ГМО - генетски модифицирана храна

Член од
24 април 2008
Мислења
11.244
Поени од реакции
12.952
Институциите во кои се врши истражување во голем дел се познатите светски универзитети(има и други институти секако) кои се финансирани како од приватни фондови така и дел од државните(министерството за образование дава различен дел кај сите универзитети без разлика дали се тие државни или приватни)

Но проблемот не лежи тука.

Јас го гледам на друго место и ке појдам прво од себеси и критика на моја сметка.

Јас одбрав урбан начин на живот и несакам да живеам на рурален начин при коишто би садел произведувал и продавал моја одгледана храна.

Верувам дека и многумина други го направиле тоа и пред мене.

Имам ли право да им кажам на тие што се надлежни за контрола на исхраната која ја конзумирам јас?

Да, секако дека имам право и треба да има контрола соодветно со законот.

Верувам во надлените институции што го прават тоа, одбивам да бидам скептичен и параноичен(затоа што тоа ке ми ги загорчи вкусот на храната), задоволен сум со тоа што го јадам затоа што е во рамките на мојот животен стандард.
Е добро де, ти си независна индивидуа и како таков, имаш право да одлучуваш како ќе си го живееш твојот живот, без разлика дали живееш во рурална или во урбана средина.

И како што ти имаш право на независни одлуки и на независен начин на размислување, така и јас имам право на независни одлуки и на независен начин на размислување.

Мојот личен став е дека генетички модифицираната храна треба да се обележува за да знаат купувачите што купуваат и што консумираат.

Ти, исто како и сите останати независни индивидуи во светот, имаш право на исто, или на спротивно мислење, во зависност од твојот начин на размислување и во зависност од начинот на кој ги донесуваш твоите лични одлуки.
 
Член од
9 јануари 2015
Мислења
105
Поени од реакции
50
Потполно се слагам со тебе, и додавам дека ако некој изнајде начин за економски оправдано масовно производство на исхрана за човештвото без генетски прилагодувањ јас ке бидам повеке од срекен да го купам и конзумирам.
 
Последно уредено:
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.585
Поени од реакции
18.947
Протести во Германија против ГМО и ТТИП договорот.

http://rt.com/news/223723-ttip-gmo-protest-berlin/

Има ли ГМО храна во Македонија? Дали законски е предвидено задолжително обележување со напомена дека се работи за ГМО производ?
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.203
Протести во Германија против ГМО и ТТИП договорот.

http://rt.com/news/223723-ttip-gmo-protest-berlin/

Има ли ГМО храна во Македонија? Дали законски е предвидено задолжително обележување со напомена дека се работи за ГМО производ?
Законски не е дозволено, но на практика туски домати со вкус на пластика колку сакаш.
Русија во тотална војна со глобалните господари: Целосна забрана на увоз, производство и употреба на ГМО!
Рускиот претседател Владимир Путин неодамна потпиша Кодекс на Руската Федерација за административни прекршоци според кои парично се казнуваат оние кои ќе ги прекршат условите за обележување на ГМО производи, воведувајќи уште по строги закони за увоз на ГМО производи.

Дали Русија наскоро ќе успее целосно да забрани ГМО на својата држава?

Комисијата на руската влада за правни активности го одобрила нацртот кој го донел министерството за наука и образование и го поддржал рускиот министер за земјоделство, Николај Фјодоров, а кој ќе забрани одгледување на генетски модифицирани организми во Русија.

Тоа не се однесува на научните истражувања (испитувања на опасноста од ГМО).

Владимир Путин неодамна се состана со рускиот Совет за безбедност по повод статусот и проблемот на националната безбедност поврзани со употребата на ГМО. Токму после овој состанок е потпишан нацртот на федералниот закон.

Доколку Русија успее да го одобри овој закон, постои надеж дека светот ќе биде ослободен од генетски модифицираните култури.

Нацртот ќе ги зајакне моменталните федерални закони за регулација на генетскиот инжинеринг со цел намалување на ризикот по луѓето и околината.

