Гласините за алтернативна интернет мрежа сопственост на Гугл вистинити?

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.098
Поени од реакции
11.514

Од Јули минатата година пратев на дискусиони групи од АОЛ како расправаат за негативните последици при обидот Гугл да создаде посебна алтернативна интернет мрежа! Тоа со прости зборови би значело послебен WWW кој ќе биде контролиран и направен по мерка од Гугл. Секако кога би биле посебни, информациите би биле сосема различни.

Гугл работи на проект за да создаде свој глобален Интернет Протокол (IP) мрежен систем, приватна и алтернативна верзија на денешниов интернет, контролирана од овој Пребарувачки Гигант, тврдат извори кои веќе се во комерцијални преговори со компанијата.

Минатиот месец Гугл објави огласи за работа во Американски и Британски национални весници за "Стратешки преговаратели со искуство во ... идентификација, селекција и преговарање на темни фибер договори во населените области и области на големи растојанија како дел на развивање на столбот на глобална мрежа".

Темниот фибер е составен дел од фибер-оптичките кабли кои Американските Веб Компании ги закопаа во доцните деведесетти низ цела Америка во подготовките на доставувањето на брзиот интернет. Во раните двеилјадитти оваа технологија доживеа крах, па најголемиот дел од овие кабли останаа неприклучени и неискористени. Со ова се доби употреблива мрежа од многу кабли распоредени по целата површина на САД кои никогаш не биле вклучени. Со купување на овие кабли, Гугл би можел ефективно да направи сопствена интернет мрежа на веќе постоечки систем кој би го контролирале.

Доцна минатата година, Гугл купи околу 83 километри квадратни телеком меѓуповрзувачка опрема во Њу Јорк. Се верува дека од таму, Гугл планира да ги поврзе темните фибер кабли и да ја направи првата интернет алтернативна мрежа.

Исто така е објавено во Ноември 2005 дека Гугл купувал бродски контејнери и огромни складишта, најверојатно со цел за складирање на битни мобилни станици од мрежата. Гугл најми едни од најдобрите индустриски дизајнери да откријат кој е најдобриот начин да згужваат најголем број на компјутери,меморија и електричен довод во 6 до 12 метри кутии. Идејата е овие контејнери да бидат што повеќе мобилни и да бидат во можност на поставување каде ќе има пристап до темните фибер кабли.

Дали треба Гугл да лансира алтернативна мрежа, кога се отвара прашањето теоретски е возможно Гугл да ги блокира страните на својата конкуренција, или нивниот пристап да се плаќа кај гореспоменатата компанија.

Едно е сигурно, во наредните години ќе видиме ренесанса на интернетот каква што не можеме ни да замислиме. Се надевам нема да дојде време кога ќе разменуваме имаил и страни и притоа да додаваме "а да, јас сум на новата мрежа".
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
СЕ што е ново и второ носи напредок, помалку апсолутизам. Јас мислам дека она што гугл го чини ако навистина го чини е правилно. да не беше така сите ќе бевме на една иста мобилна мрежа во свет.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.208
Поени од реакции
34.447
Искрено, се восхитувам на секој нов проект од Гугл. Гејтс може да јаде гурабии, Гугл ќе биде најмоќната компанија во светот најскоро. Ништо чудно и сосема очекувано.
 

Dr_ViRuS

DarkSide with green light
Член од
9 јануари 2006
Мислења
1.076
Поени од реакции
28
abe google ima li oficjalen sopstvenik me intersira cisto od kultura
 

Carlito Brigante

Хаусмајстор
Член од
5 ноември 2005
Мислења
844
Поени од реакции
8
Acid напиша:
Искрено, се восхитувам на секој нов проект од Гугл. Гејтс може да јаде гурабии, Гугл ќе биде најмоќната компанија во светот најскоро. Ништо чудно и сосема очекувано.
За жал ќе се претвори во втор Гејтс што во крајна инстанција е лошо. Имаше голема фама околу производството на Goobuntu-Гугл оперативен систем базиран на убунту(мислам дека има и посебен пост за таа тема).
Она што најмалку му треба на светот е уште еден таков гигант. Интересна е политиката на Google-„ние сме на вашата страна, мразете го Microsoft“. Практично се е бесплатно. Но како што кажав на еден претходен пост ваквото глобално атакување на интернетот ќе не доведе да добиваме фабрикувани податоци за било што. Tibet, цели граѓански асоцијации за човекови права итн... во Гугл-Кина не постојат.
Можеш да обезбедиш потполен мрак за одредени теми. Доволно е да ги филтрираш податоците. Значи со ваквата постапка би можело да се врати Мрачното Доба на фин начин. Наместо оние што мислат поинаку да се палат на клада, ќе се оставаат во информациски мрак. Знаеме што се случува кога нешто имаш да кажеш а нема кој да го слушне.
 

Gandalf

Претплатникот не е достапен во моментов
Член од
23 јануари 2006
Мислења
76
Поени од реакции
0
ОК, јас мислам дека Гугл им оди контра на сите од инает. Кога ebay го купи skype, гугл почна и за кратко време го направи googletalk програмче за гласовна комуникација. Истовремено почна да развива страна за купување (froogle) кој ќе биде директен конкурент и на ebay и на amazon. Факт е дека ги постави новите web стандарди, googlePR и сл, со што ја промени целата слика за популарност на една веб страна. Се на се, дечкиве си ја знаат работата, и полека но сигурно еден ден ќе станат поголеми од Microsoft и компанија. Дали треба нова контролирана мрежа?
ТРЕБА !
може луѓево ќе успеат да му стават крај на спамот, нелегалната порнографија, поп ап прозорите што идат на нерви... Интернетов е во преголема збрка. Ако не може да се среди, треба нов.
 
Член од
6 јули 2005
Мислења
2.932
Поени од реакции
9
Gandalf напиша:
Дали треба нова контролирана мрежа?
ТРЕБА !
може луѓево ќе успеат да му стават крај на спамот, нелегалната порнографија, поп ап прозорите што идат на нерви... Интернетов е во преголема збрка. Ако не може да се среди, треба нов.
Да точно се тоа можеби ќе се спречи, ама како што спомна погоре Карлито што ги спречува гугл да не ги ограничат некои информации односно да ги пласираат спрема нивните потреби или спрема потребите на тој што би платил да се прикрие некоја вистина. Пример за тоа е сегашното физичкото поставување на гугл сервери во Кина само за да може кинеската влада да ги цензурира вебстраните односно информациите. Повеќе за ова може да прочиташ тука.
 

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
942
Abe ok e se to ama mislam uste e rano za vtora internet mreza. Ili veke ako vagaat barem neka e revolucija nesto sosema novo so mnogu pobrz soobrakaj.
 

Eko1

Форум Џедај
Член од
20 мај 2005
Мислења
1.579
Поени од реакции
29
Абе и да се појави оваа алтернативна мрежа нема да биде ништо страшно по мое.... барем сегашниот интернет ке си има "конкуренција" нели? :icon_lol: ... па ние сите како "муштерии" ке си бираме кого повеќе му одговара... такада Google и Microsoft нека си конкурираат со квалитет и услуга за да имаат муштерии. :icon_lol:
 

Gandalf

Претплатникот не е достапен во моментов
Член од
23 јануари 2006
Мислења
76
Поени од реакции
0
Не знам зашто ги мешаме Гугл и Мајкрософт тука, Мајкрософт си нема врска со постоечкиов интернет. Нивната конкурентност ја гледам на едно друго поле...Гугл официјално го форсира Фајрфокс како интернет пребарувач, се слушаат гласини за оперативен систем од Гугл кој евентуално би бил конкуренција на прозорите (иако лично не верувам во тоа, дефинитивно MacOS X на интел платформа е оперативниот систем на иднината)... Јас би го гледал сето ова од моја лична гледна точка, како корисник, што добивам, а што губам. Ако се случи паралелен интернет, јас дефинитивно нема што да изгубам. Ако се случи Гугл да направи нов ОС, не губам ништо, ако сакам ќе го инсталирам, ако нејќам - нема. Ќе почнам да губам ако Гугл ја претера, па почне да делува како монопол на евентуалниот нов интернет. Ама, до тогаш ке се појави некој друг со трет интернет, и така ке ја заштити слободата на интернетот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom