Графички карти

MasteR_#0

Addict
Член од
16 мај 2010
Мислења
3.154
Поени од реакции
879
А да матичната, не би требло да не ти прави проблем ако слотот е PCIe 1.0.
Е сега ако е Gembird 550W напајањето... не би спиел мирно со 6870 и тоа напјапање у исто куќиште. Земи ново напојување првин па послем карта/платформа.
 
Член од
29 декември 2011
Мислења
2.988
Поени од реакции
2.438

MasteR фала многу за коментарите. Ќе го земам во предвид твоето мислење. Ќе пишам искуство после набавката.
 
Член од
29 декември 2011
Мислења
2.988
Поени од реакции
2.438
ako sakas zamena so gts450 1gb ddr5 so doplata 2300 pisi
Бате Миле, картицава која ја нудиш дефинитивно е подобра од таа што ја имам сега, ама барам нешто што ќе потрае и откако ќе ја сменам конфигурацијата. Ако се пишманам, ќе ти пишам. Фала за понудата сепак.
 
Член од
10 септември 2009
Мислења
149
Поени од реакции
65
ako sakas zamena so gts450 1gb ddr5 so doplata 2300 pisi
Друже имаш ПП, и со моја понуда :)
сепак.. ќе идам со гтс450 ако се согласи Бате Миле, и со CM Silent Pro 500w го има за 4800 во Vortex, па за година дена ќе ја шитнам и таа и ќе си земам од Radeon HD7xxx заедно со цела нова конфигурација... бидејќи сега нема доволно мани, и за 6870 и напојување....
 
Член од
29 декември 2011
Мислења
2.988
Поени од реакции
2.438
ako sakas zamena so gts450 1gb ddr5 so doplata 2300 pisi
^ Ете добра понуда.
Сакав да ви пишам дека се одлучив за 6850. Ќе ја земам од Анхоч, и претходната беше од таму земена и досега одлично се покажала. Како што пиша Мастер пред некој пост, ако можам да и земам 1.500 денари, ќе одат кон подобро напојување. Ќе ја ставам во темата за продавање. Ќе пишам искуство со новата картица.
 
MasteR_#0

Addict
Член од
16 мај 2010
Мислења
3.154
Поени од реакции
879
Сакав да ви пишам дека се одлучив за 6850. Ќе ја земам од Анхоч, и претходната беше од таму земена и досега одлично се покажала. Како што пиша Мастер пред некој пост, ако можам да и земам 1.500 денари, ќе одат кон подобро напојување. Ќе ја ставам во темата за продавање. Ќе пишам искуство со новата картица.
Добар избор, картата е одлична за цената и ќе те служи добро подолго време :)
 
Член од
29 декември 2011
Мислења
2.988
Поени од реакции
2.438
А да матичната, не би требло да не ти прави проблем ако слотот е PCIe 1.0.
Е сега ако е Gembird 550W напајањето... не би спиел мирно со 6870 и тоа напјапање у исто куќиште. Земи ново напојување првин па послем карта/платформа.
Вчера ја инсталирав картицата и тера супер. Ама ептен ме стави во мисла со напојувањево, а и во право си. Тукушто земав CM Silent Pro 600W од Vortex. Малку солено ама за следниот „build“ инвестиција. Фала на коментарот повторно.
 
MasteR_#0

Addict
Член од
16 мај 2010
Мислења
3.154
Поени од реакции
879
Вчера ја инсталирав картицата и тера супер. Ама ептен ме стави во мисла со напојувањево, а и во право си. Тукушто земав CM Silent Pro 600W од Vortex. Малку солено ама за следниот „build“ инвестиција. Фала на коментарот повторно.
Ете така, се да си е на место :) Одлични избори си направил.
 
Член од
1 јануари 2012
Мислења
193
Поени од реакции
31
Дечки... значи одма да се пожалам и ми треба ИТНА ПОМОШ од вас... е зедов GTS450 2048 MB, е немаше стандардната ни HD6770, па морав таа... добро ама... е пуштам NFS: The Run и повеќе сецка одколку што сецкаше со 9400 GT. Memory Clock 553 ми покажува на GPU Meter... дечки кажете што е проблемов... бтв. имам 1 Год гаранција на GPU :)

My Spec:
CPU: AMD Athlon 64 X2 Dual Core Processor 4400+, 2301 MHz
GPU: GeForce GTS450 2 GB DDR3
RAM: 3 GB DDR2 800 MHz

Фала ви однапред !
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.492
1.Смени драјвери
2. Пробај друга игра.
 
Член од
10 септември 2009
Мислења
149
Поени од реакции
65
Вчера ја инсталирав картицата и тера супер. Ама ептен ме стави во мисла со напојувањево, а и во право си. Тукушто земав CM Silent Pro 600W од Vortex. Малку солено ама за следниот „build“ инвестиција. Фала на коментарот повторно.
Ниту пола нема да искористиш од тие 600вати :)
За CrossFireX ili za SLI се некако малце( бидејќи со 2 такви карти во иднина би требале околу 500 вати максимум но препорачано е да се има 40% headroom за напојувањето, со оглед на тоа дека капациторите слабеат и моќноста се намалува со текот на времето, од 10-20% за година дена активно користење! извор: extreme psu calculator), a за сингл карта се многу :)
И пријатно сум изненаден за цените на кулер мастер напојувањата во Вортекс!
од 10 па до 20% се поефтини од сет!
CM REAL POWER 520w за ~4200!!
Silent pro 500w за ~4800!
Додека за графички карти на АМД, најдобри цени нудат мебиус. 10000 за хд6870 и 8400 за хд6850.
Најдобри цени имаат. Да знаат сите што планираат да купуваат...а парите им се мал проблем и каде секој заштеден денар е добредојден. (y)
и се извинувам што отидов малце off-topic :)
Дечки... значи одма да се пожалам и ми треба ИТНА ПОМОШ од вас... е зедов GTS450 2048 MB, е немаше стандардната ни HD6770, па морав таа... добро ама... е пуштам NFS: The Run и повеќе сецка одколку што сецкаше со 9400 GT. Memory Clock 553 ми покажува на GPU Meter... дечки кажете што е проблемов... бтв. имам 1 Год гаранција на GPU :)

My Spec:
CPU: AMD Athlon 64 X2 Dual Core Processor 4400+, 2301 MHz
GPU: GeForce GTS450 2 GB DDR3
RAM: 3 GB DDR2 800 MHz

Фала ви однапред !
Што збориш бе..
Нова картичка со 1 година гаранција????
да не си зел некое репарирано лајно ???
ова немогуче е бидејќи најниската гаранција за GPU кај нас е 2 години....
п.с. графичката си ја утнал тотално... бидејќи си ја зел многу потапа верзијата gts450 2gb
ddr3 so 128bit...
gddr5 со 128bit мемориски интерфејс, но само со 1GB VRAM ти е многу подобрата варијанта...
Зашто не се консултираш прво пред да купиш нешто ? :/
 
Член од
1 јануари 2012
Мислења
193
Поени од реакции
31
Војвода те разбирам ама во Охридов никаде е немаше GDDR5... освем тоа Memory Clock не се менува од 334 и 553... пробав OverClock но максимум оде до 600 MHz Memory Clock... некој овдека мене ме зафркава или? :mad:

1.Смени драјвери
2. Пробај друга игра.
Пробано... не работи... :)

П.С дане е до процесорот?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom