Грабеж на студентите на Правниот факултет - Скопје (прва година)

Член од
10 јануари 2011
Мислења
1.658
Поени од реакции
3.322
Изгледа ти неписмен си. Кој по ѓаволите вика дека е добро во Македонија?
Тема е отворена затоа што НЕ Е ДОБРО.
И не е нормално да очекуваш од некого да научи во рок од 3 месеци 2000 страни (можеби и повеќе, на правен) а башка, што колоквиумите им се во прекратко време, и башка, за да иде на испит, МОРА да ги положи колоквиумите. Тоа е така направено, не за да научи некој повеќе, (со извинение, ама и да падне на колоквиум, може да научи за испит) туку за штанцање пари. Ти слеп си или?!

И башка, ниту еден од нас од филозофски, нема право да каже како им е на правен/медицина. Зошто ние вкупно полагаме 1000 страни, макс. 1500 за цела година. А не за семестар.
Како и да те плаќаат, не го работиш тоа што си го студирал, значи никој до сега не проценил дека те бива за тоа.
Ајде пак како наш Томе од психологија шо викаше кога предаваше статистика "за тие што понезнаат" да повториме значи не е нормално да очекуваш да во рок од 3 месеци некој научи 2000 страни. Баш од овие причини и кажувам дека повеќето не се за на факултет. Тие кои можат да научат 2000 страни за 3 месеци се за таму другите не (пак да се повторам "за тие што понезаат"). Ме разбра љубави? :P
--- надополнето: 18 мај 2012 во 02:02 ---

Не ми се лути па сега ти неможе сите за се да ги бива :(. Сигурен сум дека си добра за други работи (y)
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.769
Поени од реакции
8.794

Ниту тебе очигледно не те бива, чим си се запишал на Филозофски, каде што се учи доста помалку од 2000 страни за 3 месеци.
Што мајка си барал бе ти на факултет, за во нива си....
 
Член од
10 јануари 2011
Мислења
1.658
Поени од реакции
3.322
Ниту тебе очигледно не те бива, чим си се запишал на Филозофски, каде што се учи доста помалку од 2000 страни за 3 месеци.
Што мајка си барал бе ти на факултет, за во нива си....
Тоа сакав да го учам бе срце што пак ти толку се лутиш? Ништо страшно еее па ти...:LOL:...не ти е касно не си на предавања утре ај легни си одмори малку па утре пак ќе ме навредуваш :D колку бидна саат 20.14 + 6 опааа 02.14 отиде времево...ајде добра ноќ :sleep:
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.769
Поени од реакции
8.794
Тоа сакав да го учам бе срце што пак ти толку се лутиш? Ништо страшно еее па ти...:LOL:
Ама не си способен да научиш 2000 страни, не те бива за ништо.
Искрено, на форумов има луѓе со средно, ама далеку се попаметни од тебе.
Џабе си го сакал факултетот, кога ништо не си научил од него.
 
Член од
10 август 2011
Мислења
1.930
Поени од реакции
7.811
Помлади сте, бруцоши, па затоа сте толку изреволтирани. Претпоставувам дека кога сте почнале со факултетот сте си оформиле некоја идеализирана слика за него и за себе во него (што и е нормално), па сега ве чуди и сте нервозни што не испадна така во реалноста.

Студентски права кај нас се почитуваат, колку што се почитуваат работнички, потрошувачки, економски права и тоа не од сега, туку генерации наназад, на сите факултети. Не ми е намерата да ви кажам дека не сте во право, туку да ја проширам малце перспективата на целиот проблем. Проблемите идат многу подлабоко од системот на оценување и стојат таму со децении.
За жал факултетите се на ниво на еден бизнис. Една голема работилница за пари. Уствари и секаде низ светот стануваат тоа, ама таму барем си ја добиваш услугата за која плаќаш. Горе-доле.
Не очекувам дека ќе постигнете нешто или дека ќе смените, зашто не сте прва генерација, а претпоставувам неам да бидете ни последна што е заебавана на овој начин. Не само на овој, на сите факултети. Промени од друго место треба да се почнат.

