Гробот на Александар Македонски?

Член од
29 септември 2013
Мислења
720
Поени од реакции
606
Дали е откриен гробот на Александар ќе дознаеме за неколку дена. Иако шансите за тоа се речиси минимални, но ќе почекаме. Таму може да е закопан или некој друг крал од династијата или пак Роксана.
Новинарските „јазици“ без потврда на археолозите објавија: „Откриен гробот на Александар“

Грчките археолози пред големо археолошко открити на локалитетот кој се наоѓа близу Каста. Грчкиот премиер Антонис Самарс денеска изјави дека археолозите во северна Грција се пред откривање на многу важна гробница.



Весникот „Екатимерини“ шпекулира оти можеби станува збор за местото каде се погребаниАлександар Македонски, неговата жена Роксана или пак нивниот син Александар IV, пишува Фокус.



Како што пренесува весникот, археолозите ископувале две години на локалниот рид Каста и откриле уникатна гробница која датира од последната четвртина на 4. век пред нашата ера. Античкиот град Амфиполис бил формиран како атинска колонија во 437 година П.Н.Е, а Филип Втори го освоил по речиси еден век. Овој археолошки сајт е познат по четириметарскиот споменик Лавот од Амфиполис.

Грчките археолози се многу внимателни кога станува збор за откривање на гробници, но медиумите се побрзи од научниците па шпекулациите за тоа дека се работи за гробницата на Александар, бргу се рашири низ медиумите без потврда од надлежните.

извор: http://lokalno.mk/novinarskite-jazici-bez-potvrda-na-arheolozite-objavija-otkrien-grobot-na-aleksandar/
 
Член од
29 септември 2013
Мислења
720
Поени од реакции
606
Не е гроб,се препоставува дека е храм,Аристотел Тентов рече ,а иначе не знам на која археолошка локација моментално се работи,ќе престојуваат археолози 1 месец на лице место,била најдена гробница на Кралот на Пелагонците од 500 B.C.
Гробницата е солидно сочувана но ограбена уште многу одамна .... сигурно ќе дополни некој од членовите :)
Ако го слушаш Тентов далеку ќе стигнеш.[DOUBLEPOST=1407866504][/DOUBLEPOST]Еве еден натпис за гробницата во Амфипол објавена во Дневник пред неполни две години:

„ГРОБНИЦАТА“ НА РОКСАНА ЧЕКА ЕВРОПСКИ ПАРИ



С` уште е мека земјата близу селцето Локвица (Месолакиа) во Грција, каде што копале грчките археолози. Прерано е да се оценува нивната најава оти е можно да го откриле гробот на Роксана, една од сопругите на Александар Македонски. Израмнета е големата тераса. Гледаме дека во гробницата с` уште не чепнале

Забрането фотографирање и снимање, со големи букви пишува на приправената стражарница, која треба да ја чува монументалната гробница каде што во античко време, во денешна Грција, бил погребан многу важен покојник. Доцна попладне, пред залезот на сонцето, локалитетот е пуст. Стражарот не е на своето место. Шпекулациите дека таму почиваат Роксана, една од сопругите на најголемиот војсководец од антиката, и нивниот син Александар Четврти Македонски се доволна провокација да го посетиме локалитетот. Екипа на „Дневник“ тргна на пат кон Сер.

Замислата е многу полесна од реализацијата. Грчките археолози пред две недели го објавија новото откритие, близу античкиот град Амфипол. Го потрошија оскудниот буџет, раскопаа и го напуштија теренот. И денес таму постои мало село со името Амфиполи (Неохор).

Има околу 3,5 илјади жители и музеј со остатоци од античкиот истоименик. Го одминуваме музејот, кружиме околу цитаделата, барајќи свежи ископи во земјата. Наоѓаме нешто слично. Радоста дека ќе ја фотографираме гробницата набргу спласнува. Ископот е траса за нов пат.

Фактот дека не сме најавени како новинарска екипа во Грција го отежнува целиот процес. Гледајќи ги регистарските таблички на возилото, луѓето ни упатуваат љубопитни, не многу пријателски погледи. Доцна е, музејот е затворен, а и да беше отворен, понеделник е - неработен ден за музеите во целиот свет.

Сепак, имаме среќа, а ни ја носи пријателот од Сер, наш човек, Македонец, кој покомотно би се чувствувал ако не го спомнеме неговото име. Вели дека и така има доволно проблеми што се кажува Македонец. Во Неохор (Амфиполи) прашува на грчки јазик каде е гробницата, дали знаат нешто за големото откритие.

- Влегувајте в кола, не е тука, во другото село е - вели и ни покажува каде да го продолжиме патот.

На шест-седум километри од Неохор (Амфиполи) е селото Локвица (Месолакиа). Пријателот не сака да потпрашува поголема група луѓе.

- Ако ја забележат регистрацијата, додека зборувам со едниот, другиот ќе викне полиција. Така не е добро. Ќе прашаме некој што е сам - н` советува.

Додека поминуваме низ селото, постојано н` следат погледи. Тој излегува, прашува една жена за инструкции и со насмевка влегува во колата.

- Близу сме. Одиме кон ридовите. Жената ме прашуваше кои сме, што бараме. Мислеше дека сме диви копачи - кусо објаснува и ни го покажува саканиот правец.

На околу два километра - џек-пот. С` уште е мека земјата што ја ископале грчките археолози. Израмнета е големата тераса за да се олесни пристапот кон новоткриениот објект. Очигледно внатре с` уште не чепнале. Откриле околу една третина од прстенот во основата. Составен е од големи камени блокови, наредени во неколку реда, висок околу 2,5 метра. Еден дел од ѕидот е прекинат, изгледа како три скалила или е сронет дел од лакот.

Со ограда е затворен пристапот до фино издлабените мермерни блокови со кои бил обложен каменот. Најдолу се поставени правоаголни плочи, а над нив квадратни, детаљно изработени. Во расфрлената земја се гледаат керамички рачки и други фрагменти од садови.

Археолозите од 28-миот ефорат (одделение) за антиквитети во Грција го соопштија откритието. Тие претпоставуваат дека големата кружна гробница е висока 3 метри, има периметар од околу 500 метри и дијаметар до 160 метри. Раководителката на тимот Kатерина Перистери од одделот за праисториски и класични антиквитети ја датира гробницата во последната четвртина од четвртиот век пред новата ера, кога по смртта на Александар Велики во античкиот Амфипол биле донесени неговата сопруга Роксана и тукушто родениот Александар.

- Разбрав дека барале пари од државата да ја доистражат гробницата, но Атина не дава оти не сакаат да се види културата овде. Сега археолозите ќе бараат пари од Европската унија за да ги завршат истражувањата - вели пријателот од Сер.

Според археологот д-р Виктор Лилчиќ, професор на катедрата за историја на уметноста и археологија при Универзитетот „Св. Kирил и Методиј“, можноста телата на Роксана и на нејзиниот син да се откријат токму на трако-македонскиот брег и тоа во околината на античкиот град Амфипол се реални.

- Историските случувања за борбите за македонскиот престол по смртта на Александар Трети Македонски, накусо говорат за следниве настани. Kасандар, синот на македонскиот генерал Антипатар, ја заробил Олимпија, мајката на Александар Трети, во опсадата на градот Пидна во Пиерија, зимата 317-316 година пред новата ера. Ја обвинил за убиството на Филип Трети Аридеј (полубратот на Александар Трети Македонски) и на сопругата Адаја Евридика и наредил да биде погубена. Ја погубиле дури 200 македонски војници - објаснува Лилчиќ.

Подоцна Kасандар, на својот пат кон македонскиот престол, во 309 година пр.н.е. во Амфипол ги затвора Роксана и синот Александар Четврти и наредува тајно да се погубат и да се скријат нивните тела.

- Kонечно, според изворите што говорат за тајно погубување и сокривање, веројатно, некаде во околината на Амфипол, тешко е да се очекува дека телата им биле депонирани во монументална гробница - смета Лилчиќ.

Во истата година, Kасандар го погубил и Херакле, вториот син на Александар Македонски со Персијката Барсина. Тој бил убиен на западната граница на Македонија кон областа Тимфаја.

Според британскиот научник Николас Хамонд, Роксана и младиот Александар Четврти биле затворени во Амфипол. На 14 години, македонските момчиња добивале легитимитет на кралски пажеви, па Александар Четврти во август 309 година пр.н.е. станал опасен претендент за престолот. Тогаш Kасандар на командантот на својата гарда му наредил тајно да ги убие Роксана и нејзиниот син, да ги скрие (закопа) телата и никому да не каже што сторил.

ЕГЕЈОТ ПОЛН СО ДИВИ КОПАЧИ

Движењето низ Егејска Македонија евидентно покажува дека Грција не вложува многу пари во археолошки истражувања на тој дел од земјата. Исклучок се можеби веќе откриените антички македонски градови. Враќајќи се од Неохор (Амфиполи) кон Сер, во ливадите забележуваме многу неистражени тумби (тумули). Нашиот пријател од Сер вели:

- Се даваат пари за археологија, но сите одат во Атина. Горе, кај нас, не се истражува. Но, има многу диви копачи. Бараат злато.

извор: http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=D1FC6E1B1A2F5E4EA45B7846CAC866F6
 
Последно уредено:
F

FARANG

Гостин
Пред некоја година се возам во такси во Гевгелија со еден џапнат таксист, проаѓаме покрај една бензинска и почиња овој да обесува како гробот бил под бензинската ама газдата бил некое копиле и не давал да му копа никој. :icon_mrgr:
Матер му ебем прогрчка... Не давал да му копаат, малку копале кога ставале цистерни под бензиската ебаго...
 
Т

Триптико

Гостин
Ова е гробница на Александар од кога бил дете. Кај нас во Вардарска Македонија е неговата гробница од кога бил момче, а во Александрија е неговата гробница од кога бил зрела личност. :D
И има уште по некоја гробница од различни периоди на неговиот живот во разни краишта од светот (Турција, кај Калашите и т.н.). Мислам дека има и во Аргентина - од периодот кога живеел во комшии на Хитлер.
:eek: Колку пати умирал бре? :ROFLMAO:
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Овој геоглиф огледално се поклопува со созвездието касиопеја поврзано со Северњачата на денот на роденденот на Александар Македонски,затоа се овие нагаѓања за неговиот гроб.Касиопеја ротира во текот на годината и на овој датум (19-21 Јули) е во оваа положба.

Евер и друг куриозитет за овој геоглиф.Сликата ја правев јас,не е превземена

dude srsly WTF?
бтњ зашто е темава во дијаспора?
 
Член од
23 мај 2013
Мислења
2.395
Поени од реакции
5.769
Темава може да се бриши или да се спои со другата како и да е од брзање ја отворив темава пред да побарам дали постои
моја грешка се извинувам
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Чекаме официјално соопштение од архивата на ЈП Градски Гробишта :свиркам:
 
Член од
10 август 2014
Мислења
14
Поени од реакции
11
Grobot na Alexandar e dlaboko pod aleksandriskite pesoci vo Egipet. Za povekke informacii obratete se kaj general Sisi.
Prikaskite kako vo infoto se za mali deca.
 
Член од
23 мај 2013
Мислења
2.395
Поени од реакции
5.769
Тие информации јас не ги неправив само ги споделив да видам што мислите вие јас сепак мислам дека телото на Александар се наоѓа некаде у средноземно море
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Абе човекот не го оставија да почива во мир.

Не ми се верува дека ја пронашле гробницата на Александар Македонски, но исто така и не викам дека не е можно да ја пронајдат :)
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.270
Поени од реакции
15.386
појма немам.кога темава била зачната јас не ни сум бил член на форумов.само сум се приклучил како стихија
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.580
Ај веќе еднаш нека се пронајде гробот, без разлика дали во Егејска или Вардарска ако е наша историјата нека биде вистината откриена ако бил грк ајде веќе еднаш нека докажат, преку таквото ми е.
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
Инаку, во оваа гробница најверојатно е закопан Александар...

IV, т.е. Аце џуниор и Роксана. А за Аце стари има многу теории. Една читав од Робин Лејн Фокс, и таму има миљарда референци и аргументи дека Аце е прво закопан во Мемфис, па после е префрлен во Александрија, и после срања се дешаваат во Иџипт, па телото може и да е фрлено негде, којзнае шо се десило. Има и милион теории дека трговци и слични носеле мошти негови наоколу низ светот... бла бла. Како и да е, 99,99 не е Аце трети ни овде, ни во Свети Николе. Безразлика на силните аргументи на Гиш и Миленко :D
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.669
Поени од реакции
42.237
Инаку, во оваа гробница најверојатно е закопан Александар...

IV, т.е. Аце џуниор и Роксана. А за Аце стари има многу теории. Една читав од Робин Лејн Фокс, и таму има миљарда референци и аргументи дека Аце е прво закопан во Мемфис, па после е префрлен во Александрија, и после срања се дешаваат во Иџипт, па телото може и да е фрлено негде, којзнае шо се десило. Има и милион теории дека трговци и слични носеле мошти негови наоколу низ светот... бла бла. Како и да е, 99,99 не е Аце трети ни овде, ни во Свети Николе. Безразлика на силните аргументи на Гиш и Миленко :D
кои силни аргументи жити се
 

Kajgana Shop

На врв Bottom