Група Ц (MKD, GER, SLO, MNT) - Загреб

Која екипа нема да се пласира понатаму?

  • Германија

    Гласови: 9 6,2%
  • Словенија

    Гласови: 14 9,7%
  • Македонија

    Гласови: 14 9,7%
  • Црна Гора

    Гласови: 108 74,5%

  • Вкупно гласачи
    145
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695

Во балканско-бундес групата која ќе се игра во Арената во Загреб, силите ќе си ги одмерат актуелниот европски шампион и бранител на титулата, Германија и три балкански репрезентации: Македонија, Словенија и Црна Гора.

Група на стари познаници кои во минатите години си ги одмерувале силите низ евро и континенталните собири.

Без да ја должиме многу, одиме со претставувањето на екипите:

Германија:

Двоктратниот и актуелен европски шампион, на ова првенство влегува со делумно променет ростер и нов тренер.

Спојот на играчи со завидно искуство кои се влезени во најдобрите ракометни години, секако ги става во прв план, ако не за одбрана на титулата, барем за борба за медал. Скупина на играчи од бундеслигата, со капитенот Генсхајмер како единствен „интернационалец“ од ПСЖ.

На голот треба да доминира најдобриот голман од минатото ЕП, Андрес Волф, а негова замена е искусниот Силвио Хајнвитер.

Левокрилната позиција е резервирана за Уве Генсхајмер откако Руне Дамке беше неочекувано изоставен, а на десната ќе ротираат Рајхман и Грецки.

Бековската позиција им е сочинета од типични бундес бомбардери како најстариот меѓу нив, Штефан Вајнхолд и помладите Кун, Фатх, Друкс, Хафнер и дебитантот Максимилан Јанке.

На пикерската позиција се одлично покриени со Винчек и Пекелер кои ќе покираат во два правци, но и младиот Колбахер кој може да биде скриено оружје во нападот.

Тренер:
Тренер на Германија е речиси анонимусот Кристијан Прокоп кој минатаат 2017 беше назначен за наследник на Сигурдсон. Во квалификациите рутински си ја заврши својата работа, но неговото кратко CV е најголемата енигма околу Швабите. Досега го има тренирано само РК Лајпциг и е прогласен за тренер на годината во Бундес пред 2 сезони.

Црна Гора:

Најмладата екс југолсовенска република веќе го бележи својот четврти настап на европските ракометни собири. Во квалификациите почна катастрофално, но се прероди после промената на тренерот. Предводена од Вуко Борозан успеа да го освои второто место во својата квалификациона група.

Ростерот за ова ЕП, очекувано им е целосно интернационален сочинет од неколку бундеслигаши и уште 2-3 играчи кои играат во силни клубови, додека втората половина од тимот доаѓа од релативно просечни екипи.

Голманската позиција им е многу интересна затоа што меѓу стативите ќе бидат ветеранот Раде Мијатовиќ и еден од најдобрите млади голмани во Европа, несудениот играч на Вардар, Небојша Симиќ, актуелен голман на Менслунген.

„Фамозното“ бековско дуо Борозан - Липовина, за жал веројатно нема да го гледаме, бидејќи ударната сила на црногорците, Вуко Борозан доживеа сообраќајна несреќа која го стави под знак ? неговото учество на ова ЕП. Без него покрај Липовина, товарот на навалната линија треба даго превземе Васко Шевављевиќ, поддржан од младиот Штефан Чавор. Повикани се и неколку искусни играчи како Стефан Вујовиќ и Жарко Пејовиќ.

Ако имаат солидна бековска линија, тогаш внатрешната линија им е просечна, за европски стандарди. На крилата ќе бидат играчи како Вујовиќ, Марковиќ, Ласица и Радовиќ. На пикерската позиција ќе бидат Немања Грбовиќ и некогашниот Вардарец, Вук Лазовиќ.

Тренер:
Некогашен Вардарец а и краткотраен селектор на Македонија ќе биде и на клупата на Црна Гора. Тоа е Драган Џукиќ, кој на клупата на Црногорците седна по оставката на Обрадовиќ и успеа со серија добри резултати да се пласира на ЕП. Во својата кариера има сменето премногу клубови и репрезентации.

Словенија:

Носителите на бронзен медал од последниот Мундијал минатата година, на ова ЕП влегуваат со многу проблеми кои ќе им отежнат во обидот да го повторат успехот од СП. На Веселин Вујовиќ во пресрет на шампионатот му се повредија Јуре Доленец и Матеј Габер. И покрај тоа, Словенија има неколку квалитетни играчи кои го чинат еден од посилните ростери на ова ЕП.

На голот друштво на Матевж Скок ќе му прави Урбан Лесјак.

Доколку Јуре Доленец нема да може да настапи, товарот на десната бековска позиција ќе биде над Вид Кавтичник, а во комбинација може да влета и универзалниот Блаж Јанц. На плејмејкерската позиција се сигурно Зарабез и Бежјак, додека лево главен бомбардер треба да биде Маковшчек. Жига Млагар и Нејц Цехте ќе ја чекаат шансата од клупата.

Без Габер, одговорноста на пикерската позиција целосно ќе остане на Благотиншек, додека на крилата Цингесар и Маргуч би требало да се сигурни.

Тренер:
Ако Ѓукиќ е заборавен екс тренер на Вардар, за македонската јавност тоа сигурно не е Веселин Вујовиќ. Миленикот на Комитите како селектор на Словенија освои бронзен медал на претходното ЕП а на ОИ во Рио заврши шестопласиран. Неговата кариера ни е позната.

Македонија

И за крај, нашите момци. Најдобрата генерација на македонскиот ракомет својот последен бал ќе го одигра во државата каде што и започна турнеата на Македонија низ континенталните и светските собири, Хрватска. Според многумина, последната шанса, на „близок“ терен да се направи уште еден подвиг и да се заврши во подобрата половина од табелата.

Со неколку стари волци кои се ближат веќе кон својата петта деценија од животот и неколку млади таленти кои сеуште не покажаа ништо од најавеното, бар на големата сцена, предводени од актуелниот европски шампион Раул Гонзалез и најверојатно со голем ветар во грб од верната Фаланга, македонската ракометна репрезентација на ова ЕП влегува со недефинирана цел.

Во голем дел тоа се должи и на не така лесната и незгодна група и со вториот исход на ждрепката, односно со противниците кои би ги добиле во евентуалната втора фаза каде што најверојатно не чекаат Шпанија и Данска.

Но да видиме со кои сили ќе располагаме ние на ова ЕП:

На голот сеуште ќе се нервираме со „Министерот за одбрана“, кој е тазе верен, па се надеваме дека на ова ЕП ќе пружи бар 1 добра партија на секои 3, наместо неговиот просек од последните каде што пружаше 1 добра партија на секои 5. Негова верна замена ќе биде сеуште талентираното момче Николче Митрески, а уште еден талент, Златко Даскаловски ќе чека шанса од трибините.

Големи се шансите ова да биде и последен настап на легендата на македонскиот и светскиот ракомет, еден од најдобрите бекови кои некогаш заиграле со топката излепена со восок, големиот Кире Лазаров. Немајќи ги Омејер и Наѓ, сега Ќиро со своите 37,5 години ќе биде најстариот играч на првенството. Иако во кариерата релативно се чуваше од повреди, оваа сезона не му се посреќи и ја игра можеби најслабата сезона во својата вонземска кариера. Засега не му легна Нант и формата му беше лабилна ко целата кариера на Борко Ристоски. Се надеваме дека ќе смогне сили и уште еднаш ќе уживаме во неговите бомбардирања, овојпат со редуциран и специјален режим од Раул, неговиот дамнешен познаник од Сиудад Реал и Атлетико Мадрид.

Неговите замени, односно наследници во репрезентацијата, дуотот Филили, Кузмановски и Талевски, сеуште не можат да ги пополнат ниту патиките на третиот Филип, Лазаров, братот на Кире. Иако Фитиљо на минатото ЕП одигра неколку добри партии и најави дека ќе биде нашиот нов бомбардер, слабата форма како последица на повредите го спречи од добри и константни партии оваа сезона. Талевски пак во РНЛ повеќе го челичат за одбрана, што може да делува и добро и за нашата игра, па со тоа да го намалиме ротирањето кое ни е останато на ниво на ракомет од минатата деценија.

На плејмејкер имаме уште двајца ветерани. Стандардниот Жути како прв избор, кој во Бундес лигата игра колку што може со неговите години и 14987 повреди, а кревок е и Немања Прибак кој исто така има проблеми со повредите. Тука ќе биде и стаднардно Филип Лазаров да влезе во игра кога ќе имаме играч вишок на теренот.

Вреди да се напомене и дека после долго време, замена за Кире нема да биде легендарниот Влатко Митков, туку сега шанса од клупата ќе чека младиот Мартин Велковски.

Одбранбеното дуо Ацо Јоновски и Велко Марковски веќе не е тоа што беше, но и од нив се надеваме на последно успешно млатење на противничките играчи.

Столе е како и секогаш во последниве собири прва опција на пикер, а резерви исто како и секогаш во последно време му се Жаре Пешевски и Никола Марковски.

И нашите стартни крила се дел од тимот кој е веќе долго време непроменет, Дејан Манасков и Гоце Георгиевски, а нивни замени ќе бидат Ојлески и Поповски.

Тренер:
Овојпат, ја имаме честа, тренер одосно селектор на репрезентацијата да ни биде најдобриот ракометен тренер во светот, актуелниот освојувач на Лигата на Шампионите, моментален командант на Вадар и за жал иден тренер на ПСЖ, the silent genius Raul Gonzalez. Не знам што би пишал за него а што не го знаеме, човекот веќе ни е познат толку добро колку што тој добро зборува македонски. Он е на ова првенство можеби нашиот најголем адут, дека со своето магично стапче ќе успее да извлече максимум од овие играчи и ќе завршиме на респектабилно место.

Што се однесува до нашата „историја“ со противниците од групата, и со Словенија и со Германија имаме негативен скор. Односно само еднаш ја имаме добиено Словенија, трипати загубено од нив, а и трипати загубено ви трите меча против Германија. Ова ќе ни биде дебитантски настап на големите натпреварувања против Црна Гора.

На сите три последователни европски првенства до сега успевавме да го минеме првиот круг. Тоа и овојпат би било она „остварување на првичната зададена цел“ и небрукање. Реално, пласман на финалната табела во топ 8 би бил успех, а све над 6 место би било чудо.

Тоа е што засега би се пишало за „нашава“ група, нека ни е со среќа, па да ја обоиме Арената во Загреб во црвено-жолто.
 
Член од
2 август 2017
Мислења
263
Поени од реакции
365

Mnogu ironicna analiza si izrabotil za nasata reprezentacija.
 
Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
Добар, лош, грд + Волф:icon_lol:
26685350_1998190856865484_7457710114360970896_o.jpg 26678092_1998190850198818_803145147856225091_o.jpg 26240700_1998191280198775_8958036498326527402_o.jpg + 26198674_1998190820198821_297353763921610664_o.jpg
Кои фаци се, да си ебат векот:pos:.Како од рускиот фронт да се вратени, Сталинград 1941 година.:icon_mrgr:
Задржаа "автентичност" во ракометот, за разлика од останатите спортови, Хитлер би бил горд:pipi:.
Овие да ги тепаме па макар изгубиле и од Црна Гора:icon_mrgr:, нормално да ги тепаме и Словенците, а Црна Гора да не се пласира понатаму и да пренесеме 4 бода во втора фаза, добар план.:pipi:
Ароганција до максимум, овие и Данците.
Заебано е шо играме со нив во последно коло, да игравме прво коло па одморни да ги удриме со се што имаме, вака многу ќе зависи колку ќе се истрошиме на првите два дуели.
Неверојатно заебана репка се, пред се непредвидлива, знаат да тепаат со Шпанија во финале на ЕП со 10 разлика, но знаат и да изгубат од Катар при водство од +5 во 40та минута. имаат долга клупа, што е многу заебано, за разлика од Норвешка на пример, или пак :oeoeoe::kruna: зошто горе долу знаеш дека имаат само една јака постава, овие имаат неограничени резерви и не знаеш од кај ќе те удрат.
Груба одбрана играат, валкана, со многу провокации, со многу прекини на игра, пред се касапите во средина, Пекелер, и Винчек не е нималку нежен, ќе има мака Столе со овие киклопи, но учен е, треба да изнуди многу исклучувања, посебно ако не губат топки бековите при обидите да ја спуштат топката до него.
За овие лекот е Жути, им го знае стилот на игра, научен е на таа дуел игра, па би требало со неговата брзина и пробивност доста ремет да им направи,брз е на нозе, стартен, тешко дека ќе можат да го следат, немаат играчи во одбрана кои ќе можат да го задржат,и Прибак е таков тип на играч, би требало Раул да го исфорсира и него, посебно зошто има искуство Прибак играјќи за Вардар против ХСВ и Фленсбург..
Тој е клучот, да не се забиеме во централната одбрана, да има проток нападот, ако одиме во дуел игра ќе не изрешатаат, посебно ако играме со Талески на лев, многу подобра опција ќе е Кузмановски кој знае да изнуди исклучување, да издржи дуел, нормално ако влези без страв и респект, мора да поработат со детево, да добие на самодоверба, веќе треба да си ги заработи лебот, а ако му дадат добра минутажа типувам дека ќе ја искористи.
Имам доверба во ЕЛ Команданте,ако некој знае како се игра и победува со Германски екипи тоа е Раул.
Сигурно цело внимание ќе насочат Швабите кон Кире, да се надеваме дека Киро нема да форсира непотребно(ако не му оди), ако му оди шутот слободно нека шутира од кај сака.
Клуч за успех против овие киклопи е како да не ги разбраниме голманите, за нас најдобра опција е ако брани Силвио:pipi:, со овај сме начисто, тактика како против Ландин, првите неколку шута ПРАВО В СУРАТ:kuracc: и да го фаќа нервоза, а познато е дека е со краток спој, муви ќе брка цела текма.
Кај Швабите 2016 година кога освоија ЕП се повреди Силвио па како рандом измена дојде Волф кој ги дочека своите 5 минути, искина, страшен голман,класа, колку поинаку делуваа кога двајцата мораа да делат минутажа се виде ланското СП, кога имаа топло-ладно изданија на голот, да се надеваме дека ќе е така и на 17ти.
Не смее во никој случај да се разбранат, посебно не Волф кој е многу поопасен од Силвио, се брани, и од надвор, и пенали и зицери, далеку е поснажен и го покрива поголемиот дел од голот, со Силвио полесно ќе излезиме на крај, иако и овај ако се разбесни знае да има по +15 одбрани како од шала, но е далеку понеконстантен и пред се (по)нестабилен голман, за него доволно е само да го извадиме од ритам и да гледаме шоу, ќе плачи по судии, ќе мавта со рацете, ќе урла, тоа ни треба нас, да ги натераме да се нервираат.
Нападот им е доста балансиран и навистина ќе треба многу напор и пред се паметна игра во одбрана ако сакаме да се одбраниме, и секако барем +12 ина одбрани на вратарите, по можност што повеќе зицери, и секако да нема многу контри и лесни голови.
Имаат многу добри шутери од надвор, пред се Фат и Кун на лев бек, Вајнхолд е класа десен бек, многу незгоден за чување, нешто слично како Алекс Душебаев, само многу поспор.:icon_lol:, не го гледам на сликите Виде, ако не се лажам повреден беше во Фуше, дали се врати не знам?
И на плеј се доста опасни, имаа еден Вернер или како се викаше не ми текнува, од послабите тимови е земен, Лајпциг или тако нешто,тука е Друкс кој покрива и на лев, многу незгоден играч, тежок за чување, силен како бизон, покретен за таа килажа што ја има, многу влегува во простор меѓу 9 и 6 метри, ќе имаме многу мака со одбраната, којзнае како ќе изгледаме, ќе мора Ацо да преземи се во свои раце, и не само Ацо,цела таа 4ка на средина ќе има огромен товар:sakasuste:, тука ако ја завршиме работата како треба и многу полесно ќе им е и на голманите да фатат некоја топка,и не само тоа,а ко им го умртвиме нападот ќе останат и крилата неразиграни, многу е важно ова, со оглед на тоа колку им се уиграни крилата, значи ќе мора и техничките грешки во напад да се сведат на минимум, ако не тешко ќе оди.
Мајстори се Швабите за рововска битка, да се надеваме дека Раул ќе измисли некоја против-игра и ќе ги принудиме да грешат, и ќе ги шлакниме, која завршница би била, +2 бода во наредна фаза од дуел со европскиот шампион.
Мора многу паметно со овие, пред се психички,не смееме со нервоза да одиме во дуелот.
Од големо значење ќе е и судиската двојка, можеби и клучно е ова, дали ќе дозволат груба игра, сигурно ќе има провокации, посебно врз Киро, на СП 2009 во Хрватска смешен црвен картон заработи, немаше ни намера ни ништо, само кревање раце во знак на протест кон судиите, и оп црвен картон,мршшшш се по список:kuracc:
Се надевам дека нема да е тој случајот сега, дека судиите ќе бидат барем во поголемиот дел од мечот објективни, па да не остават сами да си решаваме.
Има време до овие, дотогаш веќе ќе имаме дефинирано јасна слика за нашите можности и шанси, почнав од крајот намерно,зошто е меч во кој ќе го ставиме печатот на нашиот настап. (на правосилност и извршност):bance:
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Mnogu ironicna analiza si izrabotil za nasata reprezentacija.
Се сложувам.[DOUBLEPOST=1515506250][/DOUBLEPOST]Македонија со ваков тим и ваква форма, би требало да влезе во Топ 4. Освен ако западњациве и Скандинавците не си местат утакмици преку судиите. Бидејќи нас судиите не ебаваат.
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.578
Поени од реакции
5.480
Da ne se lazhime so Germancite, mnogu pogolemi shansi imame so Slovencite koj ke igraat bez 2-3 klucni igrachi.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.810
Поени од реакции
15.915
Се сложувам.[DOUBLEPOST=1515506250][/DOUBLEPOST]Македонија со ваков тим и ваква форма, би требало да влезе во Топ 4. Освен ако западњациве и Скандинавците не си местат утакмици преку судиите. Бидејќи нас судиите не ебаваат.
Финале во најмала рака, сѐ друго ќе е неуспех.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Финале во најмала рака, сѐ друго ќе е неуспех.
Освен Франција, Шпанија и Данска, не гледам некој друг што би можел да се надигрува со нас. Другите се сите под нас.
 
Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
@Tomasino не знам зошто толку се мачиш да анализираш на натпреварот со Германија кога ќе не претепаат секако...има трилион денари да му ставам па макар 1.10 нека е..минимални шанси немаме против нив со ваков состав и истрошен Лазаров..реални да бидиме.

Напрај анализа таму за со Словенија(и тие ќе не претепаат) и Црна Гора каде имаме некакви шанси,а не вака со Германија
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.515
Заради таквото размислување никогаш нема ништо да направиме, затоа што и играчите влегуваат во натпреварите со потценување на противникот. Сеа дај боже да не е така иначе ни група нема да поминеме. Само што ќе видат "лесна" група на око и готово ние најјаки сме, ништо не ни можат. После кога ќе не победат поштено ќе викаме судиите се криви, против нас намерно така судат кај ќе дозволат ние да одиме понатаму. Да бе, секој против нешто праи, се нас некој ни одземал, другите платиле судии иначе ќе сме ги растуреле. Мислам стварно, значи самите си правиме лошо и плукаме по други. Киро метузалемот ќе го чекаме да проработи? Ај ќе го почекаме.
Групава ќе ја поминеме и толку, какво топ 4 какви глупости.
 
Да бе, сигурно играчиве ќе влезат со потценување на Германија и Словенија :))))

Чисто сумњам дека има некој со бар малку акал у глава што типува на повеќе од 8 место, и тоа оптимистички.

@Tomasino не знам зошто толку се мачиш да анализираш на натпреварот со Германија кога ќе не претепаат секако...има трилион денари да му ставам па макар 1.10 нека е..минимални шанси немаме против нив со ваков состав и истрошен Лазаров..реални да бидиме.

Напрај анализа таму за со Словенија(и тие ќе не претепаат) и Црна Гора каде имаме некакви шанси,а не вака со Германија
Ставај брат одма! :D
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom