Грците повторно не фаќаат на иста тактика.

  • Креатор на темата Borg_Drone
  • Време на започнување
B

Borg_Drone

Гостин

Станало збор за прашањето за името на средбите на грчкиот премиер Папандреу во Вашингтон во неделава што изминува. Што било кажано и колкава важност му била дадена.
На оваа тема деновиве, медиумите интензивно шпекулираа, особено со фактот дека во официјалните изјави по средбите во Стејт Департментот и Белата Куќа прашањето конкретно не беше споменато.
Единствениот кој се осврна на името не беше политичар туку лице блиско до Бога, архиепископот на грчката црква во САД, Деметриос на приемот во Белата Куќа за грчкиот ден на независноста со барање до американскиот претседател Барак Обама
„Ја повторуваме нашата молба од минатогодишната прослава за ваша потребна интервенција за се уште отворените прашања за обединување на Кипар и соодветно име за Поранешната Југословенска Република Македонија“, изјави архиепископот Деметриос.
Ведран Андоновски, Глас на Америка на македонски јазик
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=120947

Советот на Европа за заштита на малцинствата

Миле А. Ристески Коментари (7)
13.03.2010 15:59

Резолуцијата за заштита на националните малцинства во Советот на Европа вчера ја изгласале сите членки, но не и Грција.
Јужниот сосед остро критикуван во извештајот дека треба да го признае Македонското малцинство, јазик, да ги врати имотите на децата бегалци, но и да дозволи формирање на невладини организации на Македонците.
Грците се труделе да образложат дека конвенцијата не е според нивните вредности во кој веруваат, неможе да има Македонско малцинство кога тие биле Македонци, а македонскиот јазик бил словенски и бил поблизок до бугарскиот.
Пред изгласувањето на резолуцијата било констаирано дека Грците имаат дискриминаторски закони, одбиваат да ги вратат имотите на сите кој не се Грци по гени. Останатите земји членки не им прифатиле ниту еден од поднесените 15 амандмани, со кои Грците сакале да си ја тргнат вината од себе.
„Грција треба да постапи по резолуцијата и соодветно да ја имплементира, како што треба и да ја ратификува рамковната повелба за национални малцинства. Како што знаете во меѓународното право нема репресивна сила која што ги спроведува одлуките, туку тоа се сведува на преземени обврски на државите членки, така што јас се надевам дека Грција ќе ја реализира оваа работа која што произлегува од нејзините обврски како член на Советот на Европа“, вели Александар Николовски,
Грција признава само едно религиозно малцинство, муслиманското, но затоа пак го негира постоењето на Турците, Ромите и Македонците во земјата. Може ли да се одважи Грција и сепак да ја прифати резолуцијата за националните малцинства.
За да не биде во се контра од европските партнери гласале за препораките упатени до Советот на министри, кои предвидуваат зголемени напори за ратификување на конвенциите за човекови права и национални малцинства.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=120932

