Горан Пандев

V

Viktoranius

Гостин
Пандев од ден на ден е се подобар. Баерн Минхен сигурно не го бара за да седе на клупа.
Добар гол им стави на Олимпијакос само жално што изгуби Лацио.
 

don PASCAL

Tne last Don Protected By the Mafia..
Член од
2 октомври 2007
Мислења
647
Поени од реакции
19
ПАНДЕВ е Македонско злато
поточто СТРУМИЧКО
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.658
Поени од реакции
9.241
A BE NEKA ODI VO EKIPA KADE KE IGRA VO 1 TIM, A NE DA JA GREJT KLUPANA.A VO BAERN TEKSKO CE MU BIDE DODEKA SE PRILAGODI
 

ЧЕНТО

Претседник
Член од
27 јануари 2007
Мислења
8.239
Поени од реакции
4.839
СЕ СКЛОПУВА МОЗАИКОТ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ТРАНСФЕРОТ НА НАШИОТ НАЈДОБАР ФУДБАЛЕР ВО НАЈДОБРИОТ ТИМ ОД ГЕРМАНИЈА
Пандев веќе го одбра Баерн Минхен
*"Најблиску сум до Минхен...Само уште неколку недели", открива Пандев, кој според наши извори на 28 декември треба да биде промовиран за нов член на славниот тим од Германија
Лацио добива 18.000.000 евра како отштета, а Пандев за 2.000.000 годишно ќе го носи дресот на Баерн Минхен. Треба да потпише договор на 6 години и кога ќе се соберат сите пари се добива цифра од 30.000.000 евра кои најдобриот клуб од Германија треба да ги плати за услугите на најдобриот фудбалер на Лацио и Македонија. Мозаикот се склопува, преговорите одамна се завршени, а наши извори откриваат дека на 28 декември Пандев треба да биде во Минхен на потпис и промоција. Тоа треба да биде предновогодишна честитка од управата на баварците за сите нивни навивачи.

"Најблиску сум до Минхен и дресот на Баерн. Мислам дека Лацио веќе се има договорено со Германците, а сега се прават разговори околу условите под кои јас ќе заминам во оваа екипа. Само уште неколку недели. Да заврши и првиот дел во Италија, да дојде време за пауза и моментите кога може да се прават трансферите....Само здравје и нема потреба од брзање", ни открива Пандев детали околу прашањето кои трае со месеци, а ги интересира сите љубители на фудбалот во Македонија. На прашањето дали на 28 декември заминува во Минхен, Пандев со насмевка одговара:

"Сите детали не можат да се откријат. Реков да поминат само уште неколку дена и потоа с$ ќе се знае. Мојот менаџерски тим е во акција... Треба добро да се размисли, треба добро да се процени што е најдоброто. Јас сакам да сум дел од тим кој секогаш ќе се бори за титули, ќе игра во Лигата на шампионите...", додава нашиот најдобар фудбалер кој веќе со месеци го надрасна Лацио и сега е времето кога треба да замине, кога треба да тргне по шампионските патеки и да освојува титули.

А во Минхен веќе се прави место за Пандев. Се најавуваа заминувања на Подолски, Тони...

"И јас читав за тие најави. Баерн Минхен е голем клуб и желба на секој фудбалер. С$ уште ништо не е 100% сигурно ,но ако заминам таму мислам дека ќе ја донесам вистинската одлука. Ми одговара германскиот фудбал, условите, но и квалитетот на екипата. Мора да признаам дека со месеци кај мене владее дилема, но и тензија околу тоа каде, кога... Понудите доаѓаат од сите страни и затоа во ваквите моменти треба многу добро да се размисли. А сакам да останам во Лацио. За 2 години тука ќе добијам и италијански пасош, но мислам дека сега е моментот да се направи нешто подобо, да се одбере вистински клуб...", е размислувањето на Пандев, кој според тоа како сега стојат работите ги брои деновите во Рим.

Според тоа како сега стојат работите нашиот Горан Пандев се наоѓа пред атрактивен и рекорден трансфер. Баерн Минхен е изборот на Пандев и по с$ изгледа тоа е вистински потег на струмичанецот и целата екипа која работи на овој трансфер. Од она што го дознавме Пандев пред неколку недели типувал на Тотенхем и Ливерпул, но сега цврсто е решен да се прифати трансферот во Германија.
И. Д. Ивановски

Ултиматум до Лацио

"Правете екипа за титули и Лига на шампиони или си одам...", им рекол нашиот најдобар фудбалер на луѓето од Лацио. Деновиве Клаудио Лотито, првиот човек на римскиот клуб, имал неколкупати средба со Пандев.

"Перед 3-4 дена ми понудија нов договор со важност до 2012 година. Добив двојно поголеми финансии, но и ветување дека од следната сезона Лацио ќе направи силен тим. Мојот ултиматум им го кажав и сметам дека оваа понуда се инсталира намерно во ова време кога за мене има интерес од силни екипи", ни открива Пандев за неговите релации со Лацио во деновите кога се одлучува која од понудите треба да се одбере.
Реал Мадрид не се откажува

Вчера, во Англија, Италија, но и Шпанија многу најави дека идната недела Лацио и Реал Мадрид ги почнуваат преговорите за Горан Пандев. Тоа е терминот кога римјаните гостуваат на "Сантиаго Бернабе" во последниот меч од групите во Лигата на шампионите. Се споменува сума од 14.000.000 евра која "кралевите" ја нудат за Пандев. Во медиумите се најавува Диего, Пандев или Муту. Тоа е триото на желби во Реал Мадрид.

"Моите менаџери имаа разговори со Реал Мадрид. Знам дека ќе имаат разговори идната недела во Мадрид. Реал планира во јуни да прави нов тим со голема чистка, но с$ уште нема ништо конкретно", појаснува Пандев за понудата од Шпанија.
 
Член од
21 јуни 2007
Мислења
1.446
Поени од реакции
10
Си го сакам многу комшијата , неможе да го замени никој Мк играч :)
 
Член од
5 март 2007
Мислења
194
Поени од реакции
4
прво еве го голот
[media]http://www.dailymotion.com/video/x3pebs_lazio-catane-20-pandev_sport[/media]
видете го...

второ еве го линкот од Дневник [media]http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=6C38FEB41048534B8A76A35D4E2D9F3D[/media]

и трето еве го цитатот

Дневник напиша:
Иако голот го постигна пред истекот на регуларниот гол, погодокот на Пандев беше од исклучителна важност, затоа што во тие моменти противникот најмногу притискаше во обидот да дојде до еден бод. Напаѓачот на македонската репрезентација одлично одигра без топка во шеснаесетникот на Катанија, од десната страна се најде без директен чувар и од само пет-шест метри на патот кон мрежата требаше само да го матира голманот Полито.
???

бог ти знае чив гол коментира "ценетиот" новинар од Дневник
од десната страна не е, точно е по средината
не ја прими во 16-ник, него ја прима на повеќе од 20 метри
ја прими свртен со грб, не е без директен чувар туку напротив има двајца, се ослободи од нив и шутураше точно од пеналтик (11 метри) а не од 5-6

ама нема везе.. лесно е да си новинар во мк
 

ZIKS

Ај за убо да е.
Член од
26 јануари 2007
Мислења
3.582
Поени од реакции
39
супер гол на Пандев против Катанија, ги исфрли од игра 3-ца, шутна, и гол даде, тооо Пандев. :)
 

еци^^^

Walking the line of nature's palm
Член од
9 декември 2005
Мислења
2.945
Поени од реакции
58
Секоја чест за Пандев и вечерва. Три гола во два натпревари со Реал Мадрид не постигнува секој, само нашето струмичко злато и легедна!Браво!
 
Член од
29 март 2007
Мислења
6.820
Поени од реакции
238
Ѕверка е Пандев четири гола има у ЛШ не е малце
 
Член од
5 август 2007
Мислења
3.578
Поени од реакции
2.563
Ne znam oti ama nesakam da odi vo Bayern.
Ne sakam po se izgleda oti slabo pratam bundes liga pa i slabo ke go gledam,najmnogu bi sakal da zamine vo Angliski ili Spanski klub...a spored mene najdobro bi mu bilo vo Arsenal...Venger ke go izvadi maksimumot od nego.
 

Capitano

...
Член од
24 октомври 2007
Мислења
1.344
Поени од реакции
137
Само нека си оди од Лацио.Го достигна максимумот со оваа екипа,којзнае кога повторно ќе се пласираат во Лига на шампиони.Му треба просперитет во кариерата,вака само ќе тупка во место.
 

Ptolomej

Дрвен адвокат
Член од
7 август 2005
Мислења
1.697
Поени од реакции
898
Ne znam oti ama nesakam da odi vo Bayern.
Ne sakam po se izgleda oti slabo pratam bundes liga pa i slabo ke go gledam,najmnogu bi sakal da zamine vo Angliski ili Spanski klub...a spored mene najdobro bi mu bilo vo Arsenal...Venger ke go izvadi maksimumot od nego.
Не зборувај глупости...сто пати поарно е за Пандев да оди во Баерн отколку да остани во Лацио...во Баерн барем ќе има голема шанса да освои титула во првенството и да игра и догодина во Лига на Шампиони, а ако остани во Лацио ќе се бори за опстанок во калчото и догодина нема воопшто да игра ни во Лига на Шампиони ни во УЕФА куп...а да не заборувам дека многу поголема плата ќе зема во Баерн
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Не зборувај глупости...сто пати поарно е за Пандев да оди во Баерн отколку да остани во Лацио...во Баерн барем ќе има голема шанса да освои титула во првенството и да игра и догодина во Лига на Шампиони, а ако остани во Лацио ќе се бори за опстанок во калчото и догодина нема воопшто да игра ни во Лига на Шампиони ни во УЕФА куп...а да не зборувам дека многу поголема плата ќе зема во Баерн
А ти исто така не зборувај сенешто и пази како се однесуваш со другите членови. Никаде не спомна дека треба да остане во Лацио.
Англиска лига за Пандев не одговара, бара многу трчање. Шпанија е идеална за балканци... Реааааал! :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom