Jaс исто можам да вперам прст во тебе и да кажам-еве ти продаваш проруска пропаганда и сега што?
Ајде прво за ова да расчистиме. Јас ниту „продавам„ проруска идеолгија, ниту работам на било чија пропаганда.
Тоа што можеш да го кажеш, и нема да згрешиш е: дека моите ставови се против политиката на САД. Во исто време, единствената моја агенда е таа на добросостојбата на мојата држава, Македонија.
Толку за тоа. И понатаму да разграничиме, јас на форумов зборувам за милион разни работи на милион различни теми од секаков вид. Пропаганда прават таквите како тебе кои се активни
само на политички теми и постојано агитираат со своите никогаш непроменливи политички ставови, ставови кои фактите или реалноста никако не ги тангираат.
Во врска со другите кажани работи, биди чесен и ако веќе навистина сакаш чесно да дискутираш, тогаш одговори на конкретните прашања. Никој не те праша за економската состојба на СССР пред неговото распаѓање, те прашаа за ВЕТУВАЊАТА ДЕКА НАТО НЕМА ДА СЕ ШИРИ!
ОК, дали нато се прошири? Дали НАТО не ја посочи Руската Федерација како најголем непријател? Дали не сметаш дека е нормално една светска велесила да не сака да има на границата држави членки во непријателски воен сојуз?
Дали сметаш дека сега ти можеш да отидеш горе на планина, и во шумата да ја чачкаш мечката во задникот... и да се повикуваш на твоето право на слободен избор. Ете толку слободен избор имаат и тие што се соседи на воена велесила, а сакаат да се зачленуваат во непријателски воени сојузи.
Демократија не постои, постои само илузија на демократија. Дури и како таква, моментално не постои подобро општествено уредување... Но во светските геополитички односи, демократија не постои дури ни како илузија. Се разбира -освен за наивните, и за тие со агенда.