Алоо како што кажа еден член претходно малку погоре ......... кому му е гајле денеска дали некој(од повозрасните) ги памти или не песните за Тито, че(а)сните Титови пионерски зборови/речи, кунењето и сл.
2012 год. сме Тито си замина пред точно 32 год. а Социјализмот, како и неговите творби СССР, Источниот блок, СФРЈ, пактот на неврзаните(овој пакт сеуште едвај се препелка) и.т.н. си заминаа пред повеќе од две децении .... што фајде денеска од Титовите часни пионерски речи .... како и од кунењата, песните, штафетите, пионерските марами и.т.н.
Знамињата, грбовите и химните на сите екс.Социјалистички држави се променија, нема веќе никаде српови и чекани, петокраки, а и одамна веќе Титовото име го нема никаде, нема веќе Титов(Велес), Титоград(Подгорица), Титова(Митровица), Титов(Дрвар) и.т.н. Исто така и името Југославија никаде веќе го нема ....... добро освен во нашава смешна одредница(БЈРМ), колата Југо пред некоја година отиде во Историјата(веќе не се произведува), а исто така и името на фабриката Застава во Крагујевац отиде во Историјата(сега се вика Фиат-Моторс Србија), Југо-Петрол веќе непостои никаде, конкретно кај нас сега е приватна компанија и се вика Мак-Петрол, го нема веќе стандардот ЈУС, а пак авио-компанијата ЈАТ пред некоја година Србите ја продадоа на странци, фирмата Славија, како и фирмата Братство и Единство пропаднаа и ги купија(за џабе/за гага)некои домашни приватни бизнисмени и секако со нови променети имиња и ред ред други работи !
Сакам да кажам дека сите белези, имиња, симболи од тоа време се отстранети и променети .......... Тито ........ Југо ... Славија ......Братство и Единство ..... Застава ....... петокраката ......... добро освен имињата и симболите на ФК Партизан и ФК Црвена Звезда од Београд-Србија !