Група Ц (MKD, GER, SLO, MNT) - Загреб

Која екипа нема да се пласира понатаму?

  • Германија

    Гласови: 9 6,2%
  • Словенија

    Гласови: 14 9,7%
  • Македонија

    Гласови: 14 9,7%
  • Црна Гора

    Гласови: 108 74,5%

  • Вкупно гласачи
    145
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Најјако беше кога коментаторот на Телма не знаеше како се вика тој удар.

Sent from my ALE-L21 using Tapatalk
Абе и ја немаше да знам да немав за професор по спорт ракометарка. :D:D

Али ај, може на академија немале предмет ракомет, па ова им е сега шпанско село. :D:D
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.072
Поени од реакции
11.057
Како е можно да сакате Данска да победи?Мислите малце?
Ако победи Данска,сите екипи ќе имаат по 2 бода (Данска,Шпанија,Чешка),а ние ќе имаме 3 и ќе биде тесно.
Доколку победи Шпанија,ситуацијата ќе биде следна
Шпанија 4
Мкд 3
Герм Чешка 2
Словенија 1
Данска 0
Што значи тоа? Дека со победа против Чешка ќе имаме 5 бодови повеќе од Данска,и ќе треба да има само еден кикс на Данска за да бидеме пред нив на крајот.
Со победа на Шпанија вечерва и наша победа против Чешка,ќе имаме и те како шанси за 1/2финале.
Доколку победевме против Германија а Шпанија ја победи Данска,натпреварот со Чешка ќе беше одлучувачки и доколку го победевме скоро сигурно ќе бевме во полуфинале
Штета.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
1.534
Поени од реакции
3.726
А како тоа прва
Затоа што во тој случај Црна Гора ќе помине во следна фаза со 0 бодови, ние и Германците ќе имаме по 3 бода(победи против Црна Гора и меѓусебна нерешено) али они ќе бидат први поради подобра гол разлика затоа што ја тепаа Црна Гора убедливо.
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Последна акција.
Столе го погодува овој швабата у десната рака.
Случајно или EHF се обидува да комуницира?
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
5.539
Поени од реакции
4.066
Нема што да му се замери на Столе. Дечкото ни е најголем Лав на првенствово, гине и одбрана и напад. Утна зицер за победа, згреши пас на 2 минути пред крај, ама заради Се тоа што го прави за репрезентацијата, не само сега туку и сите овие години, само би рекол поклон до под за него. Осеќам дека после ова ќе искине уште повеќе во Вараждин.

Друго, добро е што отпаднаа Унгарците, нема да ги има унгарските кинези, да пројдеа ќе направеа инвазија, ќе ја окупираа цела сала. :) Вака, имаме пат да ја напуниме ние, 5000 е, можеме да ја накрцаме и да играат нашиве буквално како да се у Борис.
 
Член од
13 март 2009
Мислења
672
Поени од реакции
284
Затоа што во тој случај Црна Гора ќе помине во следна фаза со 0 бодови, ние и Германците ќе имаме по 3 бода(победи против Црна Гора и меѓусебна нерешено) али они ќе бидат први поради подобра гол разлика затоа што ја тепаа Црна Гора убедливо.
Ние ќе бидеме со 5 бода германците со 4, не може да бидат први во група мада тоа ништо не менува во наредната група
 
Член од
16 јули 2013
Мислења
3.865
Поени од реакции
4.368
Како е можно да сакате Данска да победи?Мислите малце?
Ако победи Данска,сите екипи ќе имаат по 2 бода (Данска,Шпанија,Чешка),а ние ќе имаме 3 и ќе биде тесно.
Доколку победи Шпанија,ситуацијата ќе биде следна
Шпанија 4
Мкд 3
Герм Чешка 2
Словенија 1
Данска 0
Што значи тоа? Дека со победа против Чешка ќе имаме 5 бодови повеќе од Данска,и ќе треба да има само еден кикс на Данска за да бидеме пред нив на крајот.
Со победа на Шпанија вечерва и наша победа против Чешка,ќе имаме и те како шанси за 1/2финале.
Доколку победевме против Германија а Шпанија ја победи Данска,натпреварот со Чешка ќе беше одлучувачки и доколку го победевме скоро сигурно ќе бевме во полуфинале
Штета.
U pravo si ama spancite imaat dosta povredi i tesko so ovoj roster da uspeat,iskreno mislam deka mozeme niv i ceska da gi tepame pa sto ponatamu ke vidime.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.451
Поени од реакции
68.695
Затоа што во тој случај Црна Гора ќе помине во следна фаза со 0 бодови, ние и Германците ќе имаме по 3 бода(победи против Црна Гора и меѓусебна нерешено) али они ќе бидат први поради подобра гол разлика затоа што ја тепаа Црна Гора убедливо.
Во нашата група нема да бидат први, ама во новата група ќе бидат подобро рангирани од нас, така да првото место ќе можеме во гз да си го напикаме :D

Пак ќе кажам, сто години играме во истиор формат на првенствава, уште постојат фаци што не ги разбираат работите. Уште почудно е што повеќето активно следат ракомет.
 

DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.704
Поени од реакции
5.334
Не правите си пресметки за тоа колку денови имаме слободно , дали победила Словенија или Црна Гора бидејќи не им е првпат на ЕХФ да менуваат распоред ако во првичниот сметале дека Германија ќе биде прва .

братче ние можеме да си праиме бајрам на умот колку сакаме... битно е дечите доле шо се на паркет да не праат никакви калкулации и пресметки :)
 
Член од
16 јануари 2018
Мислења
7
Поени од реакции
7
Ние сигурно одиме како првопласирани од оваа група во главната група и сигурно играме во Недела со првопласираниот од Д групата.
 
Член од
8 септември 2008
Мислења
11.834
Поени од реакции
10.147
Ми СНЕМА СТРУЈА последни 4 минути!!!!! Абе ќе појдам главниов далновод за дома ќе си го земам банда лоповска.
Столеееееее бееењњ брат зар мораше ти да утниш, лееее како мојше да одбранот копилево залижано?!
Ама одиме напред, секоја чеат на Поповски изигра перфектно, мораше порано да влезит. Кире во второ проработе, Дегустаторов конечно двоцифрен. ТАЛЕСКИ МАЕСТРАЛЕН денеска за сите гомна што ги изедовме досега. ИСКИНА второ одбрана напад. Без Јоноски скоро цело второ. Браво бе МАКЕДОНЧИШТА, БРАВООООООООО!!!
 

Rigil

Tu te reconnaîtras
Член од
14 јуни 2015
Мислења
6.394
Поени од реакции
7.326
Во нашата група нема да бидат први, ама во новата група ќе бидат подобро рангирани од нас, така да првото место ќе можеме во гз да си го напикаме :D

Пак ќе кажам, сто години играме во истиор формат на првенствава, уште постојат фаци што не ги разбираат работите. Уште почудно е што повеќето активно следат ракомет.

Никаква улога не игра нивната голема победа над Црна Гора , ако Црна Гора е таа што ќе оди понатаму . Освен ако не очекуваш Црна Гора да направи светско чудо во втора фаза па да дојде до некаква комбинација со ист број на бодови?
 
Последно уредено:

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.014
Поени од реакции
7.730
Во нашата група нема да бидат први, ама во новата група ќе бидат подобро рангирани од нас, така да првото место ќе можеме во гз да си го напикаме :D

Пак ќе кажам, сто години играме во истиор формат на првенствава, уште постојат фаци што не ги разбираат работите. Уште почудно е што повеќето активно следат ракомет.
Распоредот за играње по денови е по пласманот од групите во првата фаза.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom