- Член од
- 4 март 2017
- Мислења
- 2.187
- Поени од реакции
- 6.136
Натпреварите од групата Е ќе се играат во Малме, Шведска, во убавата Малме арена која се користеше и за време на светското првенство во 2011 година. Силите ќе ги одмерат репрезентациите на Данска, Унгарија, Исланд и Русија.
Данска
Голмани: Никлас Ландин (Кил), Јаник Грин (Магдебург)
Леви крила: Магнус Ландин (Кил), Магнус Браминг (Холстебро)
Леви бекови: Хенрик Мелгард (Алборг), Микел Хансен (ПСЖ), Михаел Дамгард (Магдебург), Ласе Андерсон (Барса), Јакоб Холм (Берлин)
Централни бекови: Расмус Лауге (Веспрем), Менса Ларсен (РНЛ), Мортен Олсен (Ханофер)
Десни бекови: Никлас Киркелоке (РНЛ), Николај Нилсен (Силкеборг)
Десни крила: Ласе Сван (Фленсбург), Ханс Линдберг (Берлин)
Пивоти: Андерс Захариесен (Фленсбург), Магнус Саугструп (Алборг), Рене Тофт Хансен (Бенфика)
Според кладилниците, а и според мене веројатно најголеми фаворити за освојување на златото. Блискоста до дома ќе си го направи своето, па сигурно ќе играат пред голема бројка на своја публика. Немаат некои големи промени од светското првенство и мислам дека не е потребно некое претставување на играчите кога во составот ги имаат: Ландин, Хансен, Лауге, Сван, Ларсен итн. Единствената позиција која што не им е на ниво на другите е десната бековска позиција, но во иста ситуација беа и претходната година па тоа не им претставуваше пречка да освојат злато. Физички феноменално подготвена репка, која сака да трча, да игра скандинавски run and gun ракомет, но и лесно да се адаптира во зависност од ситуацијата на теренот.
Унгарија
Голмани: Роланд Миклер (Сегед), Мартон Секели (Веспрем), Адриан Андо (Балатон)
Леви крила: Бендегуж Бока (Балатон)
Леви бекови: Патрик Лигетвари (Адемар Леон), Бенце Наѓ (Ференцварош), Золтан Жита (Висла)
Централни бекови: Матиас Ѓори (Татабања), Давид Уборнјак (Ѓонѓос)
Десни бекови: Жолт Балог (Ференцварош), Доминк Мате (Балатон), Донат Барток (Лемго)
Десни крила: Петар Хорнјак (Татабања), Адам Тот (Будакалаш), Балинт Фекет (Куенка)
Пивоти: Адриан Сипос (Татабања), Миклос Роста (Сегед), Бенце Банхиди (Сегед)
Маџарите се заглавени некаде помеѓу големите очекувања на нивните фанови и не така големиот квалитет во нивниот ростер, нешто слично како нас. Повредите и отсуствата на Мате Лекаи и Ричард Бодо сметам дека ќе се покажат како голем проблем за нив бидејќи на тие две позиции (централната и левата бековска позиција) имаат голем дефицит на искуство. Најстариот играч на таа позиција им е Лигетвари, а он има само 23 години. Мислам дека ова е прв пат во последниве десетина години на едно големо натпреваруање да не го гледаме Шух. Висока и тешка репрезентација која никогаш не играла ракомет кој бил убав за око, но можат да бидат незгодни ако се потценат, како и секоја друга репка. Од играчите кои не се етаблирани, а сметам дека имаат што да покажат доколку им се даде шанса бидејќи го следам унгарското првенство (колку што можам) се: левиот бек Бенце Наѓ, средниот бек Матиас Ѓори, десниот бек Доминик Мате како и пивотот Миклос Роста од Сегед.
Исланд
Голмани: Бјоргвин Густавсон (Скјерн), Виктор Халгримсон (ГОГ)
Леви крила: Бјарки Елисон (Лемго), Гудјон Сигурдсон (ПСЖ)
Леви бекови: Арон Палмарсон (Барса), Олафур Гудмундсон (Кристијанштад), Даниел Ингасон (Есбјерг)
Централни бекови: Елвар Јонсон (Скјерн), Јанус Смарасон (Алборг), Хаукур Прастарсон (Селфос)
Десни бекови: Александар Петерсон (РНЛ), Виго Кристијансон (Вецлар)
Десни крила: Арнор Гунарсон (Бергишер), Сигвалди Гудјунсон (Елверум)
Пивоти: Кари Кристијансон (ИБВ), Имир Гисласон (Валур), Арнар Арнарсон (ГОГ)
Неколку играчи со сериозен стаж во репката, надополнети со и не така афирмирани ликови. Со исклучок на тројца, сите останати играат надвор од Исланд во мошне сериозни лиги. Секој што ја следел македонската репка, знае што може да се очекува од Исланд заради тоа што навистина често играме едни против други. Брзи и повеќе од одлично технички потковани. Се надевам дека ќе го видиме Прастарсон во акција, играч за кој што велат дека треба да биде "the next big thing" од Исланд кој има само 19 години, а веќе потпиша со Келце.
Русијa
Голмани: Виктор Киреев (Запорожје), Олег Грамс (Данкерк), Денис Заболотин (Краснодар)
Леви крила: Тимур Дибиров (Вардар), Игор Сорока (Запорожје)
Леви бекови: Александр Шкурински (Мешков Брест), Сергеј Горбок (Вардар), Сергеј Косоротов (Чеховски Медведи)
Централни бекови: Димитри Житников (Сегед), Павел Атман (Вардар)
Десни бекови: Димитри Корнев (Чеховски Медведи), Алксандар Котов (Чеховски Медведи)
Десни крила: Данил Шишкарев (Вардар), Димитри Ковалев (Спартак)
Пивоти: Глеб Калараш (Вардар), Павел Андреев (Чеховски Медведи), Александар Ермаков (Астрахан)
Како проаѓа времето, се чини дека машкиот ракомет во Русија паѓа во се поголема сенка на женскиот, па така и репката им е се послаба и послаба. Далеку од тоа дека се наивна репрезентација, но далеку се од некаков си сериозен тим. На десен бек шкрипат ептен, Корнев и Котов се во најдобар можен случај просечни играчи, а и на пивот не се нешто значително подобри каде што сите тројца им се подобри во одбрана него во напад. Ако на некој млад играч треба да му се обрне внимание тогаш тоа е Косоротов кој на светското првенство прошлата година покажа дека и тоа како може и треба да се рачуна на него во иднина.
Генерално, групава би требало да биде лесна за Данска, и се освен првото место ќе биде огромно изненадување за мене. За второто место сметам дека ќе се води крвава битка бидејќи Исланд, Унгарија и Русија се репрезентации кои се тука-некаде со квалитет. Ако гледаме реално можеби би му дал мала предност на Исланд пред Унгарија и Русија, но не премногу.

Последно уредено: