Големината на човекот?

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Да ја отворам темава малку повеќе да продиксутираме за:

Големината на човекот!

Но целта ми е да дискутираме за духовната а не физичката големината.

Физичката големина на човеков е една постојана категорија во која нема голема модификации и таа е одредена не од нашето сфаќање за неа туку од самата природата.

Сега зборуваме за духовната големина-за големината на душата на човекот.

Што е мерило за големината на човекот? Делата кои ги прави, работите кои ги ги поседува, мислите кои ги размислува....?

Според вас, која е мерката, која е големината, како би ја изразиле човековата големина?

Колку како луѓе и како нација сме големи?

Од што зависи човековата големина?

Кој човек за вас е голем? Конкретно.

Кој се оние постапки во животот кои го прават човек голем, возвишен?
Што е со оној човек кој постојано дава, дарува, не се штеди себе си-дали тој човек е голем?

И што е со оние луѓе со ситни (мали) души? Има ли такви мали луѓе?

И конкретен пример за големи, но и за мали луѓе (според вас)

*princess*

..SiMpLy GorGeOuS..
Член од
17 февруари 2008
Мислења
747
Поени од реакции
21

малку чудно ти е поставена темава (она зацрнетото) ама ок...
Конкретен пример за голем човек беше Тоше Проески,,вечна му слава!!

Според мене,, голем е секој човек кој е богат во душата,,кој дава љубов,,има големо срце,,прави добри дела,,човек кој едноставно нема лоша душа,,не мисли зло и не прави зло,,напротив прави добро на другите околу себе,,кој со својата дејност можеби некогаш придонел за доброто на човештвото како и за слободата,, но и едноставно оној кој се однесува човечки..
А тоа што велиш за луѓето со ситни души,,тоа се сосема спротивното на она што го наведов погоре..и мислам дека тие случаи се помалку...Т.е. не треба да се разграничуваат луѓето на големи и мали(ситни) како што велиш,, туку сметам дека постои друга група помеѓу нив,,која е некој вид нормала,,средина...Според мене,,големи луѓе има поретко,, мали или ситни души би ги нарекла луѓето со лоша душа,,можеби криминалците или сл,, но најголема е групата на луѓе кои не се ни големи ни мали...Јас барем така би ги поделила......
Инаку како нација сме биле големи во минатото,,денес не сме како тогаш...Скоро сите такви големи луѓе ги изгубивме,,така да моментално не знам некој пример за голем човек..:pipi:
 
Член од
29 јули 2008
Мислења
91
Поени од реакции
3
ЧОВЕК - колку гордо тоа звучи
ние, ние не сме луге :nenene: ние сме вируси, бактерии дури и нешто уште побезвезално
прави ме се, само не размислуваме за последиците од нашите акции
континуирано го уништуваме светот и другите во него
така да не постојат големи ЛУЃЕ или подобро не постојат луѓе воопшто!!!!
 
Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Духовната големина на човекот е онолкава колку што тој ја посакува да биде. Не се мерила нити размислувањата, нити постапките нити работите кои ги поседува. Единствена мера за човековата големина е јадорото на душата. Е тоа јадро е она кое гоправи човекот голем или мал во очите на другите. Човек кој посотјано дава, дарува и пдарува не мора да значи дека е голем човек. Па не е се во материјалното, има нешто и во духовното. Сепак нели темава е за духовната големина на човекот. Јас можам да бидам најдарежливиот човек на светот, меѓутоа доколку имам повредена и огорлена душа, никогаш нема да можам да бидам меѓу ’големите’. Луѓе кои засекогаш биле, се и ќе останат големи, се луѓе кои сфатиле во кој период од животот како треба да се живее, притоа не оставајќи место за негативните работи да им се замешаат и знаејќи која е целта на животот. Луѓе кои засекогаш останале со невина душа и покрај мрачниот свет кој секогаш бил, е или ќе биде околу нив
 
Kajgana Shop

На врв Bottom