Гејците го бараат Васко во Скопје

ilija^veles

Nick Sloter
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.050
Поени од реакции
41
Грчка експедиција повторно во потрага по македонскиот блогер. “Дојдовме како пријатели на Васко, да го побараме и да видиме што се случува со него – велат за канал 5 организаторите на посетата.

- Ова е грчко американска експедиција која се бори за човековите права, изјави Нина Гаѕули – претседател на панмакедонските организации на Грција во светот.

- Овој пат решивме да направиме поконкретни работи, како на пример да одиме кај американскиот амбасадор за да побараме помош. Да одиме кај претставникот на ЕУ во Скопје. Бевме кај господинот Груевски, се сретнавме со неговиот заменик и чекаме да ни закажат средба, изјави Ставрос Виталис – портпарол на Панмакедонскиот фронт.

Васко, како што велат исчезнал на 4 јули и од тогаш не знаат каде да го бараат. Од доверливи извори дознале дека се наоѓа во затворот во Тетово. И Гаѕули и Виталис велат дека посетата нема политичка заднина, но сметаат дека исчезнувањето на Васко има врска со неговите прогрчки размислувања и дека вината ја префрлаат на владата на Груевски.

- Според моето мислење Васко е во затвор поради неговите мислења што беа спротивни од тие на владата, изјави Нина Гаѕули – претседател на панмакедонските организации на Грција во светот.

Ова е втор пат малите грчки политички партии да дојдат во Скопје во потрага по Васил Глигоров. Првиот пат дојдоа кога македонскиот блогер беше на лечење во психијатриската болница во Бардовци, во февруари годинава.

Извор: Канал 5
http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&eventId=51718



Се прашувам дали ќе го најдат?
 

Мишелинка

расол
Член од
19 мај 2006
Мислења
3.449
Поени од реакции
385
А да го најдат и усвет сосе него да фатат, нема да е најарно?
 
Член од
29 декември 2008
Мислења
1.505
Поени од реакции
43
Провоцираат пиздаму материна.Биле и кај премиерот.Него ај тие провоцираат туку што прават овие нашиве?Јака држава сме нема што штом премиерот се занимава со вакви глупости.Замисли Караманлис да се занимава и да прима вакви делегации?Или Бакојани?Иди молимте.
 

Овердрајв

Модератор
Член од
5 ноември 2005
Мислења
4.255
Поени од реакции
569
Грешката (по којзнае кој пат) лежи кај нашите служби.. наместо да го заќутат/дискредитираат уште пред да стане опасен, решија да го чачнат откако "пропеа". Тоа ти е.. резултат од долгогодишно местење на неспособни партиски кадри без грам мозок.
 

ilija^veles

Nick Sloter
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.050
Поени од реакции
41
Вака грчките блогери го протолкуваа враќањето дома на својот контроверзен колега. По шпекулациите дека е во затворот во Тетово, грчките блог страници денеска објавија дека Глигоров повторно се наоѓал во психијатриската болница во „Бардовци“.
“По Васил Глигоров, следува Спаска Митрова, случај кој не потсетува дека актуелната влада на Скопје тешко ќе ги напушти познатите фашистички пракси“ – вака грчките блогери го коментираат случајот со 23 годишната девојка од Гевгелија. Митрова, на 29 јули годинава најпрво била приведена а потоа пренесена во затворот “Идризово“. Како причина се наведува непочитувањето на одлука од социјалната служба. Според една варијанта на приказната Митрова, не му дозволила на својот поранешен сопруг да ја види 2 годишната ќерка. Адвокатот на гевгеличанката и член на Радко во соопштението до здружението со друга варијанта .

- Од социјалните грижи усно и кажале дека нема да и дозволат сопственото дете да го воспитува во бугарски дух и имаат намера да и го земат. И се бара од неа, во таа усна наредба, да ја наречеме, барање, да го исполнува. И за се што е судена и осудена, таа никакво решение нема од социјалните служби, вели Владимир Панков – претседател на здружение “Радко“.

Митрова е член на здружението на Бугарите во Македонија и се декларира како Бугарка. Токму тоа грчките блогери и членовите на “Радко“ сметаат дека е главната причина за нејзиното приведување. Грците одат до таму што овој случај го споредија со случајот со македонскиот блогер со прогрчки ставови и вината ја префрлија врз премиерот Груевски.

kanal5.com.mk


 

Елф

of Northern Mirkwood
Член од
31 јануари 2008
Мислења
1.373
Поени од реакции
147
На тв, вчера/завчера ...

Гејската делегација : Бевма на средба со американскиот амбасадор!
Канал 5 : Од американската амбасада не известија дека делегацијата била примена од службеник на амбасадата, само бидејки еден од членовите на делегацијата имал американско државјанство. Средба со амбасадорот немало!

Он: Требаше подобро да се маргинализира овој типац. Да не брмчи кај ќе стигне и што му текне.
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Грешката (по којзнае кој пат) лежи кај нашите служби.. наместо да го заќутат/дискредитираат уште пред да стане опасен, решија да го чачнат откако "пропеа". Тоа ти е.. резултат од долгогодишно местење на неспособни партиски кадри без грам мозок.
Грешка си, ако не беше тој Васко, гејците ќе го измислеа. Инаку ова е исто така масло на гејските служби и на Караманлис. Сигурно тој топката нема толку ниско да ја спушти јавно и директно да се бламира, но со вакви хоштаплери кои ќе доаѓаат овде ќе пробува да купува време.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom