Официјално ДУИ ќе добие 5 министерски места за локална самоуправа, за животна средина, труд и социјална политика, економија и здравство, како и едно вицепремиерско место и три места во Секторот за внатрешни работи, финансии и образование.
ВМРО - ДПМНЕ ќе ги задржи министерствата за одбрана, правда, надворешни рабити, финансии, транспорт и врски, земјоделство, шумарство и водостопанство, за образование и наука, како и во Секторот за евроинтеграции.
Коалиционите партнери се договорија да формираат ново министерство за информатичко општество, кој ќе го заземе ВМРО, а кандидатите ќе се разгледуваат следната недела.
Имињата на кандидатите за министри ќе се дискутираат во текот на следнава недела.
Илија Димовски од ВМРО - ДПМНЕ на денешната прес конференција рече дека на лидерите на ДУИ и ДПА им предложиле заедно да влезат во составот за влада, но тие категорично одбиле со образложение дека мора да влезе само една од партиите, но не и двете заедно.
- Партијата ДУИ, целосно ја прифати програмата на Владата „Преродба во 100 чекори за периодот 2008-2012 година“. Се договоривме дека клучни преоритети ќе ни бидат спроведувањето на Рамковниот договор, борбата против корупцијата и криминалот, проблемот со високата невработеност, привлекувањето на странски инвестиции, што поскоро демаркирање на косовската граница и одржување добрососедски односи со Косово, првичната застапеност во јавниот сектор, решавање на спорот за името со Грција, влегувањето во НАТО И ЕУ, воведувањето на шенген визите како и многу други прашања - рече Димовски.
Согласност била постигната во овој мандатен период да не се дискутира законот за полицијата и за законот за употреба на јазиците. Коалицирањето со ПЕИ продолжува врз постоечките основи, додаде Димовски.