@cool@
Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
- Член од
- 2 јуни 2007
- Мислења
- 23.601
- Поени од реакции
- 27.114
Сувенир“ од Самоков, единствената наша фабрика за муниција и оружје, е сосема уништена.
Ова е сликата од увидот што полицијата го извршила минатиот петок, откако ден претходно бил уапсен Ѓоко Златески, директор на фабриката. За досегашниот сопственик, Гркот Василиос Пападопулос, истражен судија од гостиварскиот суд напишал централна потерница (за низ цела држава), а се очекува да потпише и меѓународна по сознанијата дека Пападопулос избегал во Грција.
- Ми се слоши кога влегов во погоните. Јас и другите пред мене со години ја градевме фабриката за сега да стане пустош - револтирано раскажува Кире Костоски, поранешен директор на „Сувенир“.
Тој во петокот бил замолен од полицијата да помогне при увидот на машините.
- Дивјаштво. Од големата преса е исечен електромотор. Не можеле да ја однесат, огромна е. На времето кога се инсталираше мораше да се вади покривот за да можат хеликоптерите да ја спуштат внатре. Еден куп алати ги нема. Машината за комплетирање на куршумите беше демонтирана и на парчиња ставена во еден камион. Таа е купена од фабриката „Први Партизан“ - сведочи Костоски.
Повеќе од една година поранешните вработени зборуваат дека „Сувенир“ се уништува. Но Пападопулос беше сопственик и не дозволуваше никој да влезе внатре.
Собрани 32 вреќи со документи
Токму работниците, односно еден поранешен возач и јавил на полицијата дека огромни шлепери излегуваат од дворот на фабриката. Му станало сомнително бидејќи знаел дека „Сувенир“ не работи. Полицијата тргнала во акција и во средата на излез од Брод кон Пласница запрела еден камион.
- Имаше што да видам. Купишта делови од сите машини што ги знам во „Сувенир“ беа изнафрлани внатре. Препознав делови од машините „ровета“, „коради“ и „индекс“. Тоа се машини за механичка обработка и преси. Некаде беа отшрафувани, некаде сечени, парче беа - вели Костоски.
Откако камионот бил запрен, возачот веднаш „пропеал“. Ја кажал адресата на магацинот во Гевгелија, каде што машините требало да бидат однесени. Објаснил дека од таму ќе се чекала згодна пригода машините да се префрлат во Грција. Гевгелиската полиција веднаш била известена и закупениот магацин бил најден токму кога уште еден шлепер со делови од „Сувенир“ се растоварал.
- Деведесет отсто од машините се уништени. Имаше уште еден куп демонтирани машини. Мислам дека планирале да наполнат уште еден шлепер. Јас не бев задолжен да видам друго во фабриката, но мислам дека и каблите за струја се откорнати. Во врска со машините и инвентарот собравме 32 вреќи со документи - појаснува Костоски.
Каде е пластичниот експлозив?
Пред една година јавноста дозна дека од магацините на „Сувенир“ недостигаат многу муниција и два и пол тона пластичен експлозив. Потоа беше откриено дека муниција и експлозив биле продадени на Гркот за само 10.000 евра, по што следуваа кривични пријави за стечајниот управник и проценителот. Најверојатно за да се извлече од кашата, Гркот Пападопулос со писмо го извести новиот стечаен управник дека се откажува од пластичниот експлозив. Сега не се знае каде се наоѓа експлозивот.
„Сувенир“ беше продаден на крајно сомнителен начин во февруари 2006 година за 500.000 евра. Пападопулос беше обврзан со купопродажниот договор да вработи 120 работници и да ја обнови линијата за муниција. Бидејќи не го исполни договорот со образложение дека Владата не му ги дава сите потребни дозволи за работа, беше почната постапка пред судовите за враќање на „Сувенир“ на државата. Минатата недела таа постапка заврши со одлуката на Апелацискиот суд во Гостивар, со која на Пападопулос дефинитивно му се одзема фабриката. Гркот со месеци не е виден во Македонски Брод и во Самоков.
За „Сувенир“ се заинтересирани две групи американски компании од воената индустрија. Тие планираат да воведат најнова технологија во „Сувенир“, но сепак уништувањето на машините на фабриката најверојатно ќе ја намали продажната вредност на фирмата.