Груевски: Политичарите да престанат да го делат народот!

  • Креатор на темата Креатор на темата TpH_Bo_OkO
  • Време на започнување Време на започнување

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Локација
Дома
Веб-сајт
www.trn.blog.mk
Да престанат делбите во Македонија на антички или словенски Македонци, побара денеска премиерот Груевски.

На граѓаните им е премногу што се делат и партиски, премиерот пораката ја насочи кон опозицијата.

„Македонија има само Македонци и мислам дека е крајно време политичарите да престанат да го делат народот на антички, на словенски или на не знам какви“, рече премиерот Груевски.

„Сите ние сме Македонци и сите ние треба заеднички да продолжиме да ја градиме Македонија без такви поделби. Малку му е на народот што длабоко е поделен партиски и уште како ли не, па сега уште да ги делиме на антички или на словенски Македонци“, додаде Никола Груевски.
 
И после Груевски одма го имаш Емилијан на прес каде обвинува дека многу западни дипломати му се јавиле и му забележале зошто Македонија ги преименува имињата со антички личности.
И свршува будалата, мрсул му тече.
Убаво рекоа од ДПМНЕ, опозицијата е иста како Дора Бакојани.
Затоа таа ќути во последно време.
 
Се согласувам со премиерот комплетно околу последната изјава, не смее народот да се дели помеѓу македонци и словени, помеѓу комуњари и патриоти, се надевам дека Груевски конечно се свести што правеше неговата гарнитура во последни 3 години и успеа длабоко да не подели нас Македонците на различни структури и групи наместо да бидеме по обединети, посилни и по одлучни.
 
Не постои опшсество кое не е поделенио.
Поентата е при делбата, тоа трулото, скапаното, да одпадне.
 
pa toj,Branko i site premieri i predsedateli dosega se direktno vinovni za momentalno dlabokata podelenost po partiska linija
 
Мислам дека секој Македонец без оглед на партичка припадност или симпатии кон некоја партија би ја прифатила изјавата на Груевски. Секоја чест за изјавата, да се надеваме дека во иднина ќе се подобрит состојбата.
 
Предвидувачки беше дека изјавата за дел ќе биде несфатлива...

Значи, Груевски апелира да престанат политичарите со делење на народот на „антички“ и „словенски“, затоа што со тоа си поигруваат со идентитетот на Македонецот. Политичка поделеност, односно идеолошка, е сосема нормално бидејќи секаде во светот е така. Но не и поделеност по националните интереси!
 
гујо збори у трето лице,како демек он не е политичар, он е фудбалер :nenene:.треба да каже НИЕ политичарите,доколку сака да потенцира.
 
Грујчо со изјавава им ја уништи изборната програма на СДСМ за 2009.Па што сега ке зборуваат за избориве.Инаку сега се надевам сите го чуја неговиот став и нема да да го извртуваат и да бараатвлакно у јајцето.
 
Предвидувачки беше дека изјавата за дел ќе биде несфатлива...

Значи, Груевски апелира да престанат политичарите со делење на народот на „антички“ и „словенски“, затоа што со тоа си поигруваат со идентитетот на Македонецот. Политичка поделеност, односно идеолошка, е сосема нормално бидејќи секаде во светот е така. Но не и поделеност по националните интереси!


Не се само политичарите криви, еве и на форумов овде сеуште ги делите луѓето, та дури и предавници се нарекуваат тие што се сметаат за Словени.

Ах бе, ко ви велев да престаните со теми Антички Македонци или Словени во Политика, тогаш рецка не ми мававте. Сега кога кажа премиерот ок, ај ќе престаниме.

Која глупост, значи не ми се верува, кога почнавте да ги правите луѓето што сметаат дека потекнуваме од Словените, за ПРЕДАВНИЦИ.

Сега откако се пресметавте во партија дека има многу такви што го поддржуваат ВМРО-ДПМНЕ, кои се сметаат за Словени, чек да престаниме.

Ама џабе Вас не ви иде умот и понатаму си терате по старо. Штетата е направена.

Тамата Антички Македонци или Словени е за во ИСТОРИЈА, не и е местото во ПОЛИТИКА.

Џабе се подели народот, :uvo: ццццццццц
 
Тебе те проверува ли некој што глупости пишуваш?

Познавајќи те форумски веќе доволно, можам во потполност да кажам дека оваа конфузност и бесцелно конфронтирање ти е константност.

Премногу добро се отцртани детерминантите во јавната свест за оние кои можат да се ословат со “предавници“, затоа поштеди не од празни гачки и демонстрирање на некаква си објективност.
 
Џабе се подели народот, :uvo: ццццццццц
Кај бе се поделил народот..??
Јас низ град сеуште не сум чул луѓе што се пречкаат....Јас сум антички...е не јас сум Словен.
Значи целта на овие "критичарите" и "експертите" според мене беше токму оваа да се прикаже непостоечка поделеност на антички и Словени.
Народот се труди да преживее и за среќа многу не се замара со колумните на самопрогласените експерти.
 
Тебе те проверува ли некој што глупости пишуваш?

Познавајќи те форумски веќе доволно, можам во потполност да кажам дека оваа конфузност и бесцелно конфронтирање ти е константност.

Премногу добро се отцртани детерминантите во јавната свест за оние кои можат да се ословат со “предавници“, затоа поштеди не од празни гачки и демонстрирање на некаква си објективност.


Ма немој, Мисирков ми закачи и опомена, кога го нареков ГоранМакедон за фашист, кој што почна да ги праќа на бесилка тие што се мислат Словени. Немаат сите интелегенција како тебе, побудалите одма за ножот се фаќаат.

Дека поделбата станува сериозна, се гледа и по изјававта на Груевски.
 
Кај бе се поделил народот..??
Јас низ град сеуште не сум чул луѓе што се пречкаат....Јас сум антички...е не јас сум Словен.
Значи целта на овие "критичарите" и "експертите" според мене беше токму ова да се прикаже непостоечка поделеност на антички и Словени.
Народот се труди да преживее и за среќа многу не се замара со колумните на самопрогласени експерти.

Па нормално, со цел да се создаде измислен противник и да се врши политичка агитација.

Самите текстови и напади во однос на историјата и поделбата на “античка“ и “словенска“ како аверзија на едната кон другата на взаем имаше за цел да прикаже вештачки измислени ставови на политичкиот противник и да му се претстави на народот како “објективизам“ со цел полесно да му се натури консумирање на одредена политичка агенда.

Која има токму една дадена цел - Поделба на историјата и селективно толкување, во овој случај се форсира осакатен Славизам за да се прекинат врските со антиката и полесно да се протне смена на името која ја посакуваат Грците.

Ма немој, Мисирков ми закачи и опомена, кога го нареков ГоранМакедон за фашист, кој што почна да ги праќа на бесилка тие што се мислат Словени. Немаат сите интелегенција како тебе, побудалите одма за ножот се фаќаат.

Дека поделбата станува сериозна, се гледа и по изјававта на Груевски.

Не се прави на луд освен ако не си навистина.

Сега откако се пресметавте во партија дека има многу такви што го поддржуваат ВМРО-ДПМНЕ, кои се сметаат за Словени, чек да престаниме.

Вакви плитки констатации очекувам да дојдат од СамоубиствениотМесија, но не и од тебе.

Со право и ти дал опомена Мисирков, бидејќи премногу си го раширил спектарот на етикетирање и селективно давање “оценки“.

Срамота е во ситуација кога ги имаме СОРОСоидните медиуми на врат, секојдневно да не трујат со “букефализам“ и други деградирачки поими, доаѓа уште некој да ги користи истите методи и фрази.
 
Која има токму една дадена цел - Поделба на историјата и селективно толкување, во овој случај се форсира осакатен Славизам за да се прекинат врските со антиката и полесно да се протне смена на името која ја посакуваат Грците.
...и "експертите" да си лапнат уште некој награден бонус денар од гејскиот буџет.
Напишано од teneke
Дека поделбата станува сериозна, се гледа и по изјававта на Груевски
изјавата на Груевски е само добра политичка финта со која и го зема од раце "најдобриот" адут на опозицијата.....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom