Прегледај го приврзокот 77200.
Прегледај го приврзокот 77201.
Прегледај го приврзокот 77202 новиот парк во
Горно Лисиче-во селото, местото се вика Бановина.
За овој парк отворив и пишував во други теми.Тој парк е и детски парк-мал луна парк.
Можеби и еден од најубавите и најипремени во државава. Но денес што видов.
На самиот влез внатре во паркот се гради некоја градба.Помислив веднаш на Тоалет.
Ама не ми личат на тоа темелите и страните,се ми личи на црковен објект.
На првата слика позади,она полуокругло со мал отвор горе,сум го гледал на цркви.
Поточно на мала црква,какви што се прават ове неколку години во цел Аеродром.
Му треба ли на овој парк црква (ако е црква).
Дали местото за верски објект е во детско игралиште,одмаралиште и парк.
Што ќе се молат овде родителите,или пак децата.
Ќе има ли свештеник во оваа црква, или само локално клисарче.
Со кои пари ќе се гради оваа црква.
Има ли одобрение за градба овој објект.
На истата улица нешто подоле во близина има селска нова црква.
Во селото има една прекрасна стара црква,со најубав двор во Македонија.
Во населбата,карши селово сега се во изградба две цркви( а има и други)
Можеби треба и тема и дискусија за ова: Црква во детски парк во с.Лисиче.