Група Е (Холандија, Данска, Јапонија, Камерун)

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Земја учесничка на СП - Данска

Во последните 25 години од репрезентацијата на Данска секогаш се очекува нешто значајно на големите натпреварувања. Во екипата секогаш имаат многу познати имиња, меѓутоа најчесто на завршницата на Европските и Светските првенства испаѓаа во раната фаза. Исклучок беа континенталниот шампион во 1992 година кога Данците влегоа како замена на Југославија и ја освоија титулата и Мундијалот во Франција шест години подоцна кога стигнаа до четвртфиналето и таму му дадоа сериозен отпор на Бразил. Таа генерација беше една од најдобрите на Данска, но и во сегашниот тим има исклучително добри поединци.

Данска во Јужна Африка сигурно не е во најтесниот круг на фаворити, но во конкуренција на Холандија, Јапонија и Камерун не би требало да има проблеми околу пласманот во осминафиналето. Репрезентацијата е составена од фудбалери кои веќе една деценија играат заедно, и тоа уште од доаѓањето на Мортен Олсен. Станува збор за Јоргенсен, Кристијан Поулсен, Ромедал, Кролдруп, Гронкјер, Соренсен и Томасон на кои има се приклучија нешто помлади момчиња како Агер, Кјаер и Бентнер,кој во иднина би требало да биде лидер и главна ѕвезда на данската репрезентација. Токму спојот на младоста и искуството би требало да биде главниот адут на Данците чии навивачи имаат големи очекувања од Светското првенство во Јужна Африка.

Главна карактеристика на оваа репрезентација е дисциплината, тимската игра, физичката подготовка и играта исклучиво на резултат. Уште од своето доаѓање во 2000 година селекторот Мортен Олсен ја користи формацијата 4-3-3 од која ни овој пат нема да отстапи. Во одбраната има неколку робусни и високи фудбалери така што би било голема грешка против Данска да се игра на нафрлени топки.

Навидум, Данска има идеален тим, со по барем едно познато име на секоја позиција. Се очекува на голот да биде искусниот Соренсен, кој последните неколку месеци имаше проблеми со повреда, но и имаше доволно време да заздрави. Одбраната е доста сигурна, но најсилниот дел од тимот се средниот ред и нападот. Дури Олсен ќе има големи проблеми да одлучи кој ќе биде стартер ако се знае дека во овие две линии има барем десетина квалитетни фудбалери. Тоа може да биде предност во нокаут-фазата од Светското првенство бидејќи дел од нив ќе бидат одморени кога ќе биде најпотребно
Мора да се истакне и тоа дека во актуелниот состав на данската репрезентација има голем број ветерани на кои ова им е последна шанса да направат нешто големо за националниот тим. Поголем дел од нив ќе се "пензионираат" од репрезентацијата по Светското првенство така што од може се да се очекува од четата на Олсен.

 
M

Mario Gómez

Гостин
Кјаeр, Кролпдруп, Агер, Поулсен и Бентнер. Други незнам.:toe:
 
В

Вори

Гостин
^

Гронкер и Томасон.Тие ја ги знам.Но,штом играат на светсково ни малку не се за потценување.
 
Член од
20 ноември 2009
Мислења
8.150
Поени од реакции
8.893
Ето,Вебо,Макун,Камени,Александер Сонг......и Камерун не се за потценување.....се надевам дека ќе ги поминат групите.
 
P

PewDiePie

Гостин
Мислам дека со судни маки ќе успее Данска да се бутне некако понатаму со Холандија.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Земја учесничка на СП - Јапонија

Јапонија долго чекаше на своето деби на Светските првенства, но откако го "проби мразот" во 1998 година стана редовен учесник на најголемите планетарни фудбалски натпреварувања иако сe уште без поголем успех. Всушност, добрите резултати на фудбалски план во оваа земја дојдоа само неколку години по формирањето на Џеј-лигата во 1993 година. Славните фудбалери кои дојдоа да ја завршат кариерата на Далечниот Исток и да соберат пари за "пензија" брзо ги привлекоа Јапонците, кои изградија супер-модерни стадиони и што е најважно од се ги наполнија со возбудени гледачи. Освен за домашниот фудбал, Јапонија стана "мека" за најдобрите европски клубови кои секое лето патуваат таму на турнеи за зголемување на буџетот. Што се однесува до Џеј-лигата, веќе 15 години просечната посетеност на натпреварите изнесува околу 19 илјади гледачи, но и покрај тоа, кога станува збор за репрезентацијата, особено на Светските првенства, блескави резултати се уште нема.

Јапонија е трикратен шампион на Азија, но од разноразни причини дебито на Мундијалите го забележа во 1998 година во Франција. Таму не се прослави, забележа три порази со гол-разлика 1:4, а на првиот бод чекаше до Мундијалот на домашен терен четири години подоцна. По ремито 2:2 против Белгија, следуваа победи над Русија и Тунис по што "рампа" во осминафиналето стави Турција со минималниот триумф од 1:0. Четири години подоцна следуваше ново разочарување во Германија. На стартот реми без голови против Јапонија, па убедливи порази од Австралија (3:1) и Бразил (4:1) за уште едно брзо враќање дома.

Тоа значи дека Јапонија сe уште го очекува првиот триумф на Мундијалите надвор од својата земја, а селекторот Такеши Окада верува дека тоа ќе се случи во Јужна Арика. Тој е сигурен дека по натпреварите против Холандија, Данска и Камерун, Јапонија ќе оди во нокаут-фазата иако тоа би било еднакво на најголема сензација затоа што сите три противници во групата имаат подобар рејтинг.

Дефинитивно, најмногу се очекува од средината во тимот каде повеќе го нема Хидетоши Наката, но тука е и Шунсуке Накамура. Голема помош ќе му биде Кеисуке Хонда, новиот фудбалер н ЦСКА Москва кој изненади во Лигата на шампионите, особено во двата дуели против Севиља во осминафиналето. На Јапонија не и недостасуваат познати фудбалери бидејќи Окада може да смета уште на Јуничи Инамото, Макото Хасебе, Даисуке Матсуи и на голот искусните Јошикатсу Кавагучи и Сиего Наразаки. Меѓутоа, солидниот среден ред, карактеристичната брзина, организираноста, работната дисциплина и поддршката на искусниот капитен Јуџи Наказава и неговиот корпулентен партнер Тулио Танака нема многу да значат ако и во Јужна Африка се потврди дека Јапонците тешко постигнуваат голови. Патот во квалификациите главно беше "расчистуван" благодарение на прекините, а за Мундијалот с$ уште има надеж дека ќе проработи напаѓачкиот тандем Шинџи Оказаки-Такајуки Моримото. Првиот во 2009 година за Шимицу постигна 17 голови на 41 натпревар, додека вториот имаше нешто поскромен ефект во Катанија - шест гола на 32 натпревари.

Како ретко кога во последните 15 години Јапонија во својата репрезентација има само четворица фудбалери што настапуваат во Европа, додека другите се од домашната лига. Тоа не значи дека на избраниците на Окада им недостасува искуство, но ќе им треба многу повеќе за да ја поминат групата, вторпат по Мундијалот на домашен терен во 2002 година.

 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Земја учесничка на СП - Камерун

Камерун е првата африканска репрезентација што ја проби осминафиналната бариера и пред точно две децении обезбеди пласман меѓу најдобрите осум во светот на Мундијалот во Италија. Тоа беше второ учество на "лавовите" на Светските првенства, но уште долго ќе се памети легендарната генерација предводена од Жоже Мила, Томас Нконо и браќата Омам и Кана Бијик која му даде свежина на тој, инаку, доста здодевен шампионат на Апенинскиот Полуостров.

Камерун тогаш беше во група со актуелниот светски првак Аргентина, потоа Романија и СССР, а светот остана шокиран уште на самиот старт. Голот на Омам Бијик ги собори актуелните светски прваци и го отвори патот кон елиминациската фаза. Репрезентацијата дотаму стигна по победата од 2:1 против Романија и безначајниот пораз од СССР со 4:0, но стана прва која обезбедила пласман во осминафинале како првопласирана со негативна гол-разлика. Тука не беше крајот на чудата. Роже Милан влезе меѓу легендите со два гола во продолженијата од осминафиналниот дуел против Колумбија при што ја одигра познатата прослава која се уште е меѓу најавите за Светските првенства. Следни на ред беа Англичаните против кои, сепак, не се можеше. Камерун направи пресврт, но не успеа да го запре Гери Линекер и остана на учеството во четвртфиналето кое од африканските селекции досега го достигна само Сенегал.

Следните три Мундијали ни оддалеку не беа толку возбудливи и успешни за "лавовите" и завршија со само еден триумф на девет натпревари. На Камерунците не им вредеше ниту тоа што Мила во САД влезе во аналите како прв Африканец што учествувал на три Светски првенства и како најстар стрелец на гол на сите времиња бидејќи на Русите им ја тресеше мрежата со 42 години и 39 дена. Камерун не се пласираше на првенството во Германија, а периодот од 1990 година досега ги смени работите во Африка, па сега доминантни селекции од "црниот континент" на Мундијалите се Гана и Брегот на Слоновата Коска. Сепак, не смее да се заборави дека Камерун е рекордер според бројот на одиграни натпревари на Мундијалите кога станува збор за африканските репрезентации - 17.

Од тоа Светско првенство во Италија, Камерун стана репрезентација од која може да се очекуваат големи работи, но и која може "дебело" да разочара на големите натпреварувања. На последниот Африкански куп на нации во Ангола се случи второто. Во групата со Габон, Замбија и Тунир освои четири бода за во четвртфиналето по продолженијата да загуби од Египет и тука да го заврши својот пат. Тоа не значи дека на Светското првенство не се можни изненадувања. Камерун во своите редови го има Ето кој и со 29 години е веќе легенда на африканскиот и светскиот фудбал. Остатокот од тимот не е толку спектакуларен и искусен, но особено средниот ред одлично си ја врши својата работа. Селекторот Пол ле Гуен на располагање има неколку исклучително квалитетни фудбалери како Ахил Емана, Пјер Вебо, Александер Сонг, Беноа Асу-Екото, Жан Макун, плус искусните Ригобер Сонг и Џереми кои заедно имаат 250 настапи во репрезентацијата. Посебна приказна е голманот Карлос Камени кој е еден од столбовите на тимот, а има само 26 години.

За Камерунците пресвртна точка беше доаѓањето на селекторската функција на Пол ле Гуен. Трофејниот Французин веднаш му ја одзеде капитенската лента на Ригобер Сонг и му ја додели на Самуел Ето што беше одличен психолошки потег. Веројатно Камерун немаше да се пласира на ова Светско првенство ако пред натпреварот против Габон во Либрвил не починеше габонскиот претседател, па мечот мораше да биде одложен. Во вториот датум Камерун подобро се снајде, победи и на гости, четири дена подоцна и на домашен терен и го направи клучниот чекор кон Јужна Африка.

Што се однесува до групата на Светското првенство, таа воопшто не е лесна бидејќи тука се Холандија, Данска и Јапонија, но "лавовите" покажаа дека се способни за големи работи. Пред 20 години беа првата африканска репрезентација со пласман во четвртфиналето на СП. Зошто сега да не бидат први во полуфинале?

 

C R E S

Chelsea Fan!
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.515
Поени од реакции
1.266
1.Холандија
2.Камерун

Ето 7 гола у оваа група :salut:
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.097
Поени од реакции
893
Не бе Робен човеку аман... Само во Баерн знаат како со овој :nesum: Не е 100% сигурно но според зборовите на Марвајк „не изгледа добро“ за Арјен...
 

Drettica

Graxhanin of Severstan
Член од
24 ноември 2008
Мислења
12.625
Поени од реакции
14.932
Робен сам себе повредувал :)
 
Член од
19 септември 2008
Мислења
730
Поени од реакции
62
Ќе се врати сигурно ако не за првиот натпревар за вториот :) сигурно не е нешто толку сериозно.... ама кај најде со пета да подават не ми е јаснооооо...
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.809
Поени од реакции
6.805
КОј напад го имаат Холанѓаниве еј! На две утакмици 10 гола!!! Само како и секогаш си имаат проблеми со одбраната, обично примаат ефтини голови, немаат играли од типот на Фердинанд, Тери, Пујол... Ама тоа го надополнуваат со голови на спротивната страна. Заедно со Англија моите фаворити на СП. А за Робен ништо чудно човекот како од стакло дае праен. Ама верувам дека ќе се опорави има уште 10-ина дена до првиот натпревар со Данска. А и да не игра во групите ништо страшно имаат дооообри замени :)
 
Член од
11 ноември 2009
Мислења
1.227
Поени од реакции
556
Ништо страшно, црвен картон доби на претходната против Португалија.

Холанѓаните се мадрфакрс, има да делкаат све пред себе.
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.097
Поени од реакции
893
Се знае за Робен? Многу ќе ми е криво да не игра каква сезона има позади себе може да ја круниса со СП...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom