Имам трособен стан 55m2 кој сакам да го загревам со котел на пелети врзан на домашно парно. Се мислам да земам EcoSpar Minima 12kW. Зградата е постара но дограмата е целосно заменета. Некои викаат дека овај котел нема да може да постигне да го загрее местото. Станот се наоѓа во Битола, така да зимите се доста ладни. Ваше мислење, искуства со овој модел?
Мојот стан е 80 метри квадратни, или со доградбата, односно заградувањето на едната од двете тераси, доаѓа некаде околу 90 до 95 метри квадратни, и исто така е во зграда стара повеќе од 40 години и фасадата не е обновена од кога зградата е изградена, а и сеуште немам ПВЦ прозорци во сите простории, но сепак одлично се грее веќе 5-та грејна сезона со котел со моќност од 12 киловати.
Баш минатава зима 2016/2017 беше една од постудените, мислам дека цел јануари 2017 котелот го остававме да работи повеќе од 16 часа во едно деноноќие и трошеше помеѓу 1 ипол до 2 вреќи пелети од 15 килограми во едно деноноќие.
Немам точна бројка, но 100% сум сигурен дека минатава зима 2016/2017 не потрошивме повеќе од 130 вреќи пелети = 1.95 тона.
Ако си одлучен да купуваш котел на пелети за домашно парно греење, направи го тоа во текот на пролетта 2017 или во текот на летото 2017, и задолжително купи помеѓу 150 и 200 вреќи пелети за да бидеш подготвен за зимата, бидејќи минатава зима 2016/2017 поради субвенциите и зголемената побарувачка, на кратко време немаше пелети бидејќи ги распродадоа. Јас сеуште имам некаде помеѓу 50 и 70 неискористени вреќи пелети, а вообичаено моите купуваат нови пелети во септември или октомври, па сигурно во септември 2017 или октомври 2017 ќе купат уште 50 или 100 вреќи за да бидеме подготвени за наредната зима.