Здраво на сите!
Иако сум верник, градење верски објекти без потреба, било џамија, било црква, било како верски објект, без потреба за мене е грев. А уште полошо ако се градат за инает на некого. Јас како муслиманин албанец сум за градење на било што но само ако навистина има потреба за тоа.
Сега вака. За Маџир Маало и Ново Лисиче, не можам да зборам ништо, бидејќи неам појма колку муслимани има таму. Ако има добар број на муслимани во тие места, тогаш редно е да им се овозможи да изградат џамии
Зошто! Ние муслиманите се клањаме 5 пати на ден и плус ја имаме големата петочна молитва во која во ниедна џамија низ Македонија не не собира.
Зошто муслиманите од Маџир Маало или Ново Лисиче да поминат голем пат до Чаир 5 пати на ден и да дојдат во централните Џамии? Ако има малку муслимани во тие места, 50-60-тина, тогаш не мора со минаре да се напраат. Доволно е некој објект за клањање да се направи за да им биде блиску на тие верници и да можат да ги извшуваат нивните секојдневни верски обврски без мака.
А за џамија во Центар, признавам, тоа е мојот сон. Не дај Боже, не го велам за инает на никого, но поради лично персонална потреба. Вие не сте свесни колку ни е потребна џамија во Центар. Јас персонално често фреквентирам низ Центар. И кога доаѓа време за клањање, немам нигде каде да се обратам и да ја извршувам таа верска обврска. Истотака кога излегувам со друштво, морам да станам, па да пешачам до Чаршија и да се клањам таму. Замислете колку време ми зима тоа. Во зависност од тоа каде сум во Центар, да идам до најблиската џамија и да се вратам ми требат минимално 30 минути. Немам кола, затоа пешачам. Замислете уште колку муслиманите така прават.
Дај да не ги заборавиме и многуте муслимани кои работат во државна администрација, министерства, банки. Моментално не зборувам за 5 пати клањање, туку само за Петочната молитва. Навистина на нив им е потребна една џамија во Центар, каде би можеле на брзина да ја извршат петочната молитва и да се вратат на работното место. и не мора да има МИНАРИЊА. Нека биде магацин, некоја мала сала, било што, само да имаме каде да се клањаме, да не шетаме по град да бараме џамии. Неколку пати сум бил принуден да препуштам молитва, и тоа е грев во Ислам.
Нејсе, тоа е све што имав да кажам за ова тема. За ничиј инает туку за моја потреба, јас сакам да има џамија во Центар.
Поздрав до сите