Глина (како материјал за градење), глинени цигли, керпич

Дискусија во форумот 'Архитектура, дизајн и уредување' започната од Vanlok, 19 април 2013.

  1. Vanlok

    Vanlok deus ex machina

    Член од:
    30 мај 2009
    Мислења:
    9.244
    Допаѓања:
    8.255
    Ме интересира ако може некој да даде информации каде може да се набави глина и/или глинени цигли во Скопје и околината. Мене во скоро време ќе ми треба глина за изграба на печка за греење со дрва, но имам желба и за помала викендичка некаде, направена исклучиво од керпич.
    Но темава ја почнувам и како дискусија за разменување на идеи и искуства за овој градежен материјал. Затоа еве и мал вовед, колку да почнеме.


    Еден од најстарите материјали за изградба во светот e керпичот. Денес многу ретко се користи иако до пред 50-60години сеуште бил најупотребуван материјал и на овие простори.

    Го одликуваат висок термален капацитет но слаба изолација. Со големи слоеви и дебели ѕидови од овој материјал се постигнува и добра изолација плус термална инертност. Ова е најпогодно на места со големи разлики во ноќна и дневна температура, затоа што дење ја впива топлината и ја држи градбата топла преку ноќта, постепено се лади и во добар дел од денот ја држи градбата пријатно поладна од надвор.

    Како материјал во одредени количини е достапен секаде каде што има земја, но најквалитетната глина се наоѓа на посебни места каде ја има во поголема концентрација. Заради оваа достапност глината е релативно евтина како материјал.


    Сум видел убави места со глина на Водно, ама мислам дека не е легално да се вади глина од таму (парк шума, итн). Ми кажаа и дека имало наоѓалиште кај Кучково... Ако има некој други информации, ќе бидам благодарен.

    Во меѓувреме погледнете ја оваа интересна изградба на мала колибка од керпич:
    http://ilovecob.com/gallery/projectmoonunit/
     
  2. Doc Holliday

    Doc Holliday Модератор

    Член од:
    5 ноември 2010
    Мислења:
    4.954
    Допаѓања:
    3.844
    Vanlok Ако сакаш можам да прашам за наоѓалиштето на глина во Кучково,па да ти кажам? :)
     
  3. Vanlok

    Vanlok deus ex machina

    Член од:
    30 мај 2009
    Мислења:
    9.244
    Допаѓања:
    8.255
    @Gokjo дефинитивно прашај како е и што е... исто и некој да не продава готови цигли од глина.
     
  4. Windfucker

    Windfucker Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат

    Член од:
    30 април 2010
    Мислења:
    8.416
    Допаѓања:
    15.204
    Мислам дека полните тули што ги продаваат за sидање на оџак во составот содржат глина.
     
  5. Vanlok

    Vanlok deus ex machina

    Член од:
    30 мај 2009
    Мислења:
    9.244
    Допаѓања:
    8.255
    Windfucker Од глина се направени, ама други цигли се тие. Тоа што на мене ми треба се adobe bricks кои ако не грешам кај нас ги викаат керпич цигли. Енглезите имаат два термини, adobe и cob. Adobe се цигли од глина, обично исушени на сонце. Cob e една голема маса со која се ѕида како со бетон (иако нели има различни својства). Составот му е глина и сламки сено, може да има и песок или во поново време и некои модерни материјали како перлит, вермикулит... зависи од потребите и намената.

    Практично adobe и cob е една те иста работа во два облици, кај нас со едно име керпич и керпич цигли.
     
    На Windfucker му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Windfucker

    Windfucker Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат

    Член од:
    30 април 2010
    Мислења:
    8.416
    Допаѓања:
    15.204
    Vanlok
    Немам видено каде се произведуваат такви цигли, претпоставувам дека ти се за викендица.
    Инаку имам еден роднина кој продава шамотни цигли и шамотен малтер кој имаат извонредни термички својства и се користат за sидање на камини и печки.
     
  7. Vanlok

    Vanlok deus ex machina

    Член од:
    30 мај 2009
    Мислења:
    9.244
    Допаѓања:
    8.255
    Ќе ми треба одредена количина и шамотни цигли и шамотен малтер, негово призводство или...
    Цена? Пиши ПП ако не може тука да се напише...
     
  8. Windfucker

    Windfucker Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат

    Член од:
    30 април 2010
    Мислења:
    8.416
    Допаѓања:
    15.204
    Шамотен малтер 150 ден 2 кг.
    Шамотни тули 40-50 ден. парче во зависност од количината.
     
    На Vanlok му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Doc Holliday

    Doc Holliday Модератор

    Член од:
    5 ноември 2010
    Мислења:
    4.954
    Допаѓања:
    3.844
    Vanlok Да,има наоѓалиште за глина во Кучково,цел рид е тоа си вади кој сака и колку сака. :)
     
    На Vanlok му/ѝ се допаѓа ова.
  10. mishevski

    mishevski

    Член од:
    20 јуни 2010
    Мислења:
    45
    Допаѓања:
    47
    Windfucker, дај контакт за циглите

    Поздрав
    --- Споено дупло мислење, 5 јуни 2016 ---
    Windfucker, дај контакт за циглите

    Поздрав
     
    Последно уредено: 5 јуни 2016
  11. mishevski

    mishevski

    Член од:
    20 јуни 2010
    Мислења:
    45
    Допаѓања:
    47
    Контакт?
     

Сподели преку: