Брееј како се извлекоа Данците... Сега со голема победа над Русија, што со оглед како игра Русија не е под никаков знак прашалник и со победа на Исланд над Унгарија (што не е сигурно ама е поверојатно од обратното) пак ќе одат во втора фаза, налик на она од 2012 во Србија...
А тотално аут од натпреварот беа. Ландин сам ги држеше во игра. Толку очајна Данска, одамна не сум видел. На искуство и среќа го извадија натпреварот со благо поттурнување од судиите во последните 5-6 минути (пример очигледно недосудено пробивање на Лауге). Унгарците не мислам дека одиграа којзнае што, но беа солидни а и тоа беше доволно да ги надиграат Хансен и компанија. Но во финишот тотален blackout. Се изгубија сите комплет. Никој не сакаше да преземе одговорност и да се крене на шут последните 6-7 минути. Им паѓаа топки од раце. Најискусниот Балог промаши пенал, па бесмислено отиде да се менува во транзиција при играч помалку и туку место +3 паднаа на +1. За казна го сменија Балог со Барток кој немаше ни минута на теренот претходно поминато. На овој му паѓа топката од раце, па прави исклучување во 30тина секунди кои ги мина во игра. Итн итн. Тотална хаварија во последните 6-7 минути. Реално чудо е и како не изгубија на крајот. Уствари не е, Данска дури ни вака грогирана Унгарија не успеа да ја тресне. Нас вакво нешто да ни се случеше, не сакам ни да замислам каков третман ќе добиеја играчите и стручниот штаб.