Глупи текстови (стории) по македонските весници, сајтови...

Dimitarc

Мрчатор
Член од
30 јануари 2005
Мислења
2.639
Поени од реакции
19
Jas bi go napravil. Cisto od seir, t.e. bi se prepraval, miliot ke mi ostane vo pantaloni
 

Dani^^^

Femme fatale
Член од
8 април 2005
Мислења
1.831
Поени од реакции
21
Коа викав ја таа (или се почесто мислам дека е тој) Барби не е нормална...а па весникот Вест уште побудали од неа/него што ја/го пуштиле да пишува вакви ниско интелигентни срања.:lud:
 

yin yang

Who, me?
Член од
24 април 2005
Мислења
1.621
Поени од реакции
32
Ууууууууу!!! Дендрофилија!!!! :pos: :pos:

Имаат дендрофил во Вест !!!!:pos: :pos: :pos:
 

GUSAR-VMRO

МАКЕДОНИЈА ЗАСЕКОГАШ!
Член од
27 јануари 2005
Мислења
635
Поени од реакции
7
Уствари што се смееме сите????
Вест се печати во 6000 примероци, го купуваат 5000, а го читаат 20.000 луѓе!!
Кој се клади дека барем 2% од овие го напраиле ова????
Болна нација сме ејјјј
Ц Ц Ц
 
Член од
30 април 2005
Мислења
361
Поени од реакции
21
А бе, вие верувате на се што ќе прочитате?!
Ја забележаа заинтересираноста на читателите за секс чошето, па почнаа да се сеиреат Ч)))))))))))))))))))
 

Буковец

www.KETERING.com.mk
Член од
3 јули 2005
Мислења
996
Поени од реакции
15
venera001 напиша:
А бе, вие верувате на се што ќе прочитате?!
Ја забележаа заинтересираноста на читателите за секс чошето, па почнаа да се сеиреат Ч)))))))))))))))))))
А бе јас не реков дека луѓево утре сите у парк ќе ги видиш закачени по дрва...туку дека умот кој го смислил овој "СЕИР" е пореметен со умот.:lud:
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.496
Поени од реакции
8.017
Dani^^^ напиша:
Коа викав ја таа (или се почесто мислам дека е тој) Барби не е нормална...а па весникот Вест уште побудали од неа/него што ја/го пуштиле да пишува вакви ниско интелигентни срања.:lud:
Барби е девојка, EternalAT ја има запознаено у живо, работела типката у ВАС, нет кафана у ајродром. Дебела плавуша со големи цицки, и ружна фаца. Толку ми кажа типот за неа.
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.722
Поени од реакции
248
Не можам а да не се изнасмеам : Кој ќе им го најде крајот? Едните велат едно а другите друго... :pos: :pos: :pos: :pos: :pos:

Порчитајте ги внимателно следниве текстови :


РФМ ги прифати условите на матичната федерација за трансфер на новопечената Македонка
За Охоланга само уште амин од Конго
Покрај неа, за СП во Русија до ИХФ е пријавена и Ристовска



Алегра Верналисе Охоланга Локи

РОБЕРТ ДИМИТРИЕВСКИ
Првата црномурна ракометарка со македонски пасош Алегра Верналисе Охоланга Локи е сў поблиску до настап за својата нова татковина на претстојното Светско првенство од 5 до 18 декември во Санкт Петербург, откако Ракометната федерација на Македонија ги прифати условите за исписница на Конгоанката од нејзината матична федерација. Работата и дефинитивно требаше да биде завршена синоќа, за кога се очекуваше одговорот и сертификатот од Конго, а РФМ веќе ја пријави во ИХФ за мундијалот во Русија. Со очекуваниот хепиенд на повеќедневните телефонски преговори со Конгоанците би се надминал еден од најгорливите проблеми во националниот тим, позицијата десен бек, на која леворакиот бомбардер на Кометал Ѓорче Петров би бил прва опција во конкуренција на 15-годишната Елена Георгиевска и на изнудената алтернатива Јулија Портјанко, која шутира со десната рака.
Покрај Охоланга, РФМ вчера во ИХФ го пријави и левото крило Александра Ристовска, која дополнително е приклучена на составот што до заминувањето за Санкт Петербург на 4 декември тренира во СРЦ “Кале". Ристовска е можна замена за Драгана Пецевска, која заминувањето во Љубљана на артроскопија на коленото што го повреди на неодамнешниот “Самсунг куп" во Виена место вчера го одложи за в понеделник поради презафатеност на докторот. Капитенот на Еуростандард ЃП во минатата сезона треба да ја засили позицијата лево крило, на која селекторот Андреј Портној во моментов смета на Валентина Радуловиќ, која може да игра и бек, и Ивана Деспотовска.
За вечерва се очекува враќањето од Молдавија на Анжела Платон-Димовска, која во саботата од семејни причини ненадејно замина за родниот Кишињев. Таа треба да биде во составот за утрешниот контролен натпревар на ѓорчепетровки со Будуќност Монет од 12 ч. Вечерва од 19 ч., пак, против шампионот на Србија и Црна Гора ќе се испробаат избраничките на Портној во националниот тим. Двете контролки ќе бидат генерална проба за 17. СП, каде што Македонија на 5 декември стартува против бранителот на титулата Франција, а во рамките на Д-групата ќе ги одмери силите и со Украина, Аргентина, Камерун и со Романија по тој редослед.

А сега вториот :

РАКОМЕТ - ОТКАКО ДОБИ ДРЖАВЈАНСТВО
Охоланга стана Македонка

Алегра Локи Охоланга (20) од Конго, членката на Кометал ЃП, европскиот вицепрвак во ракомет, доби македонско државјанство и пасош и треба да настапи на Светското првенство во декември во Санкт Петербург, за репрезентацијата на Македонија. Откако нејзината матична ракометна федерација се согласила црномурниот бек да игра за "црвено-жолтите", останува Светската федерација (ИХФ) да го одржи дадениот збор оти нема да прави проблем, ако РФМ ги среди сите работи.

Уште при подготвувањето на документите, од ИХФ усно потврдиле оти нема да има проблеми, но за тоа е потребна и писмена согласност, што се очекува набрзо. Бидејќи нема поминато три години од последниот настап, потребна е дозвола од ИХФ. Дефинитивниот список на репрезентацијата за СП ќе биде познат на 5 декември, на техничкиот состанок на репрезентациите, кога и официјално ќе се потврдат сите состави.

Со Охоланга би имале посилна бековска линија. Има силен шут и ќе може да им помогне на Бујанова, Боева и Портјанко. Во претходните две сезони немаше многу шанса да докажување, бидејќи скопјанки имаа силна бековска линија, со Цигица, Кастратовиќ, Бујанова, Боева, Озел.

Од октомври 2003 година Охоланга е член на поранешниот европски првак. Како вицепрвак на Европа со ѓорчепетровки, таа е стипендист од меѓународна категорија на платниот список на Агенцијата за млади и спорт на Македонија. (Г.А.)

Еве го и третиот :

ОХОЛАНГА ЛОКИ ГО ДОБИ МАКЕДОНСКИОТ ПАСОШ
Се чека уште ИХФ


Алегра Вамализе Охоланга Локи е најновата членка на женската ракометна репрезентација. Дваесетгодишната Конгоанка вчера го доби синиот пасош со што и официјално стана Македонка. Сепак, ова не беше последната пречка кон нејзиниот настап на претстојното Светско првенство во Русија. И Ракометната федерација на Конго вчера го одобри нејзиниот трансфер во нашата репрезентација и сега се чека само уште ставот на Меѓународната ракометна федерација (ИХФ), што РФМ не се сомнева дека ќе биде позитивен.
Последниот настап за својата матична селекција Локи го имаше на СП за младинки во нашата земја пред две години, со што не беше исполнет суштинскиот услов за непречено да го облече дресот на нашиот национален тим - изминувањето на три години од тој момент. Како и да е, името на Локи се најде меѓу 18-те ракометарки на коишто селекторот Портној смета на СП. На истиот список, но како резерва, фигурира и левото крило на Скопје, Александра Ристовска, која досега не учествуваше во подготовките.
Доколку ИХФ и даде дозвола за настап, Локи ќе биде значително засилување за позицијата десен бек, бидејќи единствениот леворак бек меѓу избраничките на Портној е 15,5-годишната Елена Ѓорѓиеска.
Нашиот национален тим вечерва ќе ја има последната контрола пред патот за Санкт Петербург, а ќе му спарингува првакот на СиЦГ, Будуќност (СРЦ "Кале", 19 часот). (Г.К.)

И сега на кој да веруваш ? :pos: :pos:
 

OBDN

Ходајучи Вујаклија
Член од
25 јули 2005
Мислења
1.456
Поени од реакции
32
Работава: "Додека е топката во воздухот да ви го соопштам списокот на играчите!" :icon_conf
 

OBDN

Ходајучи Вујаклија
Член од
25 јули 2005
Мислења
1.456
Поени од реакции
32
А граматичките конструкции?!

Од денешниот број на Вест, наслов: На саемот во Софија ќе изрекламираме Македонија

 

StormAngel

Stormology
Член од
22 јануари 2005
Мислења
5.059
Поени од реакции
244
Ахахахахахахахахахаха!
Закон еј. По грешка. ААААААААААААААА!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom