N
NikolaMKD91
Гостин
Господов комплекс е неклинички термин кој што генерално се користи да опише поединец, кој постојано верува и е убеден дека може да постигне повеќе отколку што е човечки возможно или дека неговото мислење е секогаш над сите останати или оние што не се согласуваат со него.
Господовиот комплекс се карактеризира со некотролиран нарцизам, екстремна егоцентричност, надуена ароганција, и потреба да ги потчини/исмее другите личности што ги смета за инфериорни или недостојни спрема него.
За човек којшто велиме дека има "Господов комплекс" , тој немора задолжително да верува дека е Господ, но се однесува со таква ароганција како да е самиот тој Бог, или како да е назначен да се однесува како Бог спрема "останатите смртници".
Се сретнува скоро кај сите категории на луѓе , но најчеста категорија на луѓе што страдаат од Господов комплекс се : Тајкуни,политичари , доктори и ѕвезди на естрадата.

)