Господов комплекс

  • Креатор на темата Креатор на темата NikolaMKD91
  • Време на започнување Време на започнување
N

NikolaMKD91

Гостин
Господов комплекс е неклинички термин кој што генерално се користи да опише поединец, кој постојано верува и е убеден дека може да постигне повеќе отколку што е човечки возможно или дека неговото мислење е секогаш над сите останати или оние што не се согласуваат со него.

Господовиот комплекс се карактеризира со некотролиран нарцизам, екстремна егоцентричност, надуена ароганција, и потреба да ги потчини/исмее другите личности што ги смета за инфериорни или недостојни спрема него.
За човек којшто велиме дека има "Господов комплекс" , тој немора задолжително да верува дека е Господ, но се однесува со таква ароганција како да е самиот тој Бог, или како да е назначен да се однесува како Бог спрема "останатите смртници".

Се сретнува скоро кај сите категории на луѓе , но најчеста категорија на луѓе што страдаат од Господов комплекс се : Тајкуни,политичари , доктори и ѕвезди на естрадата.

Колку е само истово застапено во Македонија, посебно кај младите. Имам пишувано и на други теми. Се однесува на одредена група луѓе, претежно млади во 20тите, се сметаат себе за авангарда во општеството, за интелектуалци кои по грешка се родиле во Македонија, кои доколку би се родиле во Америка или развиена држава во Европа ќе им ги бацуваат нозете затоа што се убер интелигентни и нема никој како нив, иако реалноста е дека не се нешто натпросечни и различни од останатите околу нив, само што прочитале 3 книги со високо интелектуални зборови (од кои повеќето не знаат што значат) и од тој момент натаму, сите други кои не ги прочитале истите 3 книги со високо интелектуални зборови се дегени, сељаци, неписмени, прости, додајбилокојнавредливзбор.
Како комуникација со тие “недостојни луѓе за нив“ (што е околу 97 посто од државата) употребуваат сарказам и цинизам, иако истиот најчесто им е прекопиран од некои интернет страни и само ги копираат и преведуваат од англиски на македонски јазик. “Копи-пејст“ хумор, а богами и интелигенција.
Во суштина се декларираат како либерални луѓе, ама секој што не мисли како нив е СЕЉАК, ПРОСТ, НЕПИСМЕН!!!! И додека го викаат или пишуваат ова, го колнат тоа што се родени во Македонија, иако да бидеме реални ќе бидат истите кретени каде и да се родат и ќе останат просек каде и да живеат.
Најголемата иронија е што се сметаат за генијалци и либерални и над сите други, а уствари воопшто не се либерални во нивното пцуење и незнаење да прифатат било какво мислење различно од нивното, без да го испонавредат човекот со кого дискутираат.
И да, ако поголемиот дел од народот ужива во нешто, без разлика дали е тоа настан, филм, спорт, дури и песна - ако не го исплукаш и мразиш и ако не фрлаш камења по тоа и ти не си достоен да бидеш во нивната “мала група педера“ (не се мисли на сексуална ориентација, туку на карактеристика), а со тоа што народот го сака тој настан, спорт, песна, филм е “само уште еден показател дека се опкружени со простаци“ и дека тие се едноставно над сите, па затоа слушаат музика која ни тие не ја разбираат и сакаат, но ете истата била показател за интелигенција...:icon_lol:
Комплекс имаат, комплекс да бидат супериорни. А колку е тоа тажно што истово се јавува кај млади луѓе кои реално најчесто уште не ни завршиле факултет, ниту пак постигнале нешто за да можат да се однесуваат така...
 
Колку е само истово застапено во Македонија, посебно кај младите. Имам пишувано и на други теми. Се однесува на одредена група луѓе, претежно млади во 20тите, се сметаат себе за авангарда во општеството, за интелектуалци кои по грешка се родиле во Македонија, кои доколку би се родиле во Америка или развиена држава во Европа ќе им ги бацуваат нозете затоа што се убер интелигентни и нема никој како нив, иако реалноста е дека не се нешто натпросечни и различни од останатите околу нив, само што прочитале 3 книги со високо интелектуални зборови (од кои повеќето не знаат што значат) и од тој момент натаму, сите други кои не ги прочитале истите 3 книги со високо интелектуални зборови се дегени, сељаци, неписмени, прости, додајбилокојнавредливзбор.
Како комуникација со тие “недостојни луѓе за нив“ (што е од прилика 97 посто од државата) употребуваат сарказам и цинизам, иако истиот најчесто им е прекопиран од некои интернет страни и само ги копираат и преведуваат од англиски на македонски јазик. “Копи-пејст“ хумор, а богами и интелигенција.
Во суштина се декларираат како либерални луѓе, ама секој што не мисли како нив е СЕЉАК, ПРОСТ, НЕПИСМЕН!!!! И додека го викаат или пишуваат ова го колнат тоа што се родени во Македонија, иако да бидеме реални ќе бидат истите кретени каде и да се родат и ќе останат просек каде и да се живеат.
Најголемата иронија е што се сметаат за генијалци и либерални и над сите други, а уствари воопшто не се либерални во нивното пцуење и не знаење да прифатат било какво мислење различно од другото, без да го испонавредат човекот со кого дискутираат.
И да, ако поголемиот дел од народот ужива во нешто, без разлика дали е тоа настан, филм, спорт, дури и песна - ако не го исплукаш и мразиш и ако не фрлаш камења по тоа и ти не си достоен да бидеш во нивната “мала група педера“ (не се мисли на хомосексуална ориентација, туку на карактеристика), а со тоа што народот го сака тој настан, спорт, песна, филм е само уште еден показател дека се опкружени со простаци и дека тие се едноставно над сите, па затоа слушаат музика која ни тие не ја разбираат и сакаат, но ете истата била показател за интелигенција...:icon_lol:
Комплекс имаат, комплекс да бидат супериорни. А колку е тоа тажно што истово се јавува кај млади луѓе кои реално најчесто уште не ни завршиле факултет, ниту пак постигнале нешто за да можат да се однесуваат така...

Одличен пост, навистина,реално сликовито и детално прикажано баш како изгледа тој госоподов комплекс, кај денешнава младина.Ова најчесто го забележуваме по форумите, особено кај етикетираната младина од стилот на група хеви металци, група рапери,група “интелектуалци“ и во најголем број драмски уметници актери и други изведувачи од поле на културата.Луѓе кои разговараат,се движат ,зборуваат и се поздравуваат строго само со одреден круг на луѓе и ништо “помалку од нив“, за жал е сликата што често пати денес ја гледаме, без некој да е барем 1 процент од она што се прикажува.

Eве го примерот со господов комплекс, кај Венко Андоновски и неговата колумна, кај што јасно напоменува дека, “Додека венко учел 9 факултети, дечкото не е достоен ни салама да му сечи со тетоважата на рака“.
 
"I don't have a God Complex, i am God."

Mислам дека бранот на вакви комплексаши доаѓа кај генерациите од 91ва па наваму, од причина што сме растени по западен, посебно амерички терк, кој што терк не учи дека се' е можно, сите ќе бидиме светски кошаркари, сите ќе бидиме топ адвокати, па дури и да не бидиме, хеј, ќе се венчаме со богаташи/богаташки и пак ќе се наредат коцките. Ние сме недостојни за физичка работа уште од млади, и таквото нешто ни е под честа, но затоа пак кога ќе работиме, тоа ќе биде со минимум 5 000 евра плата. Пошто толкава ни е вредноста, нели.

Додека генерациите од пред тоа беа (биле) учени на братство и единство, понизност, култура, градење на своите амбиции чекор по чекор, без да мислат дека ќе паднат од небо и ќе ни се оствари американскиот сон.
 
Ова не треба да биде во Психологија?

Иначе за човек да има вистински Господов комплекс, прво треба да има многу значајни работи постигнато во животот., за да стане арогантен и опиен од сопствената моќ. Тие погоре што ги спомнувате се само wannabe's, никој и ништо.
 
Треба да биде, во право си, ќе ја префрлам во соодветниот подфорум.

Инаку, најчесто, луѓе кои навистина имаат постигнато значајни работи во животот, кои се навистина успешни, се многу обични и пријатни луѓе, барем од она што јас имам забележано. Лесно достапни, секого ќе ислушаат и ако не се согласуваат со тоа што го кажуваш, истото ќе ти го посочат многу културно и фино.
 
И јас имам впечаток дека овој комплекс како да се однесува на луѓе, најчесто млади, кои не постигнале ништо, но имаат комплекс дека постигнале, па зато се ставаат над другите.
 
Точно, но има и многу како Алек Болдвин погоре, има безброј дипломи, интелегенција, репутација, финансиска моќ, итн. и добива Господов комплекс т.е мисли дека е семоќен и сите се под него. Доналд Трамп ти е типичен real life пример.
 
Oвде најверојатно се потенцира за "моќта" на парите да влијае(да го "смени") човекот. Eпа да, има влијание на сите типови на луѓе, освен на едни....кои патем не се ни луѓе у права смисла на зборот. Тие се будите(множина од Буда).
 
И јас имам впечаток дека овој комплекс како да се однесува на луѓе, најчесто млади, кои не постигнале ништо, но имаат комплекс дека постигнале, па зато се ставаат над другите.
Немора да се млади, сум сретнал и средовечни луѓе со овој синдром . Што е најтрагично не се нешто посебно интелегентни, ниту успеале во животот да добијат некаква диплома или признание . За репутација или моќ да не правиме муабет, а сепак "пукаат" од божјиот комплекс мислат дека се незаменливи, они кога газат земјата се тресе . :facepalm:
 
Точно, но има и многу како Алек Болдвин погоре, има безброј дипломи, интелегенција, репутација, финансиска моќ, итн. и добива Господов комплекс т.е мисли дека е семоќен и сите се под него. Доналд Трамп ти е типичен real life пример.

Џабе ти е се што наброја погоре ако немаш една работа - елементарна домашна култура и воспитување. (Мислам не се обраќам директно кон тебе, да не се разбереме погрешно. :))

На крај краева има луѓе кои имаат многу повеќе постигнато од нив не во материјална, туку во интелектуална смисла и се многу нормални.

Има исклуоци секогаш од правилата, но горе-доле, правилото е такво какво што го кажав погоре. Вистински успешен човек е ослободен од комплекси, затоа што нема што да се докажува, неговиот интелект сам по себе е вистински доказ за тоа што постигнал во животот, затоа и не се труди да ги омаловажи другите.
 
Вистински успешен човек е тој што нема да се занимава со успеси.... dialectic:)
 
Колку само посакувам барем за еден миг, само за еден момент личностите како Алек Болдвин( мислам на типот во филмот што го толкува) во некој нареден живот или уште поубаво во овој сегашниот да увидат колку се само мали и безначајни и ништо поразлични од сите останати луѓе на земјава, да ја разберат вистински божјата величина и да сфатат дека се само прашина и играчка во рацете господови. Да разберат дека не постои диплома,пари, моќ и интелегенција што може да ги направи рамни на Господ. Дека нема ништо на светот да ги спаси од смртта, извади вон времето и просторот и воскресне од мртвите како тоа што го може Бог.
 
Магде, зошто бришеш постови?

Зарем не е идејата дека некој е доволно вреден ГоспоТ да го воскресне подврста на Господ комплексот?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom