Големите очекувања... болат. Болат додека одиме до нив, и потоа се радуваме една милисекунда, па заглавуваме во его смешки, и на крајот влетуваме во депресии бидејќи не можеме да го повториме моментот. Па загазуваме во матни води трудејќи се да се одржиме на врвот, па стануваме нелуѓе, и на крајот се будиме да сфатиме дека мачката ни ги гриза прстите на нозете бидејќи сака да си игра.
Па фрламе секакви очекувања за шет минути забава со нејзе, бидејќи тоа е вистинското задоволство.
Очекувања, кој е луд или непретпазлив.
А да, прашањето беше како се чувствував? Хм, веројатно како што се чувствуваше елегантно пополнетиот дебел мачор додека леташе од четвртиот спрат надолу од сексуални побуди. Пулс илјада и триста со осусмстоосумдесет. На крајот заврши со шината нога и без секс.
Нооооо... си ја научи лекцијата, и вториот пат доскокна подобро, и мали бели мачиња и ден денеска ми шетаат низ маало. Наравоучение, за секс и нога ќе скршам, ама порадо да не е моја.