Си реков дека ќе се воздржам од коментари на оваа тема, но едноставно неможам.
Добро бе да ви се плукнам во тоа мозоците недозреани, викаат ОСИГУРАЈ СЕ ! Мислите ли малце што пишувате или какви реакции ќе предизвика тоа.
Човекот работел, душата ја оставил за да може да преживее, а вие мајтап си играте. Искрено јас немам допирна точка со земјоделството, но навистина ми е жал за ова што се случило.
Кога падна првиот град, јас бев кај Дедо ми во Драчево, а он има лозје ама го чува и се грижи за него, зашто му е мерак, да можеме ние внуците летово да пробаме грозје, а не заради корист.
Кога почна да паѓа градот, јас бев до дедо ми, а он гледа од прозорец и едноставно занеме, цел труд, напор што го имал вложено го снемува за 10 минути. Навистина е така, додека не почувствуваш на сопствена кожа, не можеш да сфатиш како е.
Еве сега читам се исушила некоја Врба која вредела 80.000 евра. ЕЕЕЕЕЕЈЈЈ каде со овој памет, имаме 80.000 евра за ВРБИ, а нема 30.000 евра за ракети против град. Заради ова ќе ни пропадне државата, не се размислува за другите.
И затоа ве молам воздржете се од глупави коментари.