Целосно ќе се забрани одгледување на ГМО освен во случај на научни истражувања, но и ќе воведе построги контроли на ГМО производи, кои ќе мора да бидат регистрирани преку владина агенција.

Што е најважно, законот овозможува целосна забрана на увозот на ГМО во Русија врз основа на моменталните и идни истражувања кои веќе заклучиле дека постојат негативни ефекти од конзумирањето на овие производи. Законот предвидува и административни казни поради кршење на законот за увоз и одгледување.

Се очекува состанок на руските власти на кој нацртот ќе се земе во разгледување. Иако Русија е веќе многу близу до целосна забрана на ГМО, во моментот постојат 18 ГМО сорти во ГМО производите чиј увоз е одобрен. Иако тоа е многу пониско отколку во другите држави, и ако одгледувањето во Русија е забрането, ставовите стануваат се построги.

Премиерот Димитриј Медведев рекол дека Русија нема намера да увезува ГМО во блиска иднина.

Дали Русија наскоро ќе стане земја ослободена од ГМО?
http://faktor.mk/2015/01/26/rusija-vo-totalna-vojna-so-globalnite-gospodari-tselosna-zabrana-na-uvoz-proizvodstvo-i-upotreba-na-gmo/
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.755
Поени од реакции
2.569
Еве една декларација од леб:
DSC08828.jpg
Ова соиното брашно е гмо или од тие неколку проценти (ако се и толку останати) немодификувана соја?
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
27.189
Поени од реакции
36.290
Со оглед дека над 96% од сојата на светскиот пазар е ГМО, колку сметаш дека е веројатно дека употребиле не-ГМО соја во евтин македонски производ? Посебно со оглед дека постои место на пазарот за не-ГМО соја, во продавници за органска храна каде со големи ознаки пишуваат „не-ГМО„...

Јас избегнувам соја 100%, и не само заради ГМО потеклото, туку и заради тоа што во составот на сојата има солидни количини phytoestrogen. Гуглај го.
А за другите што ги мрзи да гуглаат еве еден помалку научен, а полесен за разбирање текст:
http://www.menshealth.com/nutrition/soys-negative-effects
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.755
Поени од реакции
2.569
Тоа сакав да посочам, дека и лебот содржи гмо покрај сите колачи и останати благи пецива.
А ако го избегнуваш фитоестрогенот тогаш избегнувај и јаткаски овошја и производи што ги содржат, тие го содржат повеќе отколку сојата.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
27.189
Поени од реакции
36.290
Не сум слушнал за нешто од исхрана, со повеќе фитоестроген од соја и хмељ. Кажи поконкретно за кои јаткасти овошја станува збор.
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Со оглед дека над 96% од сојата на светскиот пазар е ГМО, колку сметаш дека е веројатно дека употребиле не-ГМО соја во евтин македонски производ? Посебно со оглед дека постои место на пазарот за не-ГМО соја, во продавници за органска храна каде со големи ознаки пишуваат „не-ГМО„...

Јас избегнувам соја 100%, и не само заради ГМО потеклото, туку и заради тоа што во составот на сојата има солидни количини phytoestrogen. Гуглај го.
А за другите што ги мрзи да гуглаат еве еден помалку научен, а полесен за разбирање текст:
http://www.menshealth.com/nutrition/soys-negative-effects
Исто има и лененото семе фито естрогени и повеќе од сојата и сеуште ја сметаат за здрава исхрана.
Повеќе тука.
http://examine.com/faq/is-soy-good-or-bad-for-me.html
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.633
Поени од реакции
85.433
Со оглед дека над 96% од сојата на светскиот пазар е ГМО, колку сметаш дека е веројатно дека употребиле не-ГМО соја во евтин македонски производ?
Да, али мислам дека само околу 5 до 10% од вкупното производство се користи за храна за луѓе.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.244
Поени од реакции
12.952
Не дека досега не знаевме, но вреди да се потсетиме зошто не треба да се гледа со доверба кон големите производители на храна.

Јас лично немам проблеми со месото, но тоа се должи исклучиво на фактот дека повеќе преферирам месо од село, каде што животните се одгледани во чиста средина, наместо од продавница, каде што се продаваат производи од различни потекла и со различни состојки.

Би излажал ако кажам дека сите месни производи во мојот дом се од село, а не од продавница, но огромен дел се, а месото од продавница се трудам да го избегнам - иако не го избегнувам баш секогаш.

http://nmd.mk/selectedarticle.aspx?cid=5889&scID=2134&l=63

Еве зошто не треба да се јаде пилешко месо



- Преполно е со антибиотици

Несомнено е дека по дефиниција, пилешкото месо е меќу најздравите, пред се поради ниското ниво на холестерол. Но, тоа би важело за живина која е одгледана во чиста средина, која се хранела од земјата и на која не и е давано никаков адитив во водата, ниту вештачка храна.

За жал во стварноста не е така. Еве некои факти:

Секоја година. Во светот се одгледуваат по околу 40 милијарди пилиња. При производството, најпрво на јајцата им се вбризгуваат хормони за да се испилат и пораснат поголеми пилиња.

Им се даваат вакцини, како би се спречиле болестите вообичаени за живината.
Стручњаците предупредуваат дека како последица на антибиотиците кои им се даваат на пилињата на фармите, се создаваат нови бактерии кои се отпорни на антибиотици. Повеќе од 80% од живината ширум светот ги носат овие бактерии, кои можат да се пренесат од човек на човек при чувањето на месото, или при консумација на месо испечено на ниска температура. Овие бактерии можат да предизвикаат уринарни инфекции, а во чести случаи и труење на крвта, па дури и сепса.

Луѓето кои што купуваат пилешко месо во продавниците, не се ниту свесни дека дури 30% од месото е “напумпано” со солена вода, хемикалии за засилување на вкусот и текстурата, па дури и отпад од други животни.

Во 2009 година било откриено дека на пилешкото месо му се зголемува тежината така што во него се додава животински отпад, или поточно коски и рскавици од свињи или крави. Измамата била откриена од страна на Агенцијата за стандарди кај храната со помош на нови здравствени тестови затоа што материјалите кои што се додавале биле совршено обработени за да успешно поминуваат низ ДНК тестовите. Овој скандал бил откриен во рестораните ширум Англија.

Праксата на додавање на вода и протеини во пилешкото месо не е противзаконска, се додека истата е нагласена. Исто така, не е противзаконско да се додаваат говедски и свински протеини, се додека истите се означени како “хидролизирани протеини”. Овие додатоци се додаваат за да може пилешкото месо да ја задржи водата во себе.

Кога ќе се погледне сето горенаведено, но и кога ќе се помисли дека пилешкото месо е најраспространето на трпезите и на Христијанскиот и на Муслиманскиот свет, лесно ќе се дојде до заклучок дека ова масовно производство мора да има огромна помош од хемијата и дека всушност, пилешкото месо е најдолу на листата на меса кои би се наредиле од нутритивен аспект. Напротив, нутриционистите ширум светот се повеќе го избегнуваат пилешкото месо во своите совети за исхрана, на сметка пред се на телешкото, таканареченото (Grass Beef), па дури и на јагнешкото и свинското.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.244
Поени од реакции
12.952
Лоши вести од нашиот северен сосед, кој очигледно не го жали здравјето на сопствените граѓани во замена за членство во Светската Трговска Организација, не дека членството во истата таа организација ќе им донесе нешто асално.

http://stopgmo.mk/gmo-pred-vleznite-vrati-na-srbija/

ГМО пред влезните врати на Србија?

March 23, 2015 11:00 am

Новиот Нацрт закон за генетски модифицирани организми е готов, но се чува во тајност, пишува српскиот весник “Вечерње новости”. Со него ќе биде овозможен слободен промет со вакви производи во Србија.

Продажбата на стока со “вкрстени гени” инаку е и услов за влез на Србија во Светската трговска организација, поради што е одбиена пред две години.



Од друга страна, надлежните министерства за земјоделство и трговија официјално велат дека засега не се занимаваат со новиот закон за ГМО.

Дека Нацртот на новиот закон за ГМО подготвено и скриено чека во некоја фијока, за Новости потврдува професор Миладин Шеварлиќ, советник во Економскиот институт.

– Неофицијално е подготвен, а официјално никој не го дава на увид. Иако барав да го погледнам, без никаков одговор од Министерството за земјоделство одбиваат да го покажат. Од нив дури не добив ни список на членовите на Националниот совет за биолошка безбедност. Тоа е тело кое го формира министерот за земјоделство по важечкиот Закон за ГМО од 2009 година. Не ми е јасно зошто списокот е таен. Бидејќи ќе има нов закон, тој мора да оди на јавна расправа. Тоа не е само прашање на генетичарите, туку на луѓето од различни струки, истакнува тој.

Во министерствата за стопанство и трговија, меѓутоа, велат дека од законот засега нема ништо. Како што тврдат, новите прописи не се дури ни напишани. Од друга страна, кон крајот на минатата година шефицата на преговарачкиот тим за ЕУ Тања Мишчевиќ изјави дека новиот закон за ГМО е подготвен, ускладен со ЕУ и дека ттреба да се најде во процедура.

– Кај нас е на сила законот од 2009 година, со кој е забранет промет, продажба и одгледување на ГМО. На ниво на ЕУ дојде до измени, усвоена е нова директива која го спушта одлучувањето на ниво на држави членки. Она што ќе мораме да го направиме ќе се направи. Јавноста ќе биде вклучена во расправи и трибини и без неа апсолутно ништо нема да се направи, заклучува Јован Вујовиќ, раководител на Групата за заштита на растителни сорти и биолошка сигурност во Министерството за земјоделство.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
27.189
Поени од реакции
36.290
Eве едно видео од француската Canal+ кога снимале интервју со Dr. Patrick Moore, кој иначе е про-ГМО лобист. Интервјуто во основа е за улогата на состојката glyphosate од хербицидот Roundup, во огромниот пораст на разните видови канцери во Аргентина (каде на големо се употребуваат ГИО/гмо и хербицидот Roundup).

Dr. Patrick Moore тврди дека glyphosate од хербицидот Roundup (произведуван од Монсанто) не е отровен и дека е сосема безбеден за луѓето. Дури вели дека „Можеш да се напиеш цела кригла и ништо нема да ти биде!„ (quart иначе е нешто помалку од 1 литар)
На тоа новинарот вели: „Сакате да се напиете малку (Roundup)? Имаме малку овде?
Што се случува после прашањето на новинарот.... Ахахаха... хаха... :) Што се случува после, следи во видеово:




You can drink a whole quart of it and it won’t hurt you,” Moore insists.
(quart = литар)

“You want to drink some?” the interviewer asks. “We have some here.”

“I’d be happy to, actually,” Moore replies, adding, “Not really. But I know it wouldn’t hurt me.”

“If you say so, I have some,” the interviewer presses.

“I’m not stupid,” Moore declares.

“So, it’s dangerous?” the interviewer concludes.

But Moore claims that Roundup is so safe that “people try to commit suicide” by drinking it, and they “fail regularly.”

“Tell the truth, it’s dangerous,” the interviewer says.

“It’s not dangerous to humans,” Moore remarks. “No, it’s not.”

“So, are you ready to drink one glass?” the interviewer continues to press.

“No, I’m not an idiot,” Moore says defiantly. “Interview me about golden rice, that’s what I’m talking about.”

At that point, Moore declares that the “interview is finished.”

“That’s a good way to solve things,” the interviewer quips.

“Jerk!” Moore grumbles as he storms off the set.

 

Kajgana Shop

На врв Bottom