Него, за квалитетот и тежината на студирање, не верувам дека е нешто поразлично од ектс, и од тие пред нив, студирањето. Веројатно сега само е нагло намалена можноста за поминување, па тука и се јавуваа најголем револт.
Една од најголемите глупости што се повторува постојано е дека генерациите порано, со стариот систем, биле кфалификувани правници и дека стварно се продуцирале страшни кадри. LOL.
Истите тие јаки кадри, ги држат сите одговорни места по државава, сега и изминативе години и количината на глупости што ги имаат направено е немерлива. Какви само кловнови може да се сретнат на клучни места и какви работи се дешаваат во нашата прекрасна правна држава, тоа е страшно. Али ај, ќе се тапшаме по грб.
Квалитетот и на тие и на екст-овци и на овие нови е ист. Затоа што квалитетот на образованието, системот на образование е ист. Треба огромни промени. Кај нас уште од мали децата се учат на меморирање на информации и на механичко репродуцурање на истите. Па затоа имате спремни кадри за било што само две недели по испит. Професорите се со методи од друго некое време, литературата е, бог да чува.
Треба, многу повеќе интердисциплинарност. Повеќе изборни предмети. Али тогаш ќе треба академската фела уствари и да се фокусира на својата работа.
 
Член од
10 јануари 2011
Мислења
1.658
Поени од реакции
3.322
Ама не си способен да научиш 2000 страни, не те бива за ништо.
Искрено, на форумов има луѓе со средно, ама далеку се попаметни од тебе.
Џабе си го сакал факултетот, кога ништо не си научил од него.
Ако поубаво ќе се чувствуваш и ќе може лесно да спиеш еве признавам ајде по трети пат добра ноќ се најубаво ;)
 
Член од
18 мај 2012
Мислења
59
Поени од реакции
17
доста квичите бе. ви ја намалија партиципацијата од 800 на 400 евра и па нешто ви фали, што мислите како ни е нас од 3та година во приватна квота што плаќаме по 800евра секоја година, вие ми се жалите за 1000ден во казнена, па положете си на време како што треба и нема да имате дополнителни трошоци
btw не се сите за на правен;)
 
Член од
18 јануари 2012
Мислења
381
Поени од реакции
653

Бидејќи глеам терате инат и така ви чини, во рамките на тоа; Koj ти е крив што не си учел за да влезеш во државна.
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
7
Поени од реакции
6
Вие салам сте бе?
Ојте онаму отворете си нова тема и кажвајте како во образовниот систем во Македонија можиш да бидиш семоќен (ако учиш). Е не можиш.

Ти шо плачиш за приватна квота дека си бил, шо не си учеше бе појќе за да влезиш во државна? Или сега Цацко и за то ти е крив? Гарант не си бил ти, туку универзумот имал завера против тебе само за ти да плаќаш 800 евра. Ајде молим те.

А ти шо немаш на испит паднато (шо реално гледано е можно или ако си бил на приватен, кај шо ни по скали не можиш да падниш, или лажиш корниш). Како и да е никој не е импресиониран. Ако ти треба место да се прајш попаметен од сите други оди таму кај шо те плаќат па прај му се нив. Или не ти држи? Туку прекрасно ти е да се пофалиш дека не си во Македонија и те плаќат и си мислиш излезе од тука, сега нас сите можиш памет да ни солиш. Сите исти сте ко ќе замините негде. Автоматски ко ќе ја премините границата ви се клава животна мудрост во глата. Аха, да.

Значи темата не е отворена за вие поголемите да не учите на животни мудрости, колку било тешко, па вие сте совладале без ниедна препрека или шо ти знам јас таму. Не. Темата е зошто немаме 3 сесии (за кои шо потпишавме договор), туку имаме една.
Не е оти не учиме, прекинете со то. Или сте слепи или свесно одбирате да си ги игнорирате тие постој шо вас не ви одговарат и не се во контекст со вашето трескање (си мислам ова второто ќе да е).
Да немавме колоквиуми, да беше се на испит, ќе беше далеку подруго, оти немаше да се замараме со банални и глупи колоквиуми шо можат многу појќе да те зафркнат отколку испитот, посебно кај професори шо обожават да се двосмислени, па оди ти чешај ја глата шо е точно за да ти се дај и та ЕДНАТА шанса шо ја имаш за на испит.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.769
Поени од реакции
8.794
Eте зашто ќе ве ебаваат на УКИМ. Самите студенти се ситите на туѓа мака.
 
Член од
13 септември 2011
Мислења
143
Поени од реакции
469
Кога добро ќе се размисли, од позицијата на водач, на никого не му одговара исклучително самостојни, интелектуални капацитети со високи
морални стандарди. Самостојно студентско движење е смешно-по-себе кај нас.
Според тоа, овој систем на образование е создаден со доволна сила да ја одржи моменталната состојба на владеење, т.е. да нема бунт.
(Тоа е многу посуптилно отколку што звучи: се инсталира подлост, нискост на карактери и луѓе, генерално ужасни особини преку
системска арогантност, препотентност (бирократија inter alia). Целта е јасна: инсталирај (корумпирај ги на време) подлост,
за подоцна да се повикаш на неа. Подоцна, тој што поминал низ тоа, го наоѓа како нешто без кое не може, како sine qua non.
Тогаш, тој е морално корумпиран. Тој *ЌЕ* се приклучи на системот и ќе го брани, итн. Тоа, навистина, е една современа инфекција на умот.
Оправдувањето им е најсмешниот елемент: „знаеш, никој не е совршен“. Бидејќи НИКОЈ НЕ Е СОВРШЕН, затоа СЕКОЈ ТРЕБА ДА СЕ ОДНЕСУВА КАКО ТЕОРЕТСКИ ЃАВОЛ.
Тоа е нивното оправдување. Тоа го кажувате секогаш кога ќе ја изговорите нивната реченица.)

(Морално супериорни кадри нужно ќе го подобрат системот, но тоа подобрување, најверојатно, скоро никој не го сака.
(Да, бидејќи тие што сакаат некакво подобрување, не им е дадено шанса. Тие се веднаш прогласени за вирус)
Затоа, бидејќи не сакаат промена, да го одржиме, но без повреда на нас самите (сметаат водачите).
(Ова е комично, како и за 01.05: „тие не протестираат, бидејќи сѐ им е убаво“. И мрморецот..)

Бидејќи невработеноста е објективност кај нас, еден од начините за пролонгирање е преку студирање. Една од причините за отворање на факултет
секаде низ Македонија е токму таа. Ние сведочиме на генерации што имаат над 90% запишани на факултет,
тоа е по себе смешно и не можам да го коментирам додатно.
Не постои подобар аргумент за укинување на системот од нивниот најславен аргумент за одржување на системот: бројноста.
Бидејќи ..да бидам благ, ќе речам „Толпата не е филозоф!“ како Платон, мора да се олеснат околностите за студирање.
Тука перфектно се внесува т.н. систем со кредити. Тоа е ужасен бирократски систем чија основна цел е тежнеење кон просек, а за концептот на знаење,
како ствар-по-себе, малку е да речам дека не му е даден приоритет - тој не е ни предмет на расправа.
(Препрочитајте уште еднаш точно што е напишано, тоа не значи дека ни од тоа место нема да излезе по некој гениј.
Но, гении постојат и без формално образование, па тоа не може да се смета како поен за системот.)

Затоа и на сѐ се даваат поени. Тоа е ноторна глупост. Поранешниот концепт на студирање е концепт кој е веќе проверен,
кој издржал многу потешки времиња и даде подобри кадри. Молам за 1 минута размислување на околностите 194X во однос на образованието во Македонија.
Тој што знаел да множи бил локалниот гениј.
Се наметнува прашањето, тогаш, зошто да го менуваме?
Ќе признаам една од нивните измислени причини: монопол на предмет.
Бидејќи секој професор е човек (по дефиниција, не по прифатени стандарди за човечност), мора да се реши
„личниот“ проблем со студент, т.е. да не може професорот да одлучува единствено и првенствено, еднаш-засекогаш во однос на студент.
(И тогаш, технички, не можело, но не било добро регулирано.)

Но, доволно е да се посвети 1 минута размислување на ова, да се заклучи дека најслабото можно решение е промена на целиот систем, за ваков
скоро тривијален проблем. Високото образование, како незадолжително, мора да остане во малцинството, ако сакаме прогрес (скоро нужно е ова).
Но, на сметка на тоа, треба да се даде можност на секој што го нема. Што скоро значи да се зајакне средното образование, кое кај нас е скоро шега.
Тоа повлекува низа останати проблеми. Не можеме да очекуваме здраво и силно општество кое се темели на шега-средно образование и на тривијалност-факултет.
Се однесуваме како кога баба пред умирање, ја шминкаме и дотеруваме за матура. Евентуално ќе колапсира.

Сведочам дека аналогијата со баба е во важност и за скоро сите останати проблеми, со кои сум интимно запознат, во Македонија.
Во важност е и аналогијата космодиск на претседателот. Образованието кај нас го вбројувам во пример: каде што ќе се даде приоритет на пара, се уништуваат
скоро сите вредности.
 
Фокси

Talk nerdy to me
Член од
11 октомври 2007
Мислења
2.358
Поени од реакции
1.390
Вие салам сте бе?
Ојте онаму отворете си нова тема и кажвајте како во образовниот систем во Македонија можиш да бидиш семоќен (ако учиш). Е не можиш.

Ти шо плачиш за приватна квота дека си бил, шо не си учеше бе појќе за да влезиш во државна? Или сега Цацко и за то ти е крив? Гарант не си бил ти, туку универзумот имал завера против тебе само за ти да плаќаш 800 евра. Ајде молим те.

А ти шо немаш на испит паднато (шо реално гледано е можно или ако си бил на приватен, кај шо ни по скали не можиш да падниш, или лажиш корниш). Како и да е никој не е импресиониран. Ако ти треба место да се прајш попаметен од сите други оди таму кај шо те плаќат па прај му се нив. Или не ти држи? Туку прекрасно ти е да се пофалиш дека не си во Македонија и те плаќат и си мислиш излезе од тука, сега нас сите можиш памет да ни солиш. Сите исти сте ко ќе замините негде. Автоматски ко ќе ја премините границата ви се клава животна мудрост во глата. Аха, да.

Значи темата не е отворена за вие поголемите да не учите на животни мудрости, колку било тешко, па вие сте совладале без ниедна препрека или шо ти знам јас таму. Не. Темата е зошто немаме 3 сесии (за кои шо потпишавме договор), туку имаме една.
Не е оти не учиме, прекинете со то. Или сте слепи или свесно одбирате да си ги игнорирате тие постој шо вас не ви одговарат и не се во контекст со вашето трескање (си мислам ова второто ќе да е).
Да немавме колоквиуми, да беше се на испит, ќе беше далеку подруго, оти немаше да се замараме со банални и глупи колоквиуми шо можат многу појќе да те зафркнат отколку испитот, посебно кај професори шо обожават да се двосмислени, па оди ти чешај ја глата шо е точно за да ти се дај и та ЕДНАТА шанса шо ја имаш за на испит.
Mислам дека знам за која прајш муабет.Прати прашање од другиве генерации:
Најди го точниот одговор:
а)Функцијата на институтот злоупотреба е да се утврди дали се пречекорени објективните граници во вршењето на субјективното право
г)Функцијата на институтот злоупотреба е да се утврди дали се пречекоруваат објективните граници во вршењето на субјективното право
:pos:
Чоек да не знајт дал да плачит дал да се смејт.
Ма кој ни е крив шо не учиме бре!
 
Грмуш

Пичкмајчин
Член од
11 октомври 2007
Мислења
1.118
Поени од реакции
90
Темава не ја отворив за да се карате чив факултет е потежок, ако гледате така според мене ДИФ е најтежок...Може нема за учење 2000 страни по семестар ама па ретко кој можед а ги направи вежбите на партер, карики и сл.
Темава е за тоа што ни се случува на нас студентите на правен прва година и на кој начин сме омаловажени и дискриминирани!
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
7
Поени од реакции
6
Mислам дека знам за која прајш муабет.Прати прашање од другиве генерации:
Најди го точниот одговор:
а)Функцијата на институтот злоупотреба е да се утврди дали се пречекорени објективните граници во вршењето на субјективното право
г)Функцијата на институтот злоупотреба е да се утврди дали се пречекоруваат објективните граници во вршењето на субјективното право
:pos:
Чоек да не знајт дал да плачит дал да се смејт.
Ма кој ни е крив шо не учиме бре!
ахахахахаххаххаах ете баш згоди шо пробвав да кажам. :pos:
--- надополнето: 18 мај 2012 во 10:41 ---
Mислам дека знам за која прајш муабет.Прати прашање од другиве генерации:
Најди го точниот одговор:
а)Функцијата на институтот злоупотреба е да се утврди дали се пречекорени објективните граници во вршењето на субјективното право
г)Функцијата на институтот злоупотреба е да се утврди дали се пречекоруваат објективните граници во вршењето на субјективното право
:pos:
Чоек да не знајт дал да плачит дал да се смејт.
Ма кој ни е крив шо не учиме бре!

ахахахахааахахахахах барем се разбираме ние од правен шо сакаме да кажиме :pos:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom