Ивко Панговски:
- Гол...гол...гол...гол...не е гол...дали е гол?
Горан Милковски:
- Руската одбрана e бавна, што значи дека автоматски е и спора.
Атанас Костовски:
- Игрите што завршија (Сиднеј 2000) не уверија дека Земјата е тркалезна.
Ирена Андреевска:
- Ова е, би рекла, црно финале на Ролан Гарос (за сестрите Вилијамс)
Горан Стерјов:
- Нигерија веќе е елиминирана. Не знам што чека. Можеби го чека Мајкл Овен.
- Навивачите на Англија насекаде ја следат својата репрезентација па макар било тоа и на крајот на светот.
Златко Калински:
- И дождот паѓа и навивачите свират, тоа дава асоцијација на песната Singing in the rain.
- Тројка на Галис!!! Ми делува некако поспано.
- Драги гледачи, на градскиот стадион во Скопје 15, 20 а можеби и 60 илјади гледачи.
- Јужна Кореја-САД. Натпреварот го следат 60014 гледачи.
- Франција полека го гради резултатот (во втора минута од продолжение, при резултат 0:0).
- Неговата одбрана беше феноменална. Па тоа се граничи со совршен рефлекс.
- Голманот како да ги спушти ролетните на својот гол во овие моменти.
- Видете како се пробива Дражен Петровиќ. Како електричен зајак!
Јанко:
- Драги слушатели, денеска имаме еден африкански дуел (за натпреварот Камерун - Саудиска Арабија)
Зоран Михајлов:
- Се е во знакот на бројот еден. Една минута до крајот, 1:0 на семафорот...
- Судијата вечерва ќе има тешка задача затоа што ќе мора да најде сили да раздвои ни помалку ни повеќе туку точно 219 килограми ( за бокс мечот Тајсон - Луис)
- Еве го Ривалдо го напушта теренот, на маицата му пишува АДИОС. Адиос на шпански значи збогум, им вели збогум на навивачите (инаку, на маицата на Ривалдо пишува АДИДАС)
- Еве го американскиот дрим тим. Можеби не е дрим ама е тим.
- Погледнете го овој сендвич од човечки фудбалери.
- Зидан се најде во сендвич од двајца противнички фудбалери. Да го погледнеме овој хамбургер уште еднаш.
- Еве сега Белгијците си дадоа автогол. Ова беше прекрасен гол.
- Карл Луис трча во четвртата патека, а најлесно ќе го познаете по дресот во оранж боја.
- Нашиот Аце Русевски е во црвените гаќички (противникот му е од Руанда).
Зоран Поповски:
- Погледнете го Шекил Онил висок е 218 цм а тежок 120 кг. Вистинска грдосија.
Зоран Видевски:
- Ова не е за 2 минути исклучување. Ова е за 2 години затвор!
Љубомир Николовски:
- Драфтот ќе биде запамптен по тоа што како прв пик ќе биде избран еден европски кошаркар. Тоа е 227 см високиот Кинез....
- Витни Хјустон на влез кон кошот ( за Крис Витни од Вашингтон Визардс)
Сител:
- Многу бавно помина оваа забавена снимка.
Звонко Михајловски:
- Драган Ќириќ, играч со долга коса но со големи можности!
- Колега, може ли мало ремизе на натпреварот?
- А потоа, кадравиот гаучо тргна по кривиот пат на кокаинските ноќи.
- Крилото никогаш не паѓа далеку од бекот.
- Сите минуси на господинот Целзиус не можеа да го расипат натпреварот.
- Чуден начин на додавање - силно и никому!
- Најдовски скокна одлично, но преку пречката.
- Го задоволи тренерот и затоа сега игра.
- Каков удар! Го подели воздухот на водорот и кислород!
- Топката прелета паралелно со Ибарската магистрала.
- Ова беше поголема опасност за авионите од типот Авакс отколку за голот на Пандуровиќ.
- Преполн стадион на Партизан, 50000 луѓе. Замислете, тоа се 100 000 дланки!
------------------------------------------
Добросав Гајиќ:
- Зоран Савиќ имаше мала непријатност овие денови. Умре мајка му.
- Американските кошаркари се високи 2 и повеќе метри.
- Тие се состанаа на кратки, едномесечни и триесетдневни припреми.
-------------------------------------------
Милојко Пантиќ:
- Овој судија е познат по тоа што дели картони како новогодишни конфети.
- За овој натпревар продадени се 30.000 гледачи.
-------------------------------------------
Владанко Стојаковиќ:
- А сега да видиме зошто Германците се радуваат. Па да, тоа е гол!
- Мекманаманаман! (McManaman)
- На стадионот се собраа 30000 динари.
-------------------------------------------
Јордан Ивановиќ:
- Што би рекол нашиот народ - дежа ву!
-------------------------------------------
Срѓан Кнежевиќ:
- Почитувани гледачи, се извинувам поради овој прекин. Организаторите на Олимпијадата штотуку ни забранија да пушиме во кабината. Еве, и колегите Шпанци се бунат, не сум само јас!
- Па видете го, драги гледачи, ова тело. Богинскаја е највисока од сите гимнастичарки и тоа се гледа на нејзината издолжена фигура. Со еден збор - жена!
- Видете само како е градено ова момче. Секоја мајка би го посакала во својот дома, а уште и овие предвоени мустачиња!
- Цела Југославија сега сигурно е на раце!
-----------------------------------------
Душко Кораќ:
- Сега ќе ја слушнеме американската фирма.
- Ова е Кели Ериксон, малата Швеѓанка што скока во вис. А ова е нејзината мајка, мама Марија која секаде ја следи својата ќеркичка и не ја испушта од вид. Човекот кој сега го гледате е Џон Година, фрлач на кладиво. Него не му требаат мама и тато.
- Судијата изгледа стави прокурин во очите и сега многу подобро гледа.
Превземено од
www.macedonians.co.uk