Вчера ја инсталирав картицата и тера супер. Ама ептен ме стави во мисла со напојувањево, а и во право си. Тукушто земав CM Silent Pro 600W од Vortex. Малку солено ама за следниот „build“ инвестиција. Фала на коментарот повторно.
Ниту пола нема да искористиш од тие 600вати
За CrossFireX ili za SLI се некако малце( бидејќи со 2 такви карти во иднина би требале околу 500 вати максимум но препорачано е да се има 40% headroom за напојувањето, со оглед на тоа дека капациторите слабеат и моќноста се намалува со текот на времето, од 10-20% за година дена активно користење!
извор: extreme psu calculator), a за сингл карта се многу
И пријатно сум изненаден за цените на кулер мастер напојувањата во Вортекс!
од 10 па до 20% се поефтини од сет!
CM REAL POWER 520w за ~4200!!
Silent pro 500w за ~4800!
Додека за графички карти на АМД, најдобри цени нудат мебиус. 10000 за хд6870 и 8400 за хд6850.
Најдобри цени имаат. Да знаат сите што планираат да купуваат...а парите им се мал проблем и каде секој заштеден денар е добредојден.
и се извинувам што отидов малце off-topic
Дечки... значи одма да се пожалам и ми треба ИТНА ПОМОШ од вас... е зедов GTS450 2048 MB, е немаше стандардната ни HD6770, па морав таа... добро ама... е пуштам NFS: The Run и повеќе сецка одколку што сецкаше со 9400 GT. Memory Clock 553 ми покажува на GPU Meter... дечки кажете што е проблемов... бтв. имам 1 Год гаранција на GPU
My Spec:
CPU: AMD Athlon 64 X2 Dual Core Processor 4400+, 2301 MHz
GPU: GeForce GTS450 2 GB DDR3
RAM: 3 GB DDR2 800 MHz
Фала ви однапред !
Што збориш бе..
Нова картичка со 1 година гаранција????
да не си зел некое репарирано лајно ???
ова немогуче е бидејќи најниската гаранција за GPU кај нас е 2 години....
п.с. графичката си ја утнал тотално... бидејќи си ја зел многу потапа верзијата gts450 2gb
ddr3 so 128bit...
gddr5 со 128bit мемориски интерфејс, но само со 1GB VRAM ти е многу подобрата варијанта...
Зашто не се консултираш прво пред да купиш нешто ? :/