Се извинувам за off topic-ов: само што бев гостин во една многу интересна продавница, односно комбинација галерија и продавница, а продаваат реквизити и облека за оние што се бават со графити.
Делот со галеријата се состои од слики-репродукции од познати графити, графити на платно кои се урамуваат и ставаат дома како уметнички дела, и уметнички дела со призвук на графити.
Еден спреј чини US$7, но има германски за $9.
Ме интересира, колку чини еден спреј во Македонија? И дали покрај спреј се користат четки за пишување графити?