Груевски: Политичарите да престанат да го делат народот!

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Македонскиот народ не го делат политичарите,Македонскиот народ започнале да го делат овие,а како што изгледа истите и ќе завршат со делбата:

Член од
5 март 2009
Мислења
16
Поени од реакции
0
Дали навистина Груевски не делесе на антички и словенски Македонци??? Зарем сите ние заборавивме што се случуваше во нашиот ценет парламент пред само од прилика 1 и пол година??? Јас се сеќавам дека тогаш се носеше еден закон за прогласување на денот на ВМРО за национален празник... (by the way тоа беше само еден од предлозите)... и тогаш како и обично се јави нашата ценета опозиција. И сите ние треба да се потсетиме какви беа нивните видувања за предлогот и што се не беше кажано за овај ден, а кога пак слушнаа за градењето на музејот на ВМРО проста почитуваната г-ѓа Бендевска не можеше воздух да земе од толку плукање по тоа ВМРО. И можеби нешто многу поважно на таа седница со тој закон беше прогласен за наработен ден и Бајрам, и не само тоа и денот на албанската азбука беше прогласен за неработен за нашиве сограѓани Албанци. И што сакав да кажам: Дали Груевски сватил дека не оди вака веќе со поделби и дека тоа не е добро и треба да престане или ние треба да се запрашаме дали некогаш имало било каква поделба на верска, етничка или друга поделба???? Дали навистина владата спроведува процес на антиквизација????
ЗАКЛУЧОКОТ ИЗВЕДЕТЕГО САМИ!!!
 
M

MKEUpatriot

Гостин
СДСМ својата шанса ја гледаат исклучиво во поделби.Како и да е бидејки античкото минато беше намерно загушувано цели 60 години во последно време се повеке добива на популарност бидејки она што е криено и непознато е поинтересно за јавноста.Археолозите и научниците преку средствата за информирање ги кажуваат своите најнови резултати.Тука СДСБЦ ја виде својата шанса да ја вмеша историската наука во дневнополитички цели.Се потиснувало славјанството што апсолутно не е точно владата ни го нишала идентитетот(оној створениот од време комунизма) и сл.СДСБЦ скапо ке плати за тоа вулгазирање на нашето минато бидејки нивна задача е да се бават со актуелни политички збиднувања.Се дрзнаа да им се мешаат на стручњаците за историја во работата па да ни кажуваат која компонента преовладува кај нас што е недопустливо
 
Ајанта

Македонка
Член од
21 декември 2008
Мислења
580
Поени од реакции
37
СДСМ својата шанса ја гледаат исклучиво во поделби.
Да, тие долго време функционираа по принципот раздели, па владеј, ама ги прочитавме. Јас ја почитувам намерата на Груевски да не обедини со позитивно практикување на власта, за промена. Не велам, ниту па мислам дека не прави пропусти, ама едно е сигурно, тој е единствен искрен патриот кој бил на чело на државата, и јас го поддржувам како човек кој искрено ја сака нашава татковина и работи во нејзина корист, сите други работеа во полза на нејзината штета.
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
Подели па владеј! Ви текнува нели. Е ај кажете Македонија на колку дела е поделена, и во Македонија во која ние денес живееме, на колку дела ние сме поделени. Овде изјавата на Груевски се оценува според партиски критериуми: за оние од ВМРО изјавата е перфект, за оние од СДСМ е живо срање, за неопределените изјавате е добра ама може да е трик!
Изјавата си има своја порака, само кој да ја разбере!
Ај да ве прашам , кога се зачленувате во партија посебно важи за СДСМ и ВМРО, потпишувате договор дека смртно ќе ги мразите оние од спротивната страна, дека се што ќе кажат - лажат и бла бла бла???
Кој на нас како народ ни забранува да бидеме сложни, сите да се бориме за една иста цел. Ако утре лидерите ви кажат поделете се на плави и смеѓи , ОП поделба уште една, високи и ниски ОП ајдееее, нема гајле, тераме!
Македонците сме бе сите, а кои ни ги ебале пра пра пра бабите ни оставиле траги во нашите гени, сите до еден, антички Македонци, Римјани, Словени, Турци !!! Ама досега сме опстанале само како МАКЕДОНЦИ!
 
asterix_m

Регулатор
Член од
19 април 2006
Мислења
2.765
Поени од реакции
33
А груевски се исклучува од таа класа на луге?????

Нека почне со него и неговата партија, и како знак на добра воља нека дозволи да се вработат не партиски и квалификувани луге во јавната администрација. Нека спороведе тендер во кој нема однапред да се знае дека нема да го добие компанија блиска до фамилијата.

Па тогаш ке почне 'обединувањето' на Македонците
 
А да започнеме ние како народ прво со обединувањето , па тогаш да немаат друг излез ниту Груевски ниту Црвенковски ниту кој и да нивен предходник или следбеник,а ?
Зборувам за народот, кој не тера мене и тебе да се делиме партиски , да се вреѓаме и напаѓаме и да си ги уништуваме домовите и иднината, оти така намислиле шефовите на некои партии ?
 
Ајде нема проблем и јас сум за!!!

Само знаеш рибата смрди од главата, штом главата има следбеници.... дур не добијат наредба и одобрение џабе ние се сплотуваме :smir::smir::smir:
 
Тоа е еден процес кој нема да биде краток во никој случај , меѓутоа мора да започне од народот, од такви обични тепали на време, оговарачи и бистрачи на политика. Ако ние како народ сме сложни, се почитуваме меѓусебно и работиме за наше општо добро (а не снајди се па живеј или да му умре на комшијата козата), е тогаш нема лидер на партија да постои кој ќе дирегира! Ќе дирегираме ние, Македонците.
 
Z

Zona Pelucida

Гостин
А како мене политичарите ми влијаат да се делам,и да ги делам луѓето на вакви или такви,тоа е до самиот човек,право на избор.
 
SuicideMessiah

Советник
Член од
7 јули 2008
Мислења
5.564
Поени од реакции
286
СДСМ својата шанса ја гледаат исклучиво во поделби.Како и да е бидејки античкото минато беше намерно загушувано цели 60 години во последно време се повеке добива на популарност бидејки она што е криено и непознато е поинтересно за јавноста.Археолозите и научниците преку средствата за информирање ги кажуваат своите најнови резултати.Тука СДСБЦ ја виде својата шанса да ја вмеша историската наука во дневнополитички цели.Се потиснувало славјанството што апсолутно не е точно владата ни го нишала идентитетот(оној створениот од време комунизма) и сл.СДСБЦ скапо ке плати за тоа вулгазирање на нашето минато бидејки нивна задача е да се бават со актуелни политички збиднувања.Се дрзнаа да им се мешаат на стручњаците за историја во работата па да ни кажуваат која компонента преовладува кај нас што е недопустливо
За тој Б.Ц. што постојано го критикувате самите ДПМНЕ тврдевте дека доколку Б.Ц. бил од ДПМНЕ никогаш немало да падните од власт.
 
M

marsovka

Гостин
Народот никогаш не бил поделен само полтроните(сдсм и вмро) се делат и создаваат такво чувство
Сите се согласувааат дека владее беда,дека политичарите лажат,дека во македонија се може да се купи и продаде дури и пресуда , дека преку глава им е од се .
 
S

smart ass

Гостин
За тој Б.Ц. што постојано го критикувате самите ДПМНЕ тврдевте дека доколку Б.Ц. бил од ДПМНЕ никогаш немало да падните од власт.
Еве ти си жив пример за поделеност кај народот на леви и десни:costumed2
 
Член од
17 јануари 2008
Мислења
1.107
Поени од реакции
150
Да престанат делбите во Македонија на антички или словенски Македонци, побара денеска премиерот Груевски.

На граѓаните им е премногу што се делат и партиски, премиерот пораката ја насочи кон опозицијата.

„Македонија има само Македонци и мислам дека е крајно време политичарите да престанат да го делат народот на антички, на словенски или на не знам какви“, рече премиерот Груевски.

„Сите ние сме Македонци и сите ние треба заеднички да продолжиме да ја градиме Македонија без такви поделби. Малку му е на народот што длабоко е поделен партиски и уште како ли не, па сега уште да ги делиме на антички или на словенски Македонци“, додаде Никола Груевски.
Порака до Гвујо и останатата политичка фела во Маќедонија:
Постои еден медикамент за такви како вас што заборавате што и кога имаате нешто кажано.медикаментот може да го добиете без рецепт во сите апотеки низ државава името му е БИЛОБИЛ ЛЕК ЗА ВАШАТА МЕМОРИЈА господо никаква.........:nesum::nesum::nenene::nenene::baeh:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom