членки, но не и Грција.
Јужниот сосед остро критикуван во извештајот дека треба да го признае Македонското малцинство, јазик, да ги врати имотите на децата бегалци, но и да дозволи формирање на невладини организации на Македонците.
Грците се труделе да образложат дека конвенцијата не е според нивните вредности во кој веруваат, неможе да има Македонско малцинство кога тие биле Македонци, а македонскиот јазик бил словенски и бил поблизок до бугарскиот.
Пред изгласувањето на резолуцијата било констаирано дека Грците имаат дискриминаторски закони, одбиваат да ги вратат имотите на сите кој не се Грци по гени. Останатите земји членки не им прифатиле ниту еден од поднесените 15 амандмани, со кои Грците сакале да си ја тргнат вината од себе.
„Грција треба да постапи по резолуцијата и соодветно да ја имплементира, како што треба и да ја ратификува рамковната повелба за национални малцинства. Како што знаете во меѓународното право нема репресивна сила која што ги спроведува одлуките, туку тоа се сведува на преземени обврски на државите членки, така што јас се надевам дека Грција ќе ја реализира оваа работа која што произлегува од нејзините обврски како член на Советот на Европа“, вели Александар Николовски,
Грција признава само едно религиозно малцинство, муслиманското, но затоа пак го негира постоењето на Турците, Ромите и Македонците во земјата. Може ли да се одважи Грција и сепак да ја прифати резолуцијата за националните малцинства.
За да не биде во се контра од европските партнери гласале за препораките упатени до Советот на министри, кои предвидуваат зголемени напори за ратификување на конвенциите за човекови права и национални малцинства.
Повторно се прави истата грешка, секогаш реагираме предоцна и знак прашање е дали сега воопшто ќе реагираме?Додека Грците блокираат резолуции за заштита на малцинствата, во исто време праќаат свои дипломати (без разлика дали се претставници од владата или од црквата) и лобираат за нивните потреби (односно собираат поени), и тоа кај најмоќните држави во светот.Теми од ваков тип се отворени безбројпати, но искрено не можам да се изначудам како може до толку да не ја научивме лекцијата, го гледам ова и искрено не можам да се изначудам зошто не научивме како да играме......Досега владата сите пари што ги даде за реклами, телефонски разговори, како и парите што ги даде за промотерите (кои ништо не прават, него само шетаат по плажите на Ибица, Монте Карло, Сен Тропе и.т.н.), можеше да одвои дел од тие пари, и да формира систем како што имаат Бугарите или Грците на пример, образовен систем кој нема да произведува шовинистички настроени луѓе, како и луѓе полни со омраза кон се што е околу нив (како што е случај со нив на пример) туку образовен систем кој ќе произведе интелектуалци на кои ќе им бидат длабоко всадени корењата на патриотизмот и љубовта кон татковината, а од таков тип на луѓе државата може само да добие и тоа: вечни борци за македонскиот идентитет, култура и јазик, како што произведуваат денеска Грците и Бугарите на пример, и истите тие ги праќаат по светот да лобираат за својата држава (без разлика дали биле тоа претставници од црквата или од некоја политичка партија, сите се соединети и не прават никакви разлики, кога станува збор за оние кои имаат против нивната земја).Дел од тие пари што ги даде оваа држава (како и украде, но воедно и испра) можеше да ги вложи во МАНУ; да го промени кадарот во МАНУ кој голем дел од нив исто така имаат грчки и бугарски примања, односно се нивни полтрони; да ја оформи МАНУ по урнекот на бугарската МАН; и воедно да оди по архивите на државите да истражува и да бара докази за нашиот идентитет, а воедно и да ги објави истите тие докази во учебниците по историја, да учат нашите деца за тоа кои се и што се, како и да имаат претстава и средство со кое ќе се одбранат од оние кои „им солат памет“ за тоа кои се и што се, со разноразни фалсификати.Искрено, по форумите ќе се најдат повеќе докази за Македонците, него ли во архивите на некои институции како МАНУ, што мислам дека е навистина срамота!Ама кога голем дел од интелектуалците се партиски полтрони, а воедно и шпиуни на Бугарите и Грците.....Организираат некакви предавања од типот „колку да се каже нешто“ тоа и ќе добиеш.
Ова се сепак само дел од работите кои се напишани тука, голема улога игра и економијата на државата, но бидејќи не сме на подфорумот „Економија и Бизнис“, решив за тоа да не пишувам тука.Покрај тоа што се случува со нашите институции кои се занимаваат со проучувањето на нашата историја; се случуваат и доста други работи, како на пр: допуштањето на некои индивидуи да шетаат по земјава; по македонските градови и да делат пропаганден материјал за нашиот „вистински“ идентитет, им се дозволува на истите индивидуи да креваат бисти на разноразни револуционери кои имаат улога во македонската историја како брутални убијци на се што е македонско.Дел од тие парите што се испраа од спомениците, како и од парите што се дадоа на рекламите но и од телефонските разговори, промотерите и.т.н. можеа да се вложат во навистина нешто корисно.Решив да се дистанцирам од истиве работи уште пред пола година, но сега бев инспириран особено од ова што го прочитав и тоа на ударни; на страната на еден доста добро познат медиум кај нас (кај некои познат по добрите вести, кај некои познат по тоа што шири само омраза и.т.н.) но и двата текста што се поставени на форумот, од овој медиум не се поврзани ни со едното ни со другото што го напишав пред малку.Туку тие два текста ја претставуваат реалната слика кај нас а тоа е: дека кога станува збор за идентитетот и јазикот како и собирањето поени за нашата држава, Македонецот многу малку прави.Има еден куп причини поради кои Македонецот ги прави овие грешки, но најважните се:
-Во нашиот систем има премногу платеници на сосем рандом каузи.
-Економијата
-Лошиот образовен систем
-Домашните предавници и.т.н., и.т.н.
Теми од овој тип се безбројпати отворени, тоа ми е јасно веќе но искрено би сакал да го чујам вашето мислење што треба повеќе да се направи на ова поле, без партиски препукувања, без ширење омраза едни кон други.
И не сакам да чујам мислења од типот: „Пу да им ја е*** мамата грчка, да ви се с***м во тоа татарите, Клинт Иствуд бил Бугарин и.т.н. и.т.н.“
Поентата ми е дека наместо да ги навредуваме нашите соседи, можеме од нив доста да научиме да играме на тоа поле...Треба да се угледаме донекаде на нив, и да научиме нешто од нив, да ја спуштиме малку гордоста.И нормално, веќе еднаш да бидеме во нешто пред нив!
Грците и Бугарите (како и Србите) си ги имаат одамна завршено „домашните задачи“.Затоа и сега добиваат на тоа поле....
Што друго треба да се превземе во врска со ова, јас си го кажав своето мислење, односно кажав дел од работите иако ги има премногу но ова се според мене најважните.До кога вака?
Кој сака нека дава предлози (искрено уште од старт знам како е осудена темава, но ајде нели „надежта последна умира“) кој не сака, слободно можете да продолжите на темава и со дискусии од кафански тип.
И се извинувам однапред за ненамерната грешка, две исти теми отворени од моја страна, но на едната заборавив да го вметнам насловот, и затоа барам од модераторите да ја избришат таа тема, а оваа да ја остават.