Повторно се прави истата грешка, секогаш реагираме предоцна и знак прашање е дали сега воопшто ќе реагираме?Додека Грците блокираат резолуции за заштита на малцинствата, во исто време праќаат свои дипломати (без разлика дали се претставници од владата или од црквата) и лобираат за нивните потреби (односно собираат поени), и тоа кај најмоќните држави во светот.Теми од ваков тип се отворени безбројпати, но искрено не можам да се изначудам како може до толку да не ја научивме лекцијата, го гледам ова и искрено не можам да се изначудам зошто не научивме како да играме......Досега владата сите пари што ги даде за реклами, телефонски разговори, како и парите што ги даде за промотерите (кои ништо не прават, него само шетаат по плажите на Ибица, Монте Карло, Сен Тропе и.т.н.), можеше да одвои дел од тие пари, и да формира систем како што имаат Бугарите или Грците на пример, образовен систем кој нема да произведува шовинистички настроени луѓе, како и луѓе полни со омраза кон се што е околу нив (како што е случај со нив на пример) туку образовен систем кој ќе произведе интелектуалци на кои ќе им бидат длабоко всадени корењата на патриотизмот и љубовта кон татковината, а од таков тип на луѓе државата може само да добие и тоа: вечни борци за македонскиот идентитет, култура и јазик, како што произведуваат денеска Грците и Бугарите на пример, и истите тие ги праќаат по светот да лобираат за својата држава (без разлика дали биле тоа претставници од црквата или од некоја политичка партија, сите се соединети и не прават никакви разлики, кога станува збор за оние кои имаат против нивната земја).Дел од тие пари што ги даде оваа држава (како и украде, но воедно и испра) можеше да ги вложи во МАНУ; да го промени кадарот во МАНУ кој голем дел од нив исто така имаат грчки и бугарски примања, односно се нивни полтрони; да ја оформи МАНУ по урнекот на бугарската МАН; и воедно да оди по архивите на државите да истражува и да бара докази за нашиот идентитет, а воедно и да ги објави истите тие докази во учебниците по историја, да учат нашите деца за тоа кои се и што се, како и да имаат претстава и средство со кое ќе се одбранат од оние кои „им солат памет“ за тоа кои се и што се, со разноразни фалсификати.Искрено, по форумите ќе се најдат повеќе докази за Македонците, него ли во архивите на некои институции како МАНУ, што мислам дека е навистина срамота!Ама кога голем дел од интелектуалците се партиски полтрони, а воедно и шпиуни на Бугарите и Грците.....Организираат некакви предавања од типот „колку да се каже нешто“ тоа и ќе добиеш.
Ова се сепак само дел од работите кои се напишани тука, голема улога игра и економијата на државата, но бидејќи не сме на подфорумот „Економија и Бизнис“, решив за тоа да не пишувам тука.Покрај тоа што се случува со нашите институции кои се занимаваат со проучувањето на нашата историја; се случуваат и доста други работи, како на пр: допуштањето на некои индивидуи да шетаат по земјава; по македонските градови и да делат пропаганден материјал за нашиот „вистински“ идентитет, им се дозволува на истите индивидуи да креваат бисти на разноразни револуционери кои имаат улога во македонската историја како брутални убијци на се што е македонско.Дел од тие парите што се испраа од спомениците, како и од парите што се дадоа на рекламите но и од телефонските разговори, промотерите и.т.н. можеа да се вложат во навистина нешто корисно.Решив да се дистанцирам од истиве работи уште пред пола година, но сега бев инспириран особено од ова што го прочитав и тоа на ударни; на страната на еден доста добро познат медиум кај нас (кај некои познат по добрите вести, кај некои познат по тоа што шири само омраза и.т.н.) но и двата текста што се поставени на форумот, од овој медиум не се поврзани ни со едното ни со другото што го напишав пред малку.Туку тие два текста ја претставуваат реалната слика кај нас а тоа е: дека кога станува збор за идентитетот и јазикот како и собирањето поени за нашата држава, Македонецот многу малку прави.Има еден куп причини поради кои Македонецот ги прави овие грешки, но најважните се:

-Во нашиот систем има премногу платеници на сосем рандом каузи.
-Економијата
-Лошиот образовен систем
-Домашните предавници и.т.н., и.т.н.

Теми од овој тип се безбројпати отворени, тоа ми е јасно веќе но искрено би сакал да го чујам вашето мислење што треба повеќе да се направи на ова поле, без партиски препукувања, без ширење омраза едни кон други.
И не сакам да чујам мислења од типот: „Пу да им ја е*** мамата грчка, да ви се с***м во тоа татарите, Клинт Иствуд бил Бугарин и.т.н. и.т.н.“
Поентата ми е дека наместо да ги навредуваме нашите соседи, можеме од нив доста да научиме да играме на тоа поле...Треба да се угледаме донекаде на нив, и да научиме нешто од нив, да ја спуштиме малку гордоста.И нормално, веќе еднаш да бидеме во нешто пред нив!
Грците и Бугарите (како и Србите) си ги имаат одамна завршено „домашните задачи“.Затоа и сега добиваат на тоа поле....
Што друго треба да се превземе во врска со ова, јас си го кажав своето мислење, односно кажав дел од работите иако ги има премногу но ова се според мене најважните.До кога вака?
Кој сака нека дава предлози (искрено уште од старт знам како е осудена темава, но ајде нели „надежта последна умира“) кој не сака, слободно можете да продолжите на темава и со дискусии од кафански тип.

И се извинувам однапред за ненамерната грешка, две исти теми отворени од моја страна, но на едната заборавив да го вметнам насловот, и затоа барам од модераторите да ја избришат таа тема, а оваа да ја остават.
 
Член од
29 декември 2008
Мислења
1.505
Поени од реакции
43

Не разбирам каде тоа сме наседнале.Па владата експресно ги демантира сите шпекулации.Веднаш по објавувањето на сите грчки медиуми.
 
M

marsovka

Сакаш да почнам ?
Немање стратегија, какофонија во изјавите, криење на информации кои покасно испливуваат во грчките медиуми, криење факти за економијата ( скроено според грчки терк чекај уствари овие научиле нешто ), давање пари за новокомпонирани ора и спотови од типот македоноиди со кои се повеќе се создава збрка во главата на народот и со тоа се поткопува индетитетот а притоа децана мислат дека Гоце делчев е фудбалер а Никола Карев средно школо, создавање на нови поделби и зајачување на поделбите во внатрешен план( и жити мене како ќе се поставиме во надворешна политка кога внатре сме разидинети и совршени за приготвување на суфле ала ирак на балкански начин ) .... and on and on and on
Патем дали го спомнав интервјуто со срџан Керима во теа модерна каде човекот се пожали дека некои лобисти не биле платени од власта за услугите а биле бајаги влијателни ах деца уште да си пукаме у нога ...
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.427
Поени од реакции
5.107

Барем не го продаде името како што некои во минатото направија...
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.793
Поени од реакции
12.275
Да
Немање стратегија, какофонија во изјавите, криење на информации кои покасно испливуваат во грчките медиуми, криење факти за економијата
со секоја влада гледаме едни исти ствари, само со името ќе имавме повеќе проблем со...
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Сакаш да почнам ?
Немање стратегија, какофонија во изјавите, криење на информации кои покасно испливуваат во грчките медиуми, криење факти за економијата ( скроено според грчки терк чекај уствари овие научиле нешто ), давање пари за новокомпонирани ора и спотови од типот македоноиди со кои се повеќе се создава збрка во главата на народот и со тоа се поткопува индетитетот а притоа децана мислат дека Гоце делчев е фудбалер а Никола Карев средно школо, создавање на нови поделби и зајачување на поделбите во внатрешен план( и жити мене како ќе се поставиме во надворешна политка кога внатре сме разидинети и совршени за приготвување на суфле ала ирак на балкански начин ) .... and on and on and on
Патем дали го спомнав интервјуто со срџан Керима во теа модерна каде човекот се пожали дека некои лобисти не биле платени од власта за услугите а биле бајаги влијателни ах деца уште да си пукаме у нога ...
Maла никој не побара Екпертутско Мислење :tv:
 
B

Borg_Drone

Гостин
Не разбирам каде тоа сме наседнале.Па владата експресно ги демантира сите шпекулации.Веднаш по објавувањето на сите грчки медиуми.

Тоа не е доволно, треба многу повеќе од тоа да правиме а имаме можности.....И нажалост на тоа поле скоро ништо не правиме, затоа и не претркаа за Букурешт (иако имавме огромна предност на почетокот) 2008 година, затоа и ден денес истите тие играчи секогаш се чекор пред нас.
Нема лобирање надвор по земјите, нема презентации, а искрено и не знам како тоа ќе се постигне со ова општество овде каде уште учи од книги од СФРЈ, со академија која скоро ништо не прави на полето за македонскиот идентитет, реков повеќе материјал за Македонија може да се најде по форумите, отколку по учебниците по историја како и по архивите на нашите институции.
Проблемот е дека нема воопшто активност, се игра на тактиката „фрли рипче, фати крапче“ , за да може лесно да се прелаже обичниот граѓанин, се фрлаат пари (премногу пари) на работи, на кои не треба да се фрлаат толку пари........И ред други работи.Грците се крахирани во моментов, владата нивна мака мачи како да излезе на крај со нивните граѓани кај нив ситуацијата е буквално „Divide et Impera“ .Но и покрај тоа, грчката влада пак се обидува да остане во тек со работите, со праќањето на вакви полтрони од нивна страна....
 
