Група А | Љубљана | - ЕП Словенија 2013

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
14 март 2010
Мислења
17.038
Поени од реакции
16.566
logo_eurobasket1.png

Можеби и најслабата група на првенството, но не значи дека ќе е и не интересна, во битка за првите три места кои водат во наредна фаза ќе се борат сите шест репрезентации, од кои една е и главен фаворит за освојување на златниот медал на првенството, а од минатото ќе го брани сребрениот медал, а тоа е репрезентацијата на Франција. Останатите репрезентации се класа подолу од неа, а групата освен Франција ја сочинуваат Украина, Германија, Белгија, Велика Британија и Израел.

Неколку квалитетни играчи ќе недостасуваат во оваа група и во репрезентациите, со што и така опаднадиот квалитет на групата го симнуваат ниво подолу, едни од тие се секако Дирк Новицки во Германија, Јоаким Ноа во Франција, Луол Денг во Велика Британија, Рони Туриаф во Франција, Бен Гордон во Велика Британија..
Тимот на Израел можеби и е со најкомплетен состав од сите репрезентации, но тоа не значи дека ќе е и еден од главните фаворити за првите три места.
Една од главните ѕвезди во оваа група без сомнение е Тони Паркер од Франција, исто тука ќе е и Борис Диав.


Интересно е да се спомене дека репрезентациите од оваа група се потенцијални противници на нашата репрезентација, во случај да избориме влез во наредна фаза, а тоа значи дека работите ни се убаво поклопени, останува само на нас.
Оваа група ќе се игра во Љубљана во Тиволи Арената, која е со капацитет од 5.500 седишта.

hak.jpg

Распоредот на натпреварите:

Прво коло, 4 септември
Израел - В. Британија
Белгија - Украина
Франција - Германија

Второ коло, 5 септември
Украина - Израел
В. Британија - Франција
Германија - Белгија

Трето коло, 6 септември
Германија - Украина
Белгија - В. Британија
Франција - Израел

Четврто коло, 8 септември
В. Британија - Германија
Украина - Франција
Израел - Белгија

Петто коло, 9 септември
В. Британија - Украина
Германија - Израел
Белгија - Франција
 
Колку слаба група човече...со овие вкрстуваме?
5 боза репрезентации ако не ја сметаме Франција.
 
Колку слаба група човече...со овие вкрстуваме?
5 боза репрезентации ако не ја сметаме Франција.

Со овие мисилам вкрстуваме. Најтешко е нашава група да ја поминиме па ако вкрстуваме со овие 1/2 не ни бега:rolleyes:
 
Франција ќе се прошета во оваа група со втора постава,а за останатите две места Украина,Израел,Белгија...редоследно би требало да одлучат за останатите две места.В.Британија е далеку под овие репрезентации,а Германија...хм...тоа што го видов од нив можеби за две години...или се лажам.
И пак ќе кажам,ако вкрстуваме со оваа група не треба да се летаме...чекор по чекор ,минута по минута во следна рунда И тогаш нека му ја мислат :icon_lol: .
 
тука франција е фаворит а британците се гола вода без црнците, исто и германија лошо стои за другит две места Украина пред Израел и белгија ги ставам, чујте ми го зборот:P
 
Не е сигурно,ама постои веројатност Паркер да го пропушти првенството. Дури и ако игра,сумњам дека ќе ја има минутажата шо нормално ја има и ќе го чува коленото
 
Јас се мислам што се крие Израел цели припреми, а они да ти биле победни и од Британците.
 
Добро е, со слепци ќе воигруваме :love:
 
Што е работава со резултативе бе, Франција-Германија, нерешено е моментално.

Завршија, тепаше Германија 80-74.
Свашта.
 
Битно вчера ја победија Франција :tapp:
 
Нека не поминат бе, ако поминат носат сигурни 2 поени, а тоа не ни треба.
 
Украина и Франција се веќе во втората фаза што беше очекувано.Овде останува прашањето Белгија или Германија ќе се изборат за тоа 3то место.Велика Британија има премногу мали шанси.. Според мене ќе се протнат Германциве некако кај бива без нив втора фаза :D
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom