Прво, никој не ги сака РУНИ, СИЛВА, РИБЕРИ и ФАБРЕГАС заедно. Прави разлика. Ги сакаме само оние од кои имаме корист... најголема корист моментално би имале од Силва и Фабрегас. Неможеш да не ставаш на исто скалило кога вие сакавте да направите тим преку ноќ, тим којшто ќе освои се уште во првата сезона, којшто ќе го направи истото тоа што го направи Барселона. Како што гледате тоа не е толку лесно.
Дека имате вие подобар Дедо Мраз имате.. овде нема збор, свака му част на Флорентино има голема моќ и влијание кај играчите за да дојдат во Реал, но дека има поголема торба, нема. Моментално Барса е исто толку финансиски моќна како и Реал, само немора да троши по 200 милиони евра во преодниот рок за да го докаже тоа. Ако ги доведат тие мои (наши) омилени играчи како што викаш ќе го сакам тимот уште повеќе, зошто знам дека се што е постигнато до сега и ова место на кое се наоѓа сега Барса се должи само на напорна работа и желба за успех.
Разликата помеѓу Реал и Барселона никогаш не била во класи (освен лани на 2ри мај
)... секогаш била изразена во нијанси. Не за џабе се едни од најголемите (ако не и најголеми клубови заедно со Јунајтед) во светот.
И кои се тие ПРЕМНОГУ големи фактори кои се над 30 години? Само Чави (на кој моментално на Планетата му нема замена, најблиску до него е Фабрегас, па затоа и сакат да го донесат)... за другите има замена. Иниеста е 25 години, Пике е замена за Пујол... кои се тие премногу главни фактори во изминати години?
И за да не бидам премногу оф топик...
Не постои клуб кој го мразам и од кој ми се гади...
сите си имаат своја политика, свој стил на игра, своја култура. Јас ја сакам Барса, некој друг ја мрази... се е прашање на вкус.