Гоч

33 1/3 rpm
Член од
17 мај 2009
Мислења
1.417
Поени од реакции
47

Се е тоа фино, ама не треба да се прави во 2010 година... Ние сме држава од 1991 година, и тие работи требаше да бидат разрешени најдоцна за три-четири години. А каква сакаш да е ситуацијата кога пола во 1991 година не веруваа дека државата ќе преживее, пола плачеа за Југославија, донесовме претседател од Белград, а лидерот на опозицијата беше со срцето во Софија?
За историјата немаме време, за државата немаме волја.
Ако гледаш од таа точка, тогаш дури имаме среќа што се уште сме Македонија. :toe:

Во горниот пост посочи дека сме требале да ја намалиме гордоста? Која гордост, човече? 95% од луѓето во Македонија си ја плукаат државата, не веруваат во себеси, во своето семејство, во своето мало, во својот град, а ти велиш премногу сме горди... За таа "гордост" ако ја сметаш инвазијата на гооолеми Македонци, тоа е само еден рефлекс - тие не негираат, ние ништо не читаме, туку веднаш зборуваме за нашата крвна врска со Александар. Научено, недоучено.

Патем дали го спомнав интервјуто со срџан Керима во теа модерна каде човекот се пожали дека некои лобисти не биле платени од власта за услугите а биле бајаги влијателни ах деца уште да си пукаме у нога ...
OMG!
Срѓан Керим интервју ----> Теа Модерна.
 
B

Borg_Drone

Гостин
Се е тоа фино, ама не треба да се прави во 2010 година... Ние сме држава од 1991 година, и тие работи требаше да бидат разрешени најдоцна за три-четири години. А каква сакаш да е ситуацијата кога пола во 1991 година не веруваа дека државата ќе преживее, пола плачеа за Југославија, донесовме претседател од Белград, а лидерот на опозицијата беше со срцето во Софија?
За историјата немаме време, за државата немаме волја.
Ако гледаш од таа точка, тогаш дури имаме среќа што се уште сме Македонија. :toe:

Во горниот пост посочи дека сме требале да ја намалиме гордоста? Која гордост, човече? 95% од луѓето во Македонија си ја плукаат државата, не веруваат во себеси, во своето семејство, во своето мало, во својот град, а ти велиш премногу сме горди... За таа "гордост" ако ја сметаш инвазијата на гооолеми Македонци, тоа е само еден рефлекс - тие не негираат, ние ништо не читаме, туку веднаш зборуваме за нашата крвна врска со Александар. Научено, недоучено.
За гордоста понатаму нема да пишувам, ќе премолчам зошто на крај ќе бидам сметан од доста луѓе кои ги почитувам за анти-патриот, предавник, ќе се делат негативни поени (веќе проверено), и покрај тоа што намерите ми се најдобронамерни.
За погорниот дел, затоа напишав треба да создадеме образовен систем кој ќе им овозможи на нашите граѓани (воедно и на идните поколенија) поголем и подобар контакт со вистината за македонскиот идентитет, а тоа ќе се постигне само ако се променат учебниците по историја, и се натрупа материјал за македонската историја.За Југославија нема да дискутирам, зошто тоа е веќе друга тема, ќе се задржам конкретно на ова.Реално гледано, ние скоро и немаме некаква архива, голем дел од документите се или во бугарско поседништво, или во српско а и најважните документи кои ќе овозможат поголем и подетален преглед на работите се запалени од страна на тајните служби.Но, Бугарија и Србија не се единствените држави кои можат да ни обезбедат материјал, има и други држави (особено од западноевропските земји) кои можат да обезбедат значително вреден материјал за македонската историја.И што е најжалосно тој материјал може да се најде само по форуми, ископан од страна на некој македонски гастарбајтер (не научник), што е многу жалосно.
Затоа и се случуваат овие работи денеска во оваа држава, особено со младината каде уште се пали на типови како Аркан на пример. А да ги прашаш некои кога е роден Гоце Делчев нема ни да ти одговорат, ќе ти кажат дека Гоце Делчев е „галабарот од Западно Кавадарци“ (инспириран од потписот на Кајзер Созе).Тоа е една од причините, значи една од причините која е виновна за размислувањето на денешното општество, покрај економијата, тоа е на второ место.А таа може да се промени, а воедно ако и се промени може да произведе сосем спротивен ефект, може ова да произведе нација која ќе има волја за државата, тоа се случи на пример во Германија пред да дојде Хитлер на власт, и таму буквално беа деморализирани од Версајскиот договор и ред други работи....Нормално реков, да не се ориентираме кон тоа да произведеме шовинистички настроена нација....
Затоа горе и напишав треба да се променат овие работи додека не е предоцна.А многу малку се прави на тоа поле, дури и кога се прави (со спомениците на пример) се гледа само како да се исперат повеќе пари од сето тоа.............
 
Гоч

33 1/3 rpm
Член од
17 мај 2009
Мислења
1.417
Поени од реакции
47
За гордоста понатаму нема да зборувам, ќе премолчам зошто на крај ќе бидам сметан од доста луѓе кои ги почитувам за анти-патриот, предавник, ќе се делат негативни поени (веќе проверено), и покрај тоа што намерите ми се најдобронамерни.
За погорниот дел, затоа напишав треба да создадеме образовен систем кој ќе им овозможи на нашите граѓани (воедно и на идните поколенија) поголем и подобар контакт со вистината за македонскиот идентитет, а тоа ќе се постигне само ако се променат учебниците по историја, и се натрупа материјал за македонската историја.За Југославија нема да дискутирам, зошто тоа е веќе друга тема, ќе се задржам конкретно на ова.Реално гледано, ние скоро и немаме некаква архива, голем дел од документите се или во бугарско поседништво, или во српско а и најважните документи кои ќе овозможат поголем и подетален преглед на работите се запалени од страна на тајните служби.Но, Бугарија и Србија не се единствените држави кои можат да ни обезбедат материјал, има и други држави (особено од западноевропските земји) кои можат да обезбедат значително вреден материјал за македонската историја.И што е најжалосно тој материјал може да се најде само по форуми, ископан од страна на некој македонски гастарбајтер (не научник), што е многу жалосно.
Затоа и се случуваат овие работи денеска во оваа држава, особено со младината каде уште се пали на типови како Аркан на пример. А да ги прашаш некои кога е роден Гоце Делчев нема ни да ти одговорат, ќе ти кажат дека Гоце Делчев е „галабарот од Западно Кавадарци“ (инспириран од потписот на Кајзер Созе).Тоа е една од причините, значи една од причините која е виновна за размислувањето на денешното општество, покрај економијата, тоа е на второ место.А таа може да се промени, а воедно ако и се промени може да произведе сосем спротивен ефект, може ова да произведе нација која ќе има волја за државата, тоа се случи на пример во Германија пред да дојде Хитлер на власт, и таму буквално беа деморализирани од Версајскиот договор и ред други работи....Нормално реков, да не се ориентираме кон тоа да произведеме шовинистички настроена нација....
Затоа горе и напишав треба да се променат овие работи додека не е предоцна.А многу малку се прави на тоа поле, дури и кога се прави (со спомениците на пример) се гледа само како да се исперат повеќе пари од сето тоа.............
За гордоста погрешно ме сфати. Не зборувам за гордоста да се биде (етнички) Македонец, тоа е личен однос кон тоа што си, зборувам за гордоста да се биде државјанин на Република Македонија, со сите товари кои тоа ги носи...
Се согласувам дека образовниот систем ни е најголемата пречка за нормален развој на нацијата, но за тој да се смени прво треба да се избркаат пола професори над 50 години, кои се држат до своето место само поради тоа што немаат дома што да им прават на внуците. Ниту еден компјутер, нов објект или убави столчиња нема да донесат ум, тоа е задача на професорите. И тоа кај народ кој има традиција на даскалство и тоа гооолема.

Историските документи не ни се проблем, тие ги има на ТОНИ - само види тука што се има на кајгана - а пола од тие книги не се преведени, а да не зборуваме за протолкувани или детално проучени. И не треба да одиме до западот, ене ни го Стамбол, има таму доволно документи и артефакти - да пратиме 50-тина историчари да работат па да видиме што ќе се случи. Но, за се тоа треба СТРАТЕГИЈА, нешто што ние не успеваме да го завршиме 19 години (!!!).

За шовинизмот во Македонија, за жал, сметам дека е неизбежен...
Кога на вести ти се труби само за тоа како треба да го смениме името за да избегнеме катаклизма и да предизвикаме WWIII, како сакаш да реагира нормален необразуван и недоделкан Македонец. Нормално, ќе се тупа во гради со Александар, ќе замислува како качен на тенк го ослободува Солун и Пирин, без да размисли за што тоа зборува. Од друга страна истите медиуми му кажуваат колку е за никаде, на весниците им се дозволува да пишуваат сешто навредливо за неговото етничко чувство (нешто што не им е дозволено во цивилизираните земји, иронично). А исто така му се вели дека треба да се откаже од својата традиција (од која и така е мнооогу дистанциран), и дека треба да биде пост-модерен, без корен, но и со некоја недефинирана иднина.

Но, има и причини за оптимизам. Младите генерации (најверојатно) не се оптоварени со фрустрациите на постарите генерации. А, можеби е време да увеземе политичари од нашата дијаспора?
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
Јас би рекол само едно - јалови политичари! А доста јалов е и народот (секоја чест на исклучоците).
Се што ми останува е да се надеваме дека одговорните конечно ќе ја превземат одговорноста.
Точно е дека ни се потребни реформи на се она што си спомнал погоре , за да добиеме на квалитет и да ги завршуваме домашните задачи точно и навремено. А за ова е одговорен јаловиот народ, јаловиот млад Македонец кој и покрај фактот што не може многу да научи, одбива и тоа малкуто да го учи, а за ова се криви неговите јалови, неодговорни и незаинетересирани родители кои воопшто не се грижат за неговата култура и иднина! Кога ќе наброиш се изгледа еден куп на кој никогаш не би можеле да му ставиме ред. Ама не е така. Е сега кој, како и од каде ќе започне ... зависи од секој еден Македонец индивидуално, од најобичниот граѓанин , па се до оние најодговорните , врвот на Македонија, оние кои треба да им дадат насока и смисла на сите овие работи.
 
Јас би рекол дека и тоа е еден стереотип. Нели, Македончето - не го бива за ништо, нешто да стави во џеб, да се курчи пред комшиите или другарите и слично...
Проблемот е што наместо трансфер од еднопартиски систем во вистинска демократија (знаеш она, бираш некој, тој е одговорен за тоа што го прави, и работи колку толку на твоите проблеми), ние се префрливме во низа на такви трагични политички ликови (да не ги набројувам) кои го убија поимот на политика и на вербата во политика.
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
Тоа е еден ланец на случувања, едното има влијание (ова е србизам ми се чини) на другото. Политичарите произлегуваат од обичниот народ, обичниот народ ги бира политичарите , политичарите ги прават нивните програми за кои се избрани од народот. Народот се образува во школи чиј начин на образование го креира пред се политиката во земјата, од тоа образование излегуваат други „образовани“ политичари. Истото е со здравството, истото е со одговорноста. Здравството е создадено од полтичари односно доктори кои се членови на политички партии, кои се образувале на македонски универзитети, одговорноста на граѓаните и полтичарите, се развива во нивните детски денови во зависност од тоа како ги воспитували нивните родители, учители, професори, како ги одгледало нивното општество.... се се врти во круг. :toe:
 
Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Што друго треба да се превземе во врска со ова, јас си го кажав своето мислење.....
Секој да почне да удри по своите. Значи секој нека избере кои се негови и на кои најмногу им ветувал и нека почне да мава... ама вистински да мава. Она што сега се случува е смешно. Опозицијата ја напаѓа позицијата и обратно, а логиката кажува дека ниту позицијата ветила нешто на опозицијата, ниту обратно. Секогаш ветувањата се упатени кон своите. Оттука додека секој не почне да мава по своите за изневерените очекувања, никогаш нема да дојде на ред да се постават нови вредности кои ќе бидат преточени во вистински насоки по кои ќе се резвива Македонија. Потоа ќе биде многу лесно, сите области во општеството да зачекорат по вистинскиот пат. Во контекст на мавањето, овде ќе ги вклучам и поголемиот број на новинари, кои како хиени, хранејќи се со политичките мрши, етерот го напавија приватна сопственост преку кој како самобендисани ексклузивци на истиот, се изживуваат силувајќи ги граѓаните во здрав мозок.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom