Vanlok
deus ex machina
- Член од
- 30 мај 2009
- Мислења
- 22.347
- Поени од реакции
- 29.818
Ме интересира ако може некој да даде информации каде може да се набави глина и/или глинени цигли во Скопје и околината. Мене во скоро време ќе ми треба глина за изграба на печка за греење со дрва, но имам желба и за помала викендичка некаде, направена исклучиво од керпич.
Но темава ја почнувам и како дискусија за разменување на идеи и искуства за овој градежен материјал. Затоа еве и мал вовед, колку да почнеме.
Еден од најстарите материјали за изградба во светот e керпичот. Денес многу ретко се користи иако до пред 50-60години сеуште бил најупотребуван материјал и на овие простори.
Го одликуваат висок термален капацитет но слаба изолација. Со големи слоеви и дебели ѕидови од овој материјал се постигнува и добра изолација плус термална инертност. Ова е најпогодно на места со големи разлики во ноќна и дневна температура, затоа што дење ја впива топлината и ја држи градбата топла преку ноќта, постепено се лади и во добар дел од денот ја држи градбата пријатно поладна од надвор.
Како материјал во одредени количини е достапен секаде каде што има земја, но најквалитетната глина се наоѓа на посебни места каде ја има во поголема концентрација. Заради оваа достапност глината е релативно евтина како материјал.
Сум видел убави места со глина на Водно, ама мислам дека не е легално да се вади глина од таму (парк шума, итн). Ми кажаа и дека имало наоѓалиште кај Кучково... Ако има некој други информации, ќе бидам благодарен.
Во меѓувреме погледнете ја оваа интересна изградба на мала колибка од керпич:
http://ilovecob.com/gallery/projectmoonunit/