Во Загреб ќе се игра, не се секирајте, ќе платат борчлиите кај ќе одат.
Значи и овие Хрватите да ти биле хоштаплери како нас
Да се вратам на
субџектот,
СЛОВЕНИЈА
Премногу
МЕТАНИИ ИМ ЧИНИМЕ, шо би рекол Ѓорѓи Колозов, ајде таму,
јас не знам зошто толку се плашиме од нив.
Биле трети во свет, пеки, извадиле еден куп деца пеки, имаат успеси, имаат систем сето тоа ОК, ама дека и ние имаме играчи за да парираме имаме и тоа како.
Кај нас проблемот секогаш бил (се надевам дека нема да е во иднина) е психата и ниската самодоверба.
Кога ќе излезеш на паркет од сам старт со наведната глава и мисла како да изгубиш со што помала разлика нормално е што ќе немаш успех.
Секогаш кога сме излегувале без респект сме имале успех, па кој сака нека е од другата страна, една Полска која освои трето место во 2009 на СП токму во Хрватска ја чукнавме, една Русија која тогаш беше навистина силна ја тепавме во истата таа група со дадени 37 гола, да да, 37 гола.
Норвешка требаше да ја тепаме во Полска, истата таа Норвешка која ја испадна Франција, да не прајме муабет за изданија во Србија пред 6 години,
Да не го тупам, пристапот треба да ни е вистински, резултатите ќе си дојдат, не се сомневам во ова, и за Вардар беа многумина скептици како е можно екипа со само неколку големи имиња во ростер да се носи со такви величини како ПСЖ и Барса па видовме шо се случи, на терен не победува името, победата ја носат тие што повеќе ја посакуваат.
И Вујо не е семоќен, ако беше немаше да го бркаат од Загреб, врската на Вујо со Словенците трае зошто тие во него видоа тренер кој не се плаши да го изостави еден Драган Гајиќ од репка, таков тренер им треба, кој нема влакна на јазикот и има храброст во прва постава да пушти голобради момчиња како Хенингман, Јанц и компанија, ете затоа го ценат.
Дека знае да препознае талент, им дава шанса и доверба и пред се затоа што е странец можеби и добива некој попуст, којзнае, и нема голем притисок од јавноста како што би имал доколку еден Бранко Тамше на пример, но и резултатите го следат, им донесе ОИ,им донесе бронза од СП,и тоа за неполни две години.
Во залет се, тоа е несомнено, имаат огромна база на играчи од која го надополнуваат ростерот, благодарение на одличната работа во клубовите.
Нон стоп ја АПДЕЈТИРААТ БАЗАТА, пред се со млади и квалитетни играчи, играчи кои се на радарот на најголемите европски екипи.
Ете ги децата од Горење, Цехте и Грегор Поточник, бековите за наредните 15 години, да не прајме муабет за Јака Малуш и Хенингман, ова се само мал дел.
Да не ги фалам многу, секоја чест за работата, тоа што вреди вреди и заслужуваат респект и тоа е тоа.
А дека можеме да ги тепаме можеме и тоа како,само треба да се изигра паметно и со ладни глави.
Тоа што не им играат Габер, пред се Доленец не треба да не загрижува.
И така кај Вујо не се знае кој игра и колку игра, секогаш знае да изненади, дека ќе недостастуваат да, посебно Доленец,ама имаат замени.
Жига Млакар има топ во раката, се уби од голови во Ц групата од ЛШ, исто и гореспоментатиот Цехте, Кавтичник. видеќемо,можно е да го оспособат и него.
Ако ништо друго ете го Јанц која лани речиси цела сезона ја помина на десен бек и искина, имаа универзални играчи кои можат да покријат.
Тоа е нивната сила, брзата транзиција, јаката игра еден на еден, и пред се техниката, пред се на средните бекови, Миха Глувчето, Безјак, Малуш без разлика кој ќе игра, а и Борут Мачковшек не е имун на технички поткована игра.
Не се класични шутери надвор од 9,нивната сила е во тие влезови во зона меѓу 9и6,брзи промени на правец,позиции, и пред се играта со пикер и брз проток до крила.
Страшна транзиција имаат, овде ќе мора да ги исечиме в корен, ако сакаме нешто повеќе, мислам дека во меч со многу голови тешко дека ќе добиеме, освен ако не се повампири нашиот напад.
На пикер ќе го имаат Блаж Благотиншек, дечкото до пред скоро време беше трета, четврта опција сеа стана прв пикер и во Веспрем, со секоја чест на Нилсон ама како тргнал киклопот прашање на време е кога целосно ќе го истисне од екипа, два правци игра, многу корисен играч, ќе мора добро да се внимава на него, многу незгоден за чување, за таа висина и тежина навистина добро се позиционира, и допрва треба да е подобар, исклучително млад е.
И Потеко не е лош пикер, посебно за ротација, а и доста на искуство има добиено,добра двојка се.
На крила Маргуч десно, Цингесар лево, првиот добро познат на сите, вториот е дете на Вујо, го донесе и во Загреб но без Вујо не издржа многу, страшно корисен играч, пред се затоа што игра ненормално јако во одбрана, овај ти е некој си пан дан на Стевче Алушевски од времето, ќе има голема мака Киро со него, ќе мора да се пронајде некое чаре овде, многу подвижен и пред се незгоден играч.
Да ги споменам и голманите, позната двојка Матевж Скок од Загреб, и Урбан Лесјак од Цеље, можеби овде требаше да влета и Шоштариќ, треба да се изделка во солиден голман овај, но има време за него, добри вратари имаат, со Вујо за разлика од нивниот клубски ракомет многу повеќе внимание посветуваат на одбраната, карактеристично за Вујо, па од нивната игра во одбрана ќе зависи и учинокот на голманите, иако знаат да КИНАТ МНОГУ ЗИЦЕРИ и двата голмани, наше е да не ги разбраниме.
Сума сумарум одлична репка, но според мене немаме зошто да се плашиме, сме победувале далеку посилни репки од нив, зошто да не е така и овој пат?
Неутрален терен, ќе имаме подршка од нашите навивачи, имаме игра, имаме играчи, имаме селектор кој разбира ракомет, имаме шанси, иако сме аутсајдери, но можеби е подобро кога влегуваш во еден дуел од улога на потценет, тогаш си најопасен, само треба да се влезе сериозно и без респект, со мирни глави и пред се тактички.
Сигурен сум дека имаме спремено некоја тактика да ги изненадиме, и сеа колку ова ќе се реализира на терен видеќемо.
Мој тип наша победа, тесна, ама слатка, редно време е да ни се насмевме среќата и нас, посебно во дуелите со Словенците, не дека досега незаслужено не победуваа, баш напротив.