- Член од
- 24 април 2008
- Мислења
- 11.078
- Поени од реакции
- 12.630
1. И кај котлите и кај печките на пелети се чистат пепелниците, а одвреме навреме и издувните цевки, односно ќунците - ова претежно зависи од тоа какви пелети се користат, односно со колкава енергетска/калорична вредност и колку пепел оставаат, но несомнено кај печките на пелети ќунците поретко се чистат, а можеби и никогаш бидејќи печките на пелети работат со послаба моќност; Исто така, кај котлите на пелети мора барем еднаш годишно да се чисти ложиштето поради останата пепел која не излегла низ ќунците, а кај печките на пелети можеби тоа не се прави - велам можеби бидејќи лично не познавам никого со печка на пелети за да го прашам за чистењето на ложиштето;Tемава почна да станува феноменална. многу многу дилеми кои што ги имав веке ми станаа кристално јасни а дискусијава постана и те како поучна и ни е од помош на сите нас кои што имаме во план да поставиме таков систем за греење. браво за сите кои несебично го споделуваат своето искуство и со самото тоа ни помагаат во нашиот избор за што и како да планираме за во иднина.
би сакал да поставам уште некои прашања кои ми се нејасни.
1. дали чистењето на камините и котлите во принцип е сличен или кај некои е полесно во однос на другиот. мислам на споредба општо камин v.s. котел а не на тоа од која фирма е произведен истиот?
2. пепелта се чисти со класична правосмукалка или има специјална за таа намена?
3. дали пелетите што би ти останале од оваа сезона може да се употребат за следната грејна сезона и дали губат на квалитет,калоричност,согорување?
4. дали ако се чуваат во подрум вреќите со пелети можат да пропуштат влага и со самото тоа да го намалат квалитетот насамите пелети. ова го прашувам пошто подрумите колку и да се изолирани тие пак си имаат некоја своја минимална влажност на воздухот. за дрва знам дека не е но дали за пелетите тоа би представувало проблем?
5. дали може самиот систем да се поврзе и со соларно греење и дали тоа би представувало помош на печката/котелот и со самото тоа би се намалила потрошувачката на пелети??
6. дали после падот од 18% на 5% на ддв-то кај пелетите има промена во цената?
благодарам за одговорите.
2. Пепелта е премногу ситна и лесна за да се чисти со обична правосмукалка, ќе го запуши моторот, сега се продаваат посебни правосмукалки наменети токму за пепел, како оваа од Пелет Центар, по цена од 4.000 денари или помалку, не знам дали овие Пелет Центар сеуште постојат и дали сеуште работат, последните слики објавени на нивната Фејсбук страница се од 2015 година, а податоците на нивниот официјален веб сајт се од 2014 година, но ги помнам пелетите Bioenergy Point кои моите ги имаат купено еднаш, можеби од Пелет Центар, а можеби од друга фирма, но помнам дека бев многу задоволен од нив; Единствено кога го чистам ложиштето еднаш годишно, користам друга правосмукалка со воден филтер, бидејќи кога прв пат го чистев ложиштето, го чистев со оваа правосмукалка наменета за пепел и филтерот се запуши барем 10 (ДЕСЕТ) пати;
http://www.peletcentar.mk/
https://www.facebook.com/peletimk
https://www.facebook.com/bukovipeleti/photos/a.147626132054853.35974.143871375763662/259282740889191/?type=3&theater
https://www.facebook.com/bukovipeleti/photos/a.143921949091938.34722.143871375763662/143922075758592/?type=3&theater
Од Фејсбук страницата на Пелет Центар:
Едноставен тест го утврдува квалитетот на пелетите. Добрата и квалитетна пелета ставена во чаша вода треба веднаш да потоне и не смее да плута.
https://www.facebook.com/bukovipeleti/photos/a.143921949091938.34722.143871375763662/143922095758590/?type=3&theater
https://www.facebook.com/bukovipeleti/photos/a.143921949091938.34722.143871375763662/143922039091929/?type=3&theater
3. Се додека ги чуваш пелетите на суво место, можеш да ги користиш и за 10 години од сега, рокот на траење им е неограничен;
4. Јас ги чувам во подрум, но дури од оваа грејна сезона 2016/2017 ги чувам качени врз дрвени палети, досега ги чував директно врз подот во оставата и во два наврати кога истури дожд се поплави подрумот и вреќите кои беа најдолу врз подот беа подуени поради водата која ја примија и завршија во ѓубре; Вреќите беа неподносливо тешки и камен тврди поради водата која ја имаа примено, како да креваш бетон, а не вреќи со пелети;
5. Го повторувам одговорот на @Kamion во пост #255:
6. Немам забележано промени во цените на пелетите, цените и понатаму се движат помеѓу 210 и 250 денари за една вреќа, со исклучок ако нарачаш 30 или 50 или повеќе вреќи во една нарачка, при што ти следува попуст.5. Самиот систем може да се поврзе со соларно но тоа би било тешко исплатливо поради големиот број на панели кои би ти биле потребни да го задоволат системот а и соларните панели би биле добра опција со подно греење каде што нема потреба од висока температура што не е случај со радијаторите. Во наши услови мислам најмногу системот се поврзува Котел-Бојлер и Соларно-Бојлер со тоа што топлата вода од соларните панели се користи само за загревање на бојлерот а не и системот за греење. И кога нема доволно сончеви денови котелот ја догрева водата во бојлерот. Напомена дека бојлерот треба да биде за соларен систем со два изменувачи односно бојлерот има дополнителни два влеза и два излеза од стандарден бојлер за поврзување со Котел-Соларен систем.
Најтешко прашање за оваа проблематика според мене е што би правел со количината на топла вода во текот на летото,единствено и најдобро решение е базен
Последно